Фото: Вилата од 170 милиони евра на Крстијано Роналдо - Канал 5

Фото: Вилата од 170 милиони евра на Крстијано Роналдо

Богатата светсктска фудбалска ѕвезда, Португалецот, Кристијано Роналдо  е голем љубител на луксузот и не се плаши тоа да му го покаже на целиот свет. 

Фото: Вилата од 170 милиони евра на Крстијано Роналдо

Неговите фанови се дообро запознаени со фактите дека Кристијано секогаш носи прескапи часовници, дека од дома излегува само во брендирана гардероба, а во гаражата има огромна колекција на автомобили.

Меѓутоа, кога најплатениот фудбалер во Саудиска Арабија во клубот објави дека сака да го напушти хотелот, веднаш е започнато со плановите за изградбата на луксузна вила на Кристијано.

Супер луксузната вила е неговиот најскап имот досега, иако тој гради замок од 35 милиони евра во Лисабон со два олимписки базени и фудбалско игралиште.

Но, сега вилата во Саудиска Арабија се проценува на неверојатни 170 милиони евра, доколку реално се изгради.

Архитектите користеле вештачка интелигенција за да дизајнираат вила која ќе биде вистински скапоцен дом во неговата империја за недвижнини.

Моментално Роналдо со семејството живее во хотел, за кој клубот плаќа месечен наем од 250.000 евра.

Инаку, надворешноста на вилата е традиционален во стил, а надвор ќе има огромен базен и повеќе места за сончање. Ќе има и затворен базен.

Вилата е спој на традиционалното и модерното со многу традиционални саудиски мотиви.

Влезниот хол е навистина импресивен со двојни скали и огромен лустер.

Ќе има и спа бања од чисто злато, а целата слика ќе ја комплетира теретана.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода 11 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“

Пет возеле без положен возачки испит, три под дејство на алкохол, двајца со активна забрана, а еден ја пречекорил брзината.

Лишени од слобода 11 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 11 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, пет лица лица управувале возило без положен возачки испит, и тоа: С.А.(63), М.М.(20) од с.Лисец, тетовско, Е.Д.(28) од Штип, Ф.А.(62) од Радовиш и С.М.(36) од с.Ораовица, радовишко, кој управувал и нерегистрирано возило и бил под дејство на алкохол.

Под дејство на алкохол возеле три лица, и тоа: В.М.(38) од Прилеп, Р.Г.(56) од с.Инџиково, скопско и Б.П.(44) од Охрид, кој претходно учествувал во сообраќајна незгода со материјална штета. Две лица управувале возило и покрај тоа што имале активна забрана за управување со моторно возило, и тоа: А.Б.(25) од с.Вирче, делчевско и Љ.Д.(56) од Струга. Додека, пак, Р.В.(34) од Радовиш управувал патничко возило со брзина поголема од дозволената.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Украински дронови погодија голем петрохемиски комплекс во Русија

Украина извршила напад со беспилотни летала врз еден од најголемите руски петрохемиски комплекси во Нижнекамск, град во Република Татарстан, објавија украинските медиуми.

Украински дронови погодија голем петрохемиски комплекс во Русија

Во нападот биле повредени три лица, соопшти регионалното министерство за здравство. Властите не објавија детали за тоа кој индустриски објект бил погоден. Снимки од голем пожар се проширија на социјалните мрежи во Русија и Украина. Според тие извештаи, пожарот избувнал во фабриката „Нижнекам-Сне-Фтехим“, во чиј состав има и рафинерија за нафта. Поради оштетувањето на објектот што снабдува со електрична енергија и дел од железничката мрежа, железничкиот сообраќај бил привремено прекинат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маж загина во пожар во барака во скопски Жданец

Маж загина во пожар што доцна синоќа избил во барака во скопската населба Жданец.

Маж загина во пожар во барака во скопски Жданец

Од МВР информираат дека бараката, сопственост на 56-годишен скопјанец целосно изгорела, а дека откако огнот бил изгаснат, во објектот биле пронајдено тело на починато машко лице. Од Центарот за управување со кризи информираат дека во гасење на пожарот кој избил половина час пред полноќ, интервенирале 19 пожарникари од Скопската противпожарна бригада со седум противпожарни возила. Засега не се познати причините за пожарот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер