Шоу бизФото: „Жешката“ Софија Вергара голаНајплатената актерка на светот сексапилната Колумбијка Софија Вергара повторно го привлече вниманието на јавноста.Вергара која според Форбс во последните 12 месеци заработила 43 милиони долари уште еднаш потврди дека со право секогаш е присутна на листите на најубави жени на светот. Атрактивната актерка и во 49 година од живото се уште со својата совршена фигура ги остава мажите без здив. Софија е редовно активна на социјалните мрежи често објавува свои стари фотки . Сите нејзини фанови се едногласни дека и денес како и во 90 години на минатиот век Вергара изгледа совршено. На својот Инстаграм Софија сега се сети на едно снимање на кое се фотографирала гола во када. Покрај тоа колумбиската актерка на радост на фановите објави и неколку фотки во костим за капење.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваОпштина Аеродром се етаблира како центар на урбаните фестивали: Започнува AERO Street Food FestivalОд денеска до 8 септември паркот „Авионче“ ќе биде домаќин на пет фестивалски вечери со 20 гастрономски брендови, домашна музика, разновидни забавни содржини и бесплатен влез.Општина Аеродром сè појасно се позиционира како препознатлива дестинација за современи урбани фестивали и настани што ги обединуваат локалната заедница, културата, музиката и гастрономијата. Од 4 до 8 септември паркот „Авионче“ повторно ќе се претвори во голема сцена на отворено, со второто издание на AERO Street Food Festival. Во текот на петте фестивалски вечери посетителите ќе можат да избираат меѓу свежо суши, такоси, бургери, гиро, пица, фокача, ќебапи, печени компири, палачинки, сладолед, сутлијаш и бројни други солени и слатки специјалитети. Во фокусот на годинашното издание е разновидната гастрономска понуда. Дваесет различни концепти ќе претстават вкусови инспирирани од домашната, регионалната и светската кујна – од добро познатите скопски класици до современи рецепти за улична храна. На фестивалот годинава ќе учествуваат: Burgerslut, Mustacos, Loras Sushi, Fat Kitchen, Jojo’s BBQ, Oljo’s, Noa Gyradiko, Scoop, Bistro 64, Smash Burger, Sorelle, 11: Eleven, Сутлијаш бар, 15 за 12, Трансилваниско трдло, Pizza Vice City, Дестан, Milkey, Sweet Look и Жешко компирче. Концептот е осмислен така што секој посетител ќе може да пронајде нешто по свој вкус, да споделува порции со друштвото и да открива нови гастрономски комбинации. По летните одмори фестивалот ќе биде и одлична можност за повторни средби со пријателите, дружење и заедничко уживање на посетителите од сите генерации. За музичката атмосфера ќе се погрижат домашни бендови и диџеи. На сцената ќе настапат South Park, Ringtones, Dopamine, Marbel и Acoustic Division, додека пред и по концертните настапи публиката ќе ја забавуваат Милан Серафимов, Александар Јорданов, „Јанко петел јаваше“, DJ Marko, DJ Vaso, DJ Rizinski, диџеите од Fluere, DJ Guardian, DJ Ficho и Sure Shotz. Секоја фестивалска вечер ќе биде дополнета со натпревари во брзо јадење, квизови и интерактивни предизвици со публиката, под водство на Бомбакис. Фестивалот ќе биде отворен за посетители секој ден од 17:30 до 00:30 часот, а влезот е бесплатен. Настанот е спонзориран од Општина Аеродром, се одржува под покровителство на Град Скопје, а го организираат Lions in Move и Cafe Mambo. Со поддршката на ваквите настани, Општина Аеродром го зацврстува својот имиџ на модерна, динамична и отворена општина, во која јавните простори стануваат места за култура, забава, дружење и создавање нови градски приказни. Пет вечери, 20 гастрономски брендови и една голема маалска трпеза на отворено. Се гледаме од 4 до 8 септември во паркот „Авионче“ – бидејќи финалето секогаш се игра во Аеродром! Општина АеродромТагови: Општина Аеродром Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев: Кавадарци е подготвено за Тиквешкиот Гроздобер 2026Градот на грозјето и виното повторно живее во ритамот на најголемата винска традиција!Улиците се украсени, атмосферата се загрева, а Кавадарци е подготвено да ги пречека сите гости со многу музика, вино, традиција и незаборавна забава. Тиквешки Гроздобер 2026 – празник на грозјето, виното, културата и гостопримството! 🍇 Добредојдовте на Гроздоберот! ❤️- напиша првиот човек на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07Полициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18Без вода делови од Центар08:16
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07
ЖивотЖена (61) спие во „плакар“ и заштедила 1.000 евра: „Во креветот само спијам“Од стара ниша направила необична спална соба.Бенита (61) од Стокхолм спие во мала ниша налик на плакар, а тврди дека класична спална соба никогаш не ѝ била потребна. Со преселувањето во помал стан ги намалила трошоците и добила поголема слобода. Кога Бенита (61) се преселила во мал стан во историска зграда од 1898 година, во срцето на Стокхолм, многумина биле изненадени од една работа – таа одлучила својата спална соба да ја замени со мала ниша налик на плакар. Сепак, Бенита не смета дека поради тоа нешто изгубила. Напротив, вели дека животот во помал простор ѝ го донел токму она што ѝ било потребно: помали трошоци, помалку обврски и повеќе слободно време, пишува „Лепа и среќна“. „Во креветот само спијам“, објаснува таа. Бенита легнува околу девет часот навечер, станува во пет часот наутро и, како што вели, во спалната соба поминува само онолку време колку што ѝ е потребно за спиење и местење на креветот. Затоа, класичната спална соба никогаш не ѝ била приоритет. Помал стан, поголема слобода Со одлуката да се пресели во помал стан, Бенита го растоварила домашниот буџет за околу 1.000 евра. Помалата хипотека ѝ донела и помал финансиски притисок, но и поголема слобода. За неа тоа било поважна придобивка од дополнителната просторија што речиси и да не би ја користела. Бенита и порано имала необични решенија за спиење. Во еден стан креветот ѝ бил сместен во дел од дневната соба, додека во друг спиела во подрумот. Поради тоа, како што вели, навикнала на реакциите од луѓето кои сметаат дека секој простор за спиење мора да изгледа како класична спална соба. Овој „плакар“ крие интересна приказна Просторот во кој денес спие на прв поглед изгледа како голем плакар, но неговата историја е многу поинтересна. Станува збор за оригинален ходник во зградата од 1898 година. Некогаш го поврзувал дуќанот со станбениот дел во кој живееле трговците. Поради конструкцијата на старата зграда и носечките ѕидови, просторот не можел едноставно да се отстрани или да се спои со остатокот од станот. Затоа Бенита решила да го претвори во нешто корисно. Наместо неискористената ниша да ѝ претставува проблем, таа од неа направила мал, интимен простор за спиење. Ваквиот начин на организирање на просторот не е целосно нов. Креветите сместени во ниши или затворени простори биле познати во Шведска уште во 19 век. Таквите кревети, познати како „skåpsäng“, денес често се поврзуваат со традиционалниот и рустикален ентериер. Бенита, сепак, на своето катче му дала помодерен изглед. Стариот кревет на спрат кој се наоѓал во нишата го заменила со нов кревет, а ѕидовите и таванот ги обоило во смирувачка земјена нијанса. Додала бели ленени завеси за да го сокрие гардероберот и на просторот да му даде помек изглед. Вратата на нишата, која претходно била светлозелена, ја обоилa во длабока чоколаднокафеава боја. Резултатот е мал, топол агол кој повеќе наликува на внимателно осмислена ниша за одмор отколку на класичен плакар. „Не ми е клаустрофобично“ На социјалните мрежи имало и такви кои коментирале дека спиењето во ваква ниша би било непријатно или би предизвикувало чувство на клаустрофобија. Бенита, сепак, не гледа така на тоа. Една од причините е и висината на таванот. Во станот таа изнесува околу 3,3 метри, поради што малата површина на нишата не остава ист впечаток како класичен низок и затворен простор. За Бенита најважно е што просторот е прилагоден на нејзините вистински потреби. Нејзината филозофија е едноставна: ако просторијата ја користите само неколку часа дневно, можеби нема потреба за неа да издвојувате голем дел од домашниот буџет. Наместо поголема квадратура, таа одлучила парите и времето да ги вложи во она што ѝ е поважно. А нејзиниот мал „плакар“ за спиење е токму пример како историски, наизглед неупотреблив простор може да стане еден од најинтересните делови од еден стан. Тагови: жена спалната соба Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter