Сиљановска Давкова: Со 50 шефови на европски држави и влади, учествував на Самитот на Европската политичка заедница во Даблин
2Сиљановска Давкова: Со 50 шефови на европски држави и влади, учествував на Самитот на Европската политичка заедница во Даблин
3Куриер и Руседски: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, неговата статистика го потврдува тоа!
ЖивотФото- Видео: Најчудниот затвор на светот, во него „владеат“ политичари и нарко шефови!!Затворот Сан Педро во Боливија со сигурност е најчудниот затвор на светот, во него главниот збор го имаат политичари и нарко шефови, меѓу затворениците има и 200 деца?! Затворот е сместен во планинскиот град Ла Паз во Боливија , Сан Педро е најголемиот затвор во земјата со повеќе од 2400 затвореници. Необично за затворот е и фактот што тој е чуван само од надворешната страна, во внатрешноста на затворот нема чувари и полиција. Единствена задача на чуварите кои воопшто не влегуваат во Сан Педро е да не дозволат некој да побегне од затворот. Тоа значи дека затворениците се грижат сами за себе. По судењето тие мораат да платат за да влезат во овој чуден затвор, се плаќа и за ќелијата во која ќе престојува, а сето ова го решаваат преку „ градоначалникот на затворот “ или „агентот за недвижнини“. Затворениците во затворот Сан Педро кој се наоѓа на надморска височина од 3500 метри, имаат воспоставено функционална заедница на владеење преку осум избрани службеници, секој за по еден оддел од затворот. Секој оддел е застапен преку совет кој донесува одлуки. Многу од затворениците во затворот живеат со своите сопруги и децата , во самиот затвор има околу 200 деца. Условите за живот во затворот се различни од оддел во оддел. Во најсиромашните оддели условите се ужасни , во ќелија за еден затвореник спијат по три или четири затвореници. Но, од друга страна постои и луксузниот Ла Поста сектор во кој живеат политичари и нарко шефови, кои со пари си обезбедуваат приватни ќелии како вистински апартмани, со кујна бања кабелска интернет . Живото во Ла Поста чини меѓу 1000 и 1500 долари месечно. Во Сан Педро затворениците работат како сопственици на мали продавници , столари, бербери, чевлари... Но, некој од нив водат и сопствени мали лаборатории за производство на кокаин? Во затворот се заработува и преку обложување. Според медиумите уште од 1990 година многу туристи илегално го посетиле овој затвор , плаќајќи им мито на надворешните чувари. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЃорѓиевски: Есенско разубавување на нашето Скопје!И во есенските денови, Скопје го облекуваме во бои што внесуваат свежина и топлина во нашето секојдневие.Денеска, вредните вработени во ЈП „Паркови и зеленило“ засадија есенски цветен расад во цветните леи во Градскиот парк, Парк Македонија, долж булеварите „Партизански одреди“, „Јане Сандански“ и „Александар Македонски“, како и во Реонскиот центар. Нов цветен изглед добија и фигурите „Штрк“ во општина Аеродром и „Торта“ во општина Чаир, кои ги освеживме и украсивме со сезонско цвеќе, миозотис и хризантема. Благодарност до сите вредни раце што секојдневно се грижат нашите паркови и јавни површини да бидат поубави и попријатни за секој скопјанец. Да го чуваме она што го разубавуваме, објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСиљановска Давкова: Со 50 шефови на европски држави и влади, учествував на Самитот на Европската политичка заедница во ДаблинДенеска, заедно со 50 шефови на европски држави и влади, учествував на Самитот на Европската политичка заедница во Даблин, чија централна тема е „Европа: силна, безбедна и поврзана“.На панел-дискусијата „Градење на компетитивна Европа – иновација, поврзаност и достапна енергија“, говорев за поврзаноста меѓу европската конкурентност, иновациите, енергетската безбедност и интеграцијата на Западниот Балкан. Европа ја црпи својата сила од способноста различноста да ја претвори во соработка, а соработката во заедничко дејствување. Конкурентноста денес не може да се сведе само на капиталот, големината на пазарите или цената на работната сила, туку сè повеќе зависи од капацитетот да се поврзат знаењето, технологијата, инфраструктурата, енергијата и луѓето и тие врски да се претворат во иновации, продуктивност и одржлив раст. Западен Балкан не е надвор од Европа, туку е дел од нејзината историја, инфраструктура и безбедносна архитектура, при што Европа и Западниот Балкан ги опишав како „систем на поврзани садови“, во којшто случувањата во еден дел неизбежно влијаат врз другиот. Прашањето не е само како Западниот Балкан подобро да се поврзе со Европа, туку дали Европа може да си дозволи да остане недоволно поврзана со регион што се наоѓа на пресекот на нејзините стратешки правци, енергетски коридори, пазари и човечки потенцијал, објави на ФБ претседателката Гордана Сиљановска- Давкова. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваЌерката на Клаудија Шифер има 22 години и неверојатно личи на својата славна мајка (ФОТО)Клементин Вон, 22-годишната ќерка на супермоделот Клаудија Шифер и режисерот Метју Вон, ќе го има својот прв настап на престижниот париски бал Le Bal des Débutantes на крајот од месецот.Настанот, кој ги собира младите жени од некои од највлијателните семејства во светот, ќе се одржи на 28 ноември и се смета за еден од најексклузивните социјални настани во годината. Меѓу дебитантките оваа година ќе биде Олимпија Баез-Херера, внука на познатата модна дизајнерка Каролина Херера, пишува Hello!. Клементин има необична сличност со својата позната мајка, од која ја наследила својата препознатлива руса коса, а е заинтересирана за слични области - студира уметност и мода. Клаудија Шифер претходно откри дека двете нејзини ќерки, Клементин и 15-годишната Космина, обожаваат да ѕиркаат во нејзиниот плакар и да позајмуваат облека. View this post on Instagram A post shared by Clementine Vaughn 🍊 (@clementine) „Уживам гледајќи ги како составуваат модни комбинации. За генерацијата на моите ќерки, споделувањето облека, размената и носењето парчиња од втора рака е нешто сосема природно“, изјави Шифер за „Гардијан“ во 2023 година. Што е „Le Bal des Débutantes“? „Le Bal des Débutantes“ е традиционален париски бал чии почетоци датираат од 1957 година. Првично беше замислен како можност за млади жени од угледни семејства да се претстават во општеството и да се запознаат со потенцијални сопруги. Но, во 1997 година, Офели Ренуар го модернизира концептот и го претвори во гламурозен настан што ги слави младите жени, нивните семејства и нивните достигнувања. Балот е од затворен тип и ги собира членовите на кралските и аристократските семејства и ќерките на влијателни луѓе од светот на бизнисот, уметноста и модата. Посебна карактеристика на настанот се луксузните фустани создадени од познати светски дизајнери за дебитантките, додека на балот ги придружуваат одбрани кавалиери. Настанот има и хуманитарна цел. Семејствата учеснички собираат средства за добротворни организации со донации, а оваа година парите се наменети за истражување на срцеви заболувања и за Детската болница „Марија Фарери“. Овогодинешниот бал ќе се одржи во луксузниот хотел „Шангри-Ла Париз“, поранешната палата на принцот Роланд Бонапарта, од која се нуди поглед на Ајфеловата кула. View this post on Instagram A post shared by Clementine Vaughn 🍊 (@clementine) Кои се другите дебитантки? Заедно со Клементина, посебно внимание привлекува 21-годишната Олимпија Баез-Херера, внука на Каролина Херера, која на балот ќе носи фустан со потписот на нејзината баба. Меѓу гостите се австриската надвојвотка Зита, која ќе носи креација од Франк Сорбие, и Викторија де Ноај де Муши де Пуа, потомок на француски благороднички и кралски семејства, која го избра дизајнерот Гуо Пеи. На листата се наоѓаат и близначките Ешли и Брејси Астон, членка на кувајтското владејачко семејство Шајма Ал Сабах и Џулиет Липман, ќерка на коосновачот на издавачката куќа „Република рекордс“, која ќе носи фустан од Оскар де ла Рента.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook