Фотографиите на Битлси, снимени од Макартни се претставени пред отвoрањето на изложбата - Канал 5

Фотографиите на Битлси, снимени од Макартни се претставени пред отвoрањето на изложбата

Уметничка галерија во Обединетото Кралство денеска објави досега невидени фотографии од Пол Макартни, пред големата изложба подоцна оваа година, која ќе покаже како тој ја доловил Битлеманијата преку својот објектив.

Фотографиите на Битлси, снимени од Макартни се претставени пред отвoрањето на изложбата

Националната галерија на портрети откри пет фотографии од архивата со повеќе од 250 слики направени од Макартни во периодот од ноември 1963 до февруари 1964 година, кои ќе бидат изложени на крајот на јуни.

Меѓу нив се црно-белите автопортрети направени во огледало во Париз, Џон Ленон исто така во француската престолнина, Џорџ Харисон со очила за сонце во Мајами Бич и Ринго Стар во Лондон.

Изложбата, насловена „Фотографии на Пол Макартни 1963-1964: Очите на бурата“, ќе трае три месеци од 28 јуни за да го одбележи повторното отворање на познатата лондонска галерија по три години реновирање.

Кустосите извлекоа повеќе од 250 фотографии од личната архива на Макартни, направени со неговата камера Pentax додека таканаречената славна четворка беше на врвот на славата. Мекартни нивната изложба ја нарече „понизна, но и зачудувачка“.

„Гледајќи ги овие фотографии сега, децении откако се направени, мислам дека има некаква невиност кај нив“, рече тој во изјавата објавена од галеријата.

„Сега тие враќаат толку многу приказни, поплава од посебни спомени, што е една од многуте причини зошто ги сакам сите и знам дека секогаш ќе ја разгоруваат мојата имагинација“.

Во 2020 година, Макартни се приближи до галеријата за да постави изложба откако пронашол фотографии за кои мислел дека се изгубени.

Тие снимаат клучен период во еволуцијата на бендот, почнувајќи со портрети направени зад сцената во Ливерпул и кулминирајќи со нивното појавување во американското ТВ шоу The Ed Sullivan Show во Њујорк пред милионска публика.

Директорот на Националната галерија на портрети, Николас Кулинан, рече дека изложбата ќе им даде на луѓето чувство за тоа како изгледа и како се чувствува Битлманија „од четири пара очи кои ја живееле и сведочеле од прва рака“.

„Интимните фотографии на Мекартни имаат повеќе заедничко со семеен албум, доловувајќи луѓе фатени во моменти на релаксација и смеа“, додаде тој. Придружната книга со фотографии и размислувања ќе биде објавена на 13 јуни.


YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нетанјаху лут: „Не се согласуваме со планот на Комитетот за мир во Газа“

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел не се согласил со планот на Комитетот за мир во Газа, поддржан од САД, дури и по добивањето уверувања дека израелската армија ќе се повлече од Појасот Газа.

 Нетанјаху лут: „Не се согласуваме со планот на Комитетот за мир во Газа“

Како што истакна Нетанјаху, условот поврзан со Ерусалим е разоружувањето на палестинската милитантна група Хамас.

Во видео објавено на Фејсбук, Нетанјаху изјави дека тимот на американскиот претседател Доналд Трамп, кој раководи со Комитетот за мир, „верува оти може да доведе до разоружување на Хамас и демилитаризација на Газа“, пренесува „Тајмс оф Израел“.

„Претседателот Трамп смета, или неговиот тим смета, дека можат да го принудат Хамас да се разоружа и да ја демилитаризира Газа. Ние го разгледуваме тоа. Тие ни испратија нацрт-текст. Ние не се согласивме со него. Тоа не беше наш нацрт. Ги повлековме нашите забелешки“, рече Нетанјаху.

Тој ги повтори изјавите што се појавија во медиумите во изминатите неколку дена, а кои им се припишуваа на „високи израелски функционери“, наведувајќи дека Израел нема да се повлече „од своите сегашни позиции“ во Газа „сè додека Хамас целосно не се разоружа“.

Тоа е спротивно на планот за разоружување, кој бара од Израел да се повлече до првобитната „жолта линија“ во Газа – позиција до која се повлече како дел од договорот со Хамас од октомври 2025 година за прекин на огнот и ослободување на заложниците, но оттогаш ја прошири својата контрола врз Појасот Газа од 53 на над 60 проценти.

Иако Комитетот за мир посочи дека Израел нема да мора да се повлече зад првобитната „жолта линија“ сè додека Хамас барем не почне да го предава своето оружје, Нетанјаху изјави дека израелските сили воопшто нема да се повлечат сè додека Хамас не биде целосно разоружан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов пресврт во случајот „Епстајн“: Лондон под сè поголем притисок

Британската министерка за прашања поврзани со жртвите, Алекс Дејвис-Џонс, изјави дека владата разгледува опции за испитување на активностите на осудениот сексуален престапник Џефри Епстајн во Обединетото Кралство.

Нов пресврт во случајот „Епстајн“: Лондон под сè поголем притисок

Британската министерка за прашања поврзани со жртвите, Алекс Дејвис-Џонс, изјави дека владата разгледува опции за испитување на активностите на осудениот сексуален престапник Џефри Епстајн во Обединетото Кралство и дека премиерот Енди Бурнам се согласил да се сретне со жртвите.

Даунинг стрит ја ублажува изјавата на министерката Иако Дејвис-Џонс рече дека се разгледува можноста за јавна истрага, извори од Даунинг стрит подоцна посочија дека премиерот во моментов не подготвува ниту активно размислува за покренување на таков процес, објави „Индипендент“.

Министерката нагласи дека Барнам сериозно му пристапува на случајот и сака да разгледа системски промени што би ја подобриле состојбата за сите жртви на сексуално насилство.

Полицијата веќе ги истражува наводите.

Британската полиција веќе ги истражува обвинувањата поврзани со Епстајн, вклучително и можни случаи на сексуална злоупотреба на деца, трговија со жени преку британските аеродроми и злоупотреба на службената должност.

Дејвис-Џонс изјави дека евентуалната поширока истрага би можела да ги опфати и наводите против покојниот сопственик на „Хародс“, Мохамед Ал Фајед, кого стотици жени го обвинија за сексуално насилство.

Таа се врати на својата министерска функција откако во мај ја напушти владата на Кир Стармер, откако го обвини тогашното раководство дека не ги слушало доволно жртвите на Епстајн, пренесува „Анадолу“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Барен Минхен се откажа од четири странци

Германскиот фудбалски шампион Баерн Минхен повлеќе неочекуван потез кој предизвика огромна реакција од јавноста.

Барен Минхен се откажа од четири странци

Според „Билд“, Жоао Палиња, Саша Боеј, Брајан Сарагоса и Арминдо Зиб се отстранети од списокот на играчи од првиот тим на официјалната веб-страница на клубот.

Овој потег се толкува како јасна порака дека Баерн повеќе не смета на нив и дека тие би можеле да го напуштат клубот ова лето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер