Фото+Видео: Најстарите проститутки во Амстердам заминаа во пензија - Канал 5

Фото+Видео: Најстарите проститутки во Амстердам заминаа во пензија

Седумдесетгодишните близначки Луис и Мартин Фокенс оцениле дека веќе се престари за работата откако, во текот на нивната педесетгодишна кариера, спиеле со 355.000 мажи.

Фото+Видео: Најстарите проститутки во Амстердам заминаа во пензија
Луис и Мартин со кои е снимен и документарецот „Meet the Fokkens“, кариерата ја започнале во шеесеттите години од минатиот век. Оттогаш, како што велат, многу нешта се смениле.

Луис, која е мајка на четири деца, вели дека артритис и пречи во работата и дека некои пози станале премногу болни за неа. Мартина пак, која има три деца, признава дека многу и е тешко до „улови“ нов муштерија. Сепак, двете се уште имаат свои постојани клиенти кои еднаш неделно им доаѓаат на садо-мазо сесии.

- На некои муштерии едноставно не можам да им објаснам дека повеќе на работам. Некои од нив се навикнаа на мене како на одење в црква во неделите – вели Мартин.

Освен со документарецот, сестрите го привлекоа вниманието на јавноста и со книгата за нивното педесетгодишно искуство, наречена „Амстердамски дами“.

Со проституцијата почнале да се занимаваат на дваесетгодишна возраст за да избегаат од насилни врски и за да станат финансиски независни. Се сеќаваат на „златната ера“, периодот пред легализирањето на проституцијата во Холандија.

- Се е сменето. Ние покрај прозорците седевме облечени. Девојките сега седат голи. Тие, дури и не се Холанѓанки, туку девојки од источна Европа. Легализирањето на проституцијата не го подобри животот на проститутките. Новиот закон е добар само за макроите – објаснува Луис.

Колку сериозно близначките ја сфаќале работата, покажуваа фактот што тие брзо се ослободиле од нивните макрои и отвориле сопствен бордел, а набрзо формирале и неформален синдикат на проститутки.

Денес, Луис и Мартин се надеваат дека ќе можат да живеат од приходите што им ги носат документарецот и книгата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Дамата со камелии“ – раскошна балетска приказна за љубовта на 28 ноември

Изведбата ќе биде под диригентската палка на Едуард Амбарцумјан од Ерменија, додека кореографијата е на Василиј Медведев.

„Дамата со камелии“ – раскошна балетска приказна за љубовта на 28 ноември

На 28 ноември со почеток во 19.30 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведена раскошната балетска претстава „Дамата со камелии“ – емотивна сценска приказна за љубовта, страста и жртвата, раскажана преку моќта на танцот и музиката на Џузепе Верди.

Инспирирана од познатата приказна за Маргарита и Арман, претставата ја пренесува на балетската сцена љубовната судбина на двајцата главни ликови. Музиката на Верди, препознатлива по својата мелодиска убавина и силен емоционален набој, ја надополнува драматургијата и ја продлабочува приказната за љубовта, личните жртви и општествените ограничувања.

Изведбата ќе биде под диригентската палка на Едуард Амбарцумјан од Ерменија, додека кореографијата е на Василиј Медведев, еден од истакнатите руски кореографи, кој соработува со водечките балетски театри, меѓу кои „Бољшој“ во Москва и „Марински“ во Санкт Петербург. Сценографијата и костимографијата се дело на Павол Јураш од Словачка, а концерт-мајстор е Јане Бакевски.

Во главните улоги на Маргарита и Арман ќе настапат Марија Кичевска Шокаровска и Франциско Хименес Руиз од Шпанија, заедно со солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

Со раскошна сценографија, впечатливи костими, музиката на Верди и кореографијата на Василиј Медведев, „Дамата со камелии“ ја оживува безвременската љубовна приказна преку елеганцијата на балетскиот израз и силата на сценските емоции.

Национална опера и балет

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска  престојува во Атина, каде ќе учествува на министерскиот состанок на групата „Пријатели на Западен Балкан“.

Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина

Учеството на Муцунски е на покана на грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, а состанокот ќе биде посветен на европската интеграција на земјите од Западен Балкан и можностите за забрзување на нивниот пристапен процес кон Европската унија. Во Атина е Афродита Рамос.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Конституирање и прв состанок на Националниот комитет за заштита и безбедност на новинари

Искра Хаџи Василева рече дека со Здружението на новинари пред неколку години издејствувале евиднеција на предмети со новинари која претходно била отежната.

Конституирање и прв состанок на Националниот комитет за заштита и безбедност на новинари

Формирање на националниот комитет за заштита и безбедност на новинари е со цел системско унапредување на правата на новинарите и нивна безбедност, ова утринава го изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски , на првиот состанок на Националниот комитет. Споед него обврска на државата е де се обезбедат услови за работа на новинарите , без страв од закани. Јавната обвинителка за гонење организиран криминал и корупција Искра Хаџи Василева рече дека со Здружението на новинари пред неколку години издејствувале евиднеција на предмети со новинари која претходно била отежната

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер