ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер а сватот на Али Ахмети акционер, стана јасно зошто Фатмир Бесими ја поднел точката на влада за деловни односи Алта Банка
2ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер а сватот на Али Ахмети акционер, стана јасно зошто Фатмир Бесими ја поднел точката на влада за деловни односи Алта Банка
ЖивотФото: Успешно завршена симулацијата Марс на ХаваитеТим од шест луѓе успешно ја заврши симулацијата Марс на Хаваите, каде една година живееја потполно изолирани од остатокот на светот. Од 29 август минатата година , шесте луѓе живееја на мал простор со една купола, без свеж воздух, свежа храна и приватност. Според проценката на научниците мисијата на Марс може да трае две до три години. Инаку оваа студија ја воделе научници од Универзитетот на Хаваи и е најдолгата стимулација на мисија од руската која траела околу 250 дена. Членовите на тимот изјавија дека си сигурни дека и мисијата на Марс ќе биде успешна. Инаку тимот од шест луѓе на стимулациската мисија на Марс на Хаваите мораше да живее со ограничени ресурси, секогаш облечени во вселенски одела. Секој од нив имал своја вреќа за спиење, мал стол во внатрешноста на својата мала соба. Од храна достапни им биле само сирење во прав и храна од конзерва. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Фактите потврдуваат дека Алта банка имала сопственички удел во ЕУ банкаФактите и документите јасно покажуваат дека Алта банка немала забрана за работење во Европската Унија, спротивно на лагите и манипулации што во јавноста ги пласираа СДС и Венко Филипче.Вистината за случајот со Алта банка е сосема поинаква од политичките конструкции и хистеријата што ја создаваа Филипче и СДС. Имено, Алта банка поседувала 9,63% од акциите во Адико банка, додека компанијата Дипломат пеј купила удел од 9,99%. Во август 2024 година, на двете компании им биле суспендирани гласачките права, откако надлежниот австриски регулатор утврдил дека тие дејствувале заеднички како поврзани лица и заедно стекнале квалификуван удел од 19,62%, без претходно да го известат надлежниот регулатор, согласно законските обврски. Станува збор за прекршочна санкција, односно регулаторна постапка поврзана со ненавремено пријавување на стекнат удел, а не за забрана за работење на Алта банка во Европската Унија од страна на Европската централна банка. Дополнително, во декември 2024 година, Дипломат пеј го продала својот удел на австриски инвеститор, по што во февруари 2025 година, била укината суспензијата на гласачките права на Алта пеј во Адико банка, констатирајќи дека повеќе не постоеле услови за заедничко дејствување меѓу двете компании. Овие околности јасно покажуваат дека случајот се однесува на конкретна регулаторна обврска при стекнување акционерски удел, а не на забрана за работа во ЕУ, со што сите гали и манипулации на СДС и Филипче паѓаат во вода. Банката немала никаква забрана за работа од Европската Унија и со самото тоа немало никаков основ и можност на Алта банка да и се забрани влез во Македонија, а од друга страна, пак, и Рајфајзен имала договор со групацијата на Мацура. Банка која има забрана за работа од ЕУ како што сака да претстави СДС, а не прекршочна казна што е во случајов за ненавремено пријавување на удел од над 10%, нема можност да влезе во македонскиот банкарски систем. СДС и Филипче уште еднаш се фатени во сопствените лаги и конструкции, оваа регулаторна постапка да ја претстават како забрана за работење во Европската Унија, кога станува збор за две различни работи. Лажат и манипулираат за Алта банка со цел да предизвикаат страв и паника кај граѓаните исто како што беше и случајот со мигрантите, водата за пиење во Скопје, за пензиите, ИПАРД програмата, извештајот на Томас Вајц. Таквите сценарија на СДС и Филипче за креирање хаос и несигурност нема да им успеат како што не им успеаја ни до сега, граѓаните не им веруваат и има за што не им веруваат. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенес променливо облачно со повремени врнежи09:00На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Други спортовиСветски шампион и европски медалисти на 55. „Златен гонг“ во СкопјеОд 13 до 15 ноември, во салата „Расадник“ во Кисела Вода, се одржува јубилејното 55. издание на „Златен гонг“, еден од најстарите меѓународни боксерски турнири во Европа. На него настапуваат 89 боксери и боксерки од 20 земји, а организатор е Македонската боксерска федерација. Меѓу најзвучните имиња е Украинецот Јуриј Захарјејев, сениорски светски шампион од Белград 2021. На 19 години тој стана првиот боксер што во иста година освои светско злато и кај младинците и кај сениорите. Во Скопје настапува и Данило Жасан, бронзен медалист од сениорското Светско првенство во Ливерпул во 2025 година. Украинскиот состав го засилуваат и Џамал Кулијев, европски шампион У23 од 2024 и светски бронзен медалист У19 од 2022, како и Матвиј Ражба, европски шампион У17 од 2019 година. Во женска конкуренција, Ирина Луцак доаѓа со европско злато У23 од 2024 и сениорска европска бронза од Софија 2026. Нејзина противничка во четвртфиналето до 80 кг е македонската боксерка Марија Костовска. Во украинската селекција се и Наталија Меринова, европска шампионка У23 од 2024, и Анастасија Сарањук, бронзена на Европското првенство У17 во 2021 година. Од Литванија настапува Александар Трофимчук, европски вицешампион У23 од 2024, кој во финалето во Софија боксуваше токму против Захарјејев. Во литванскиот состав се и Едгарас Скурделис, европски младински вицешампион од 2011, и Алгирдас Баниулис, бронзен медалист од Светските воени игри во 2019 година. Молдавија ја предводи Даниил Гуранда, европски шампион У17 од 2023, европски вицешампион У19 од 2024 и бронзен на Европското У19 во 2025. Неговите сонародници Михај Поромбак и Владислав Васковски освоија европска бронза У23 во 2025 година. Поромбак има и бронза од Европското У22 во 2023. Во Скопје боксуваат и Румен Руменов од Бугарија, европски бронзен медалист У23 од 2024, Хамза Рашљанин од Србија, европски бронзен медалист У19 од 2024, и Башким Бајоку, кој за Косово освои бронза на Европското У22 во 2023 година. Програма во салата „Расадник“: петок, 13 ноември, во 14:00 – четвртфинални борби сабота, 14 ноември, во 14:00 – полуфинални борби недела, 15 ноември, во 17:00 – финални борби Влезот е слободен. Македонската боксерска федерација ги поканува љубителите на боксот да ги проследат борбите во „Расадник“ и да им дадат поддршка на домашните натпреварувачи. Македонска боксерска федерацијаТагови: златен гонг Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер а сватот на Али Ахмети акционер, стана јасно зошто Фатмир Бесими ја поднел точката на влада за деловни односи Алта БанкаСе размотува клопчето околу Алта Банка и причините зошто Фатмир Бесими ја поднел точката на влада за деловни односи со „алта банка“.Нема голем скандал во Македонија а трагите на парите да не водат директно во Зајас кај ДУИ и Али Ахмети. Додека СДС глуми спотер во јавноста излегоа информации дека сватот на Али Ахмети е со кредит од 5 милиони евра од Алта Банка Белград. Во 2023 година, на предлог на тогашниот министер за финансии Фатмир Бесими, на владина седница била разгледувана точка за деловни односи со „Алта банка“. Две години подоцна, според објавените информации во јавноста, компанија во која учествува „АС Сењак“, фирма поврзана со сватот на Али Ахмети, добива кредит од 5 милиони евра токму од „Алта банка“ во Белград. Сега прашањето е дали Фатмир Бесими и тогашната влада на СДС и ДУИ знаеле какви деловни релации се развиваат околу оваа банка? Како е одобрен кредитот? Кои биле гаранциите? И дали постоеле недозволени поврзаности меѓу политичките и бизнис-интересите? Особено симптоматично е што СДС денес молчи и се обидува да се дистанцира од одлуките на сопствените функционери. Не може вчера да ја отворате вратата за деловна соработка, а денес да се правите дека не знаете ништо. Бараме Јавното обвинителство да ги испита владините одлуки, кредитот од 5 милиони евра и сите евентуално поврзани трансакции. Кој ја отвори вратата за „Алта банка“, кој имал корист и зошто СДС денес молчи за своите функционери? Граѓаните заслужуваат одговори. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter