Фото: „Жешки панталончиња“ - Канал 5

Фото: „Жешки панталончиња“

Една од најпознатите и најатрактивни манекенки на светот убавата Гиги Хадид покажа како се носат популарните „жешки панталончиња“.

Гиги во кусите панталончиња кој ги истакнаа нејзините долги нозе беше главната ѕвезда на ревијата на брендот „Томи Хилфингер“ во Лондон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„НаТочак“: Решението за БРТ не смее да биде на сметка на пешаците и велосипедистите

„НаТочак“ бара јавноста да го види целото решение пред да започне деталното проектирање на системот што ќе ги промени главните скопски булевари

 „НаТочак“: Решението за БРТ не смее да биде на сметка на пешаците и велосипедистите

Воведувањето на БРТ може да биде важен чекор за Скопје, но не смее да се претвори во изолиран проект за автобуски траси, туку треба да биде дел од интегриран систем со железницата, останатиот автобуски превоз, пешачењето и велосипедизмот, предупредува „НаТочак“.

Иницијативата на 2 октомври достави допис до Град Скопје и ЈСП (целосен текст достапен на линкот) со низа предлози за проектот. Причината за дописот, велат, е што БРТ нема само да пренамени 2 автомобилски во 2 автобуски ленти, туку ќе го промени целокупното сообраќајно решение на дел од главните булевари (пресек на булеварите, подземни инсталации, крстосници).

Еден од најголемите ризици што го посочуваат е начинот на кој ќе се распредели ограничениот простор.

Булеварот „Јане Сандански“, со профил од околу 60 метри, овозможува различни решенија. Но, „Партизански одреди“, „Климент Охридски“, „Кочо Рацин“, „11 Октомври“ и „Кузман Јосифовски-Питу“ се значително потесни, 30, 40, максимум 50 метри и ја немаат истата комоција.

„Концептот треба да почне од најслабите точки“, сметаат од „НаТочак“, односно од делниците каде просторот е најограничен, за да се избере решение со најмалку штета за останатите видови транспорт.

Особено го проблематизираат решението на „Партизански одреди“, каде во делот кај Буњаковец и Архитектонскиот факултет пешачките и велосипедските површини се со искористен капацитет и веќе се на граница на функционалност.

Според „НаТочак“, доколку таму дополнително се намалат тротоарите за да се обезбеди простор за новиот концепт, пешаците и велосипедистите би можеле да бидат ставени во меѓусебен конфликт.

„Пешачкиот и велосипедскиот сообраќај не се споредна инфраструктура во однос на БРТ. Тие се дел од истиот систем на одржлив транспорт и директно го хранат БРТ“, велат од иницијативата. „Само заедно со таков пакет можеме да дадеме алтернатива на автомобилската доминација“.

Од „НаТочак“ посочуваат дека времето на патување со јавен превоз не е само времето поминато во автобус. Во него влегува и времето потребно за пешачење (или возење велосипед) до станицата, преминување улици и трансфер од една линија на друга.

Затоа бараат станиците на БРТ да бидат добро поврзани со другите автобуски линии и железницата, со кратки и безбедни пешачки врски, усогласени возни редови и интегриран билетен систем.

Десни или леви врати - прашање што го менува целиот профил

Една од клучните дилеми е и позицијата на БРТ во сообраќајниот профил и типот на врати на возилата.

Решението автобусите на БРТ да се движат во најлева лента, а да бидат со десни врати може да има предности, но, според „НаТочак“, мора да се пресмета и што ќе чини тоа решение во простор: нови или проширени жардињери, двојни станици, преместување инсталации (атмосферска, гасовод, топловод…) и можни интервенции во постојните велосипедски и пешачки површини.

Од друга страна, централното поставување на станиците или користењето леви или двојни врати може да има поголеми трошоци за автобусите, но и да овозможи подобро искористување на ограничениот простор и помали трошоци за градежни работи.

Кое решение е подобро, велат, не треба да се одлучува само по принцип „што е подобро за постојните автобуси“, туку врз основа на конкретни податоци за времето на патување, трошоците и последиците врз целиот сообраќаен систем, oсобено пешачката и велосипедската инфраструктура.

Од иницијативата бараат да се објават и различните разгледувани варијанти (повеќе од 2-те кои ги илустрираат), предностите и недостатоците на секоја од нив, како и критериумите според кои е избрана сегашната варијанта и како таа се бодува според меѓународните стандарди.

БРТ како можност за подобар град

„НаТочак“ бара во проектот да се предвидат и услови за идниот развој на системот - меѓу другото, можност БРТ коридорите во иднина релативно лесно да се адаптираат за трамвајски превоз, а сите улици кои се планираат за градежни работи (како на пр. „Цветан Димов“) од старт да ги земат предвид барањата за втората БРТ линија, а не да се прекопува за неколку години.

Бараат и БРТ да има приоритет на семафорите, да се решат конфликтите со останатиот сообраќај и да се обезбеди универзална пристапност на станиците, тротоарите и премините.

Посебно внимание посветуваат на јавниот простор околу станиците, кој според нив не треба да биде само место за влез и излез од автобус, туку квалитетен простор со зеленило, сенка, места за седење, вода, информации и безбедни паркинзи за велосипеди.

Сепак, најголемото барање е транспарентност.

Од „НаТочак“ велат дека јавноста сè уште нема можност да го види целосното избрано решение, туку главно располага со изјави и неофицијални визуелни материјали.

„Не е доволно јавноста да добие само една сликичка од решението и усни раскажувања“, велат од иницијативата, барајќи да се објават напречните профили, анализите, алтернативите и податоците врз основа на кои е избрана конкретната варијанта.

За проект од ваков обем, сметаат, јавната дебата не треба да се случи откако решенијата веќе ќе бидат донесени.

„Ако еден мал ДУП кој засега стотина жители заслужува јавна презентација и анкета, уште повеќе тоа го заслужува проект кој засега стотици илјади жители на Скопје“, велат од „НаТочак“.

Од иницијативата нагласуваат дека не се против БРТ и дека нивната цел е системот да биде успешен и долгорочно функционален.

„БРТ треба да се искористи како можност Скопје да добие интегриран, пристапен и одржлив транспортен систем, а не само нова автобуска инфраструктура. Развојот на БРТ мора да биде пропратен со развој на пешачката и велосипедската инфраструктура, а не нивна деградација“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија: Кој е вистинскиот став на СДСМ за Барутана?

Очигледно е дека во СДСМ постои сериозна неусогласеност на ставовите за Барутана.

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија: Кој е вистинскиот став на СДСМ за Барутана?

Претседателот на СДСМ Венко Филипче јавно порача, дека додека тој е лидер на партијата, во Барутана нема да се стави ниту една цигла.

Во истовреме спорниот нацрт ДУП за Барутана беше донесен пред Советот на Општина Центар и доби поддршка токму од Советниците на СДСМ.

Кој е вистинскиот став на СДСМ за Барутана?

Еден пред јавноста, а друг кога треба да се гласа.

Советниците на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија,во Советот на Општина Центар имавме јасен став, гласавме против и остануваме доследни на тој став.

Ако лидерот на СДСМ вели денеска дека „Нема да се стави ниту една цигла“, тоа да не остане само уште една политичка изјава и дека се на истата линија со потпредседателот на СДСМ и актуелен Градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Затоа денес бареме од Градоначалникот Горан Герасимовски да направи конкретен чекор.

Граѓаните на Центар не барат ниту политички, ниту партиски координации, ниту празни ветувања.

Бараат јасна постапка.

Бараме Филипче, Герасимовски и советниците на СДСМ, во Советот на Општина Центар да ги усогласат ставовите и во интерес на граѓаните кои ги гласале, да се повлече нацрт ДУП-от за Барутана.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Градоначалник во Франција ги бранеше средношколците од полицијата

Бали Багајоко, градоначалникот на францускиот град Сен Дени во близина на Париз, вчера беше погоден од канистер со солзавец додека се обидуваше да ги смири тензиите меѓу полицијата  и младите демонстранти.

Градоначалник во Франција ги бранеше средношколците од полицијата

Багајоко се позиционираше меѓу двете страни за време на големиот марш во Париз, организиран поради лошите услови во училиштата.

Снимките од настанот го прикажуваат градоначалникот во кордон меѓу демонстрантите и полицијата, а потоа во облак од солзавец што полицијата го испука кон него и толпата. Инцидентот се случи на ден кога повеќе од 250.000 луѓе протестираа низ цела Франција во поддршка на средношколското движење.

Според официјалните проценки, само во Париз имало околу 56.000 луѓе на улиците.Багајоко, член на левичарската партија Непокорна Франција, по инцидентот ја обвини полицијата дека користи „тотално непропорционална“ сила против млади луѓе кои само бараат да бидат слушнати“, рече тој.

„Го повикувам министерот за внатрешни работи: барањата мора итно да се разгледаат пред да се случи трагедија.“тој објасни дека бил на протестот за да ги заштити младите и да се обиде да ја смири ситуацијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер