ЗабаваФото: Жешката“ тренерка по тенис на кошаркарот Богдановиќ Кошаркарот на НБА лигашот ЛА Клиперс, капитенот на српската репрезентација, Богдан Богдановиќ, беше почесен гостин на Фајналфорот на Евролигата во Абу Даби.Популарниот Богран ги следеше натпреварите од завршнииот турнир на најсилното европско натпреварување веднаш до теренот во друштво на кошаркарските легенди Тони Паркер, Владо Дивац, Тони Кукоч ..... По кусиот престој во Абу Даби харизматичниот кошаркар се упатил за Белград бидејќи морал да продолжи со тренинзите по тенис. Тоа на својот Инстаграм ја отрки неговата „жешка тренерка“ Маја Хутларовиќ, поранешна српска тенисерка, која денес работи како тренер по тенис. Богдан Богдановиќ направил селфи со атрактивната Маја, која ја споделила фотографијата на својот профил. Некогашната тенисерка инаку важи за една од најатрактивните „учителки по тенис“, што го покажуваат и нејзините фотографии објавени на социјалните мрежи. View this post on Instagram A post shared by Maja Hutalarovic (@majahuta) Инаку, српските медиуми открија и дека и Маја го следела завршниот турнир на Евролигата во монденскиот Абу Даби. View this post on Instagram A post shared by Maja Hutalarovic (@majahuta) Тагови: Богдановиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПревозниците најавија протест пред Делегацијата на ЕУ во Скопје на 31 августМакедонските превозници на 31 август најавуваат протест поради проблемот со ограничувањето на престојот на професионалните возачи во Шенген-зоната на 90 дена во рамките на 180 дена. Од асоцијацијата „Макам-Транс“ информираат дека одлуката за двочасовен протест следниот понеделник била донесена пред неколку дена. Простестот според најавите ќе биде пред седиштето на делегацијата на ЕУ во земјава, со минимум 20 возила, како и присуство на сошственици на компании, возачи и други врбаотени од сите градови низ државата, велат од асоцијацијата и додаваат дека ваков протест во иститот временски преиод од 12 до 14 часот ќе има и во Србија, Црна Гора и Босна и истите ќе се одржат ден пред состанок во Брисел на кои работна група ќе разговара за ова прашање. Доколку на состанокот не се донесе преодно решение за престој на возачите во шенген зоната, предложено е да се одржи протест на граничните премини на секоја држава поодделно со почеток на 14 септември.... За овој вид на протест потребно е согласност од превозниците на секоја држава, но и добивање на одобрение од надлежните органи, особено што се планира ист протест како и во јануари оваа година, кој може да трае подолго и од 10 дена, се вели во соопштението на макам трнас.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби По пола година од враќањето во земјава, денеска во Кривичниот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби денеска ќе седне на обвинителна клупа за злоупотреба на службената положба за Државна лотарија. Освен правните перипетии што го следат случајот, судењето го привлекува вниманието на јавноста и поради политичките импликации што може да произлезат од процесот.. Во кривичниот суд е Михајло Видимлиски.. Во видеото погледнете го целиот извештај. Тагови: Груби кривичен суд Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНУ Драмски театар Скопје со „Гидионовиот јазол“ гостува на фестивалот РУТА на Бриони НУ Драмски театар Скопје со претставата „Гидионовиот јазол“ вечерва (24 август) ќе гостува на Бриони во Хрватска каде што театарот „Улисис“ е домаќин на фестивалот на Регионалната унија на театри (РУТА). Претставата ќе биде изведена во Летното кино во 21 часот. „Гидионовиот јазол“ на режисерката Драгана Милошевски-Попова е претстава работена по текст на авторката Џона Адамс. Драматург на претставата е Викторија Рангелова-Петровска, а улогите ги играат актерките Биљана Драгиќевиќ-Пројковска и Ања Митиќ. Гостувањето на Бриони ќе биде дваесетта изведба на претставата, која досега гостувала на неколку фестивали низ Македонија, како и во регионот на сцените на театрите членки на РУТА. На минатогодишниот 33. Меѓународен фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ актерката Биљана Драгиќевиќ-Пројковска за улогата на Корин Фел ја доби наградата за високо актерско достигнување. Режисерка Драгана Милошевски-Попова во програмската белешка истакнува дека: „Претставата ‘Гидионовиот јазол’ е моќна и вознемирувачка приказна за вината, одговорноста, тагата и сложениот однос во комуникацијата, како и состојбите во образовниот систем, проблемите со кои се соочува детето низ периодот на детството. На училишна средба меѓу мајката Корин и наставничката Хедер, кој се случува по еден трагичен настан, преку деликатен, емотивно исполнет/напнат дијалог, се отвораат прашањата за детската креативност, слободата на изразување, за уметноста, за одговорноста на наставниците и за родителите, за социјалните мрежи, за врсничкото насилство, за осаменоста, преку кои постепено се разоткрива длабоката болка и се бара, па и се посочува можниот виновник“. Авторката Џона Адамс е претставничка на новата генерација американски драмски автори. Таа е авторка на 20 драмски текстови во кои драмската структура ја гради преку исклучително јаки и богато нијансирани карактери и ги поставува во сложени меѓусебни психолошки ситуации. Друштвото на американските театарски критичари ѝ ја доделува наградата „Стинберг“ (Steinberg Award) за делото „Гидионовиот јазол“. Претставата „Гидионовиот јазол“ е на редовниот репертоар на Драмски театар од премиерата која се одржа во мај минатата година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook