3Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испит
КултураФотографии што го промовираат спортот од млади автори од Западен Балкан претставени на патувачка изложбаВо Европска куќа (Europe House) во Скопје денеска беше отворена изложба „Три, четири, сега! Европа е наша!“ која презентира фотографии на млади автори од шесте земји на Западен Балкан. Изложбата е заокружување на регионалниот фотонатпревар на кој на објавен конкурс учествувале речиси 200 фотографии, во рамките на кампањата „Три, четири, сега! Европа е наша!“ на WeBalkans – иницијатива на Генералниот директорат за проширување и источно соседство (DG ENEST) при Европската комисија. Претставени се 18 најдобри фотографии со заедничка тема – спорт, по три од млади таленти од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Србија и Црна Гора, избрани од стручно жири. Нашата држава е преставена со фотографии направени од Илина Пулејкова, Тони Манев и Стефан Катранѓиски. Изложбата патува низ Западен Балкан - почна од Приштина, ги посети Подгорица и Белград, неколку дена ќе престојува во Скопје, ќе продолжи во Маглај (БиХ), ќе се врати во нашата земја за да биде поставена во „Јуроп хаус“ во Струга, по што ќе ја посети Тирана и ќе заврши во Косово. По завршувањето на сите изложби во регионот, во август ќе следува онлајн-гласање на WeBalkans за да се изберат шест најдобри фотографии – по една од секоја земја, и на почетокот на септември тие ќе бидат презентирани на завршен настан во град од Европската Унија. Во присуство на голем број млади луѓе од Западен Балкан, изложбата официјално ја отворија Александар Меламед од прес-одделот во Делегацијата на Европската Унија во Македонија, и Самра Лучкин, координатор на кампањи и менаџер за стратешки комуникации од WeBalkans. Изложбата се отвора во пресрет на Европскиот младински олимписки фестивал што ќе се одржува овој месец во Скопје и Куманово. Координаторката од WeBalkans, Лучкин, се осврна на идејата за кампањата „Три, четири, сега! Европа е наша!“ и подвлече дека се обидуваат да ја покажат креативноста на младите луѓе од регионот и да го претстават Западниот Балкан на најдобар начин. -Обрнуваме многу внимание на младите, така што повеќето наши кампањи, како што е и оваа, се поврзани со младите и постојано ја вклучуваат младата публика ... Со оваа изложба сакавме да ја предизвикаме нивната креативност и, без разлика дали користат мобилен телефони, фотоапарат и сл., да ги поттикнеме да ја доловат убавината на спортот. Затоа што спортот е заедничко тло за сите нас, преку спортот се поврзуваме, тој е заеднички моментум. За нас беше добро да придонесеме кон тоа и да видиме што сè Западниот Балкан нуди во оваа смисла, бидејќи тука има многу талентирани луѓе, истакна Лучкин. Претставникот од Делегацијата на ЕУ во Скопје, Меламед, во обраќањето посочи дека заедничко за изложбата е спортот кој е, рече, „обединувачка сила која означува пријателство, фер конкуренција, почитување и најмногу забавата во играње игри и натпреварување“. -Младите луѓе се движечка сила за позитивни промени. И во нашите членки на ЕУ и во идните земји членки на ЕУ, младите се големи сојузници на Европската Унија во развивањето на Европа која е најодржлива и најинклузивна. Преку изложбата и овој настан сакаме да пратиме јасна порака дека преку спортот градиме мостови, а преку мостовите остануваме поврзани. Со заедништво ја зајакнуваме Европа и само преку заеднуиштво можеме да победиме, истакна Меламед. Жирито што ја направи претселекцијата на 18-те изложени од сите пристигнати фотографии е составено од претставници од шесте земји на Западен Балкан. Од нашата држава во жирито е вклучена новинарката Теодора Цветковска, која го сподели своето искуство за изборот на победнички фотографии од Северна Македонија. -Тешко беше од сите пристигнати фотографии да се изберат три најдобри. Се надевам дека ќе и се допаднат на публиката секаде каде што ќе патуваат, рече Цветковска со порака дека фер играта е важен дел од спортот и од животот и дека „ако сакаме да негуваме европски вредности, токму спортот треба да ни биде пример“. Претставувањето на изложбата во Скопје се организира во партнерство со Македонскиот олимписки комитет (МОК) и Европскиот младински олимписки фестивал – кој овој месец ќе се одржува во Скопје и Куманово. За подготовките на големиот спортски настан информираше Сара Глоговац од Секторот волонтери во МОК, која соопшти дека ќе има над 4000 учесници од 50 делегации и околу 700 волонтери од земјава и од Европа. -Ова е прв спортски настан од толкава голема организација во Македонија, прв е во историјата. Прв спортски настан каде што Македонија ќе има 210 учесници. Досега на вакви младински игри сме учествувале со три до четири спортисти ... Ќе имаме десет спорта во Скопје и четири во Куманово. Ве повикувам сите ако може да помогнете – дали со волонтирање или со бодрење од трибините, зашто поддршката ќе ни биде значајна. За два дена почнуваат да пристигнуваат делегатите, Скопје првпат во јули ќе биде живо. Дајте поддршка од трибините, влезот е бесплатен, рече Глоговац од МОК. На настанот се обратија и Клое Кузигу од Мрежата на волонтери, волонтерка од Франција со искуство од Летните олимписки игри во Париз минатата година, како и младата европска амбасадорка на Западен Балкан и шампионка во тенис од нашата земја, Катарина Маринковиќ, која порача дека спортот гради пријателства, обединува и оти во спортот сите зборуваат ист јазик. Тагови: Изложба Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамАвтомобилскиот гигант очекува трошоци од милијарди евра поради поскапите суровини и чиповиПовисоките цени на суровините и електронските компоненти ќе резултираат со значително зголемени трошоци за „Stellantis“ и неговите добавувачи. Трошоци што ќе достигнат милијарди евра, предупреди Антонио Филоса, раководител во мултинационалниот автомобилски гигант. „Во 2027 година, а веројатно и во 2028 година, ние и нашите добавувачи се соочуваме со значителен пораст на цените на суровините, како и на трошоците за мемориски чипови, печатени плочки и полупроводници“, изјави Филоса во четвртокот на годишното собрание на „ANFIA“, италијанското здружение на производители на автомобилски компоненти, одржано во Милано. За „Stellantis“, зголемувањето на трошоците се мери во милијарди евра, истакна раководителот. Портпарол на компанијата подоцна за „Ројтерс“ појасни дека Филоса мислел на вкупната годишна база на трошоци на компанијата, која изнесува неколку милијарди евра. Сериозни проблеми „Stellantis“ веќе се соочува со проблеми при набавката на електронски компоненти и го прекина производството на моделот „Fiat 500“ во својата фабрика „Мирафиори“ во Торино, сè до крајот на следната недела. Компанијата предупреди дека недостигот на клучни компоненти за контролните единици на моторите би можел да предизвика тешкотии во производството на одредени модели во Италија до крајот на годината. Филоса смета дека решението за повисоките трошоци лежи во подобрување на конкурентноста, со поддршка од италијанските и европските власти, преку мерки насочени кон намалување на трошоците за енергија и прилагодување на индустриските регулативи, вклучително и оние што се однесуваат на емисиите на јаглерод диоксид. Тој исто така потврди дека кинескиот партнер „Leapmotor“ ќе соработува со „Stellantis“ на развојот на нови електрични автомобили, кои ќе се произведуваат во фабриката на „Stellantis“ во Помиљано, Италија. Се очекува продажбата да започне во 2028 година. Оваа нова категорија на достапни електрични возила има за цел да го оживее европскиот пазар за помали и поевтини автомобили – сегмент што моментално бележи пад. „Партнерството со 'Leapmotor' ќе обезбеди поддршка за нашите европски фабрики и ќе овозможи заеднички развој на идни електрични и електронски решенија, една од главните области на соработка ќе биде развојот на нова категорија електрични автомобили“, заклучи Филоса. Извор: Индекс.хрТагови: Stellantis чипови Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
СветГренланд ќе ја промени временската зонаКако што пренесува гренландскиот весник „Сермитсиак“, до крајот на 2027 година, поголемиот дел од Гренланд ќе се врати во својата претходна временска зона, GMT-3.Ова следува по одлуката донесена вчера од локалниот парламент за промена на начинот на сметање на времето. Од 31 октомври 2027 година, временската разлика помеѓу Гренланд и Копенхаген ќе се зголеми за еден час – на четири часа – додека разликата во однос на Вашингтон ќе се намали за еден час – на два часа. Гренланд и понатаму ќе го применува летното сметање на времето. Прашањето за тоа кон која временска зона треба да припаѓа овој арктички остров со години е предмет на дебата на Гренланд. Дури во 2023 година, поголемиот дел од Гренланд премина во временската зона GMT-2, со цел да го усогласи своето време со Данска и остатокот од Европа. Иако Гренланд е дел од Кралството Данска, тој ужива висок степен на автономија. Собрани околу 4.000 потписи како поддршка за промената Во парламентот, гренландскиот премиер Јенс-Фредерик Нилсен се спротивстави на враќањето во претходната временска зона, предупредувајќи на можни негативни економски последици, со оглед на тоа што најважните трговски партнери на Гренланд се наоѓаат во Европа. Тој исто така истакна дека промената ќе го скрати временскиот прозорец во кој здравствениот систем на Гренланд може да се консултира со медицински специјалисти во Данска, а предупреди и на можни компликации во авионскиот сообраќај кон и од Европа. Сепак, според „Сермитсиак“, многу жители на Гренланд се залагаат за враќање во претходната временска зона. Граѓаните собраа околу 4.000 потписи како поддршка за оваа промена. На Гренланд живеат околу 56.000 жители. Извор: Индекс.хрТагови: Гренланд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЕпидемија на ебола во Африка: Над 11.000 заразени, илјадници мртвиДемократска Република Конго регистрираше повеќе од 11.000 случаи на ебола во текот на изминатите шест месеци, при што речиси половина од заразените починале, објави денеска германската новинска агенција ДПА.Реалниот број на смртни случаи би можел да биде и поголем. Експертите предупредуваат дека вирусот можеби се ширел незабележано уште од февруари – неколку месеци пред епидемијата официјално да биде прогласена на 15 мај. Еболата е тешка заразна болест предизвикана од група вируси. Таа може брзо да доведе до губење течности, воспалителни реакции, нарушувања во згрутчувањето на крвта и, на крајот, до откажување на органите. Колку подоцна ќе започне третманот на симптомите, толку е поголем ризикот од смртен исход. За овој сој не постои одобрена вакцина или третман Раните симптоми на еболата можат да наликуваат на оние кај други болести, како што е маларијата, што во одредени случаи доведува до доцнење во изолирањето и лекувањето на пациентите. Сузбивањето на тековната епидемија е особено предизвикувачко бидејќи не постои одобрена вакцина или специфичен третман за сојот на вирусот познат како „Бундибугио“. Досега, еболата се прошири во осум покраини во ДР Конго, а ги премина и границите на земјата. Случаи се пријавени во Кенија, Нигерија и Уганда. Според здравствените власти, децата се најтешко погодени. Тие сочинуваат значителен дел од потврдените случаи, а истовремено се соочуваат и со поголем ризик од смртен исход. Извор: Индекс.хрТагови: ебола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook