Фото: „Ураганката“ Ивана ги маѓепса фановите - Канал 5

Фото: „Ураганката“ Ивана ги маѓепса фановите

Следеа коментари од фановите кои и испратија низа комплименти поради нејзиниот совршен физички изглед.

Фото: „Ураганката“ Ивана ги маѓепса фановите

Членките на групата „Хјурикејн“ Ивана Николиќ, Ксенија Кнежевиќ и Сања Вучиќ по пет години успешна соработка решија да започнат самостојни музички кариери.

Трите атрактивни пејачки деновиве се на проштална турнеја низ Европа, која ќе трае до септември за кога е објавен конечниот распад на овој поп бенд.

Ивана на својот Инстаграм профил сподели неколку фотографии направени во Сен Тропе за време на одморот меѓу настапите.

По обајвата на згодната „ураганка“ следеа коментари од воодушевените обожаватели кои и упатија низа комплименти на сметка на совршениот физички изглед.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Русија со балистички проектили го нападна Киев, погодена е станбена зграда (ВИДЕО)

Русија ноќеска започна напад со балистички ракети врз Киев, при што наводно е погодена една станбена зграда. 

Русија со балистички проектили го нападна Киев, погодена е станбена зграда (ВИДЕО)

Нападот се случи еден ден откако претседателот Володимир Зеленски предупреди за можен масовен напад врз украинскиот главен град, објавува „Киев Индепендент“.

Новинарите на терен пријавија повеќе експлозии во градот околу 00:23 часот по локално време, со големи пламени видливи на местото на нападот. Непосредно пред експлозиите, украинските воздухопловни сили издадоа предупредување за закана од балистички ракети за главниот град.

Последици

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, потврди дека остатоците од ракетата погодиле 18-катна зграда во населбата Шевченко. Паѓачките остатоци предизвикале пожар што се проширил на седмиот и осмиот кат. Државната служба за вонредни ситуации подоцна објави дека се регистрирани и изгаснати пожари во населбите Десњански, Шевченко и Соломјански.

Во нападот, исто така, изгореле неколку автомобили, нестанбена зграда и напуштена четирикатна зграда. Според првичните информации, немало жртви во нападот. Проценката на вкупната материјална штета е во тек.

Напад по предупредувањето

Нападот се случи откако претседателот Зеленски ден претходно предупреди дека Москва планира голем ракетен напад врз Киев во рок од 48 часа. „Нашите разузнавачки информации и информациите од партнерите укажуваат дека Русите подготвиле ракети за нов масовен напад врз Украина.

Според прелиминарните информации, ова би можело да се случи во следните 48 часа“, рече Зеленски во своето вечерно обраќање. Нападот се случи само два дена откако руска балистичка ракета погоди изложба на оружје во Киев на 24 јули. Официјални извори потврдија дека 10 лица се убиени, а повеќе од 100 се повредени во тој напад.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Огромни пожари и натаму беснеат во Франција и Шпанија, огнот се приближува до Мадрид (ВИДЕО)

Големи пожари продолжуваат да се шират во Шпанија и Франција, а властите предупредуваат дека ситуацијата останува многу сериозна. 

Огромни пожари и натаму беснеат во Франција и Шпанија, огнот се приближува до Мадрид (ВИДЕО)

Едно лице загина во пожар, кој сега е под контрола, во близина на Валенсија во источна Шпанија.

Во Шпанија, најкритичните области се Мадрид, Авила и Толедо, каде што пожарите сè уште не се под контрола и зависат од временските услови. Пожарот продолжува да се шири кон Мадрид.

Во Франција, пожарот во Жиронда се приближува кон областа Бордо, досега уништи околу 42.000 хектари, автопатот А63 кон Шпанија е затворен, а 220.000 луѓе се евакуирани.

Германија испраќа помош во Франција

Германскиот канцелар Фридрих Мерц објави дека Германија испраќа авиони и служби за итни случаи за да ѝ помогне на Франција во борбата против големите пожари на југозападот од земјата.

„Во близок контакт сум со Емануел Макрон. Испраќаме помош до областите погодени од пожарите во Франција за да ги поддржиме нашите соседи. Хеликоптер, авион А400 и служби за итни случаи се на пат“, напиша Мерц на X.

„Ви благодарам многу, Германија“, одговори Макрон на германски јазик.

Градоначалник на Сестас: Не можеме да кажеме кога луѓето ќе можат да се вратат

Градоначалникот на Сестас, Жером Стеф, изјави за BFMTV дека градот, кој се наоѓа југозападно од Бордо, е „за среќа напуштен“. „Имаме неколку луѓе кои не сакаа да ги евакуираат своите куќи. Секако, водиме список на нив во соработка со префектурата“, рече Стеф.

Сестас има околу 17.000 жители и се наоѓа на југозапад од метрополитенската област Бордо.

„Овој пожар е непредвидлив и секој пат кога мислиме дека сме добиле една битка, за жал нè изненадува на најлош можен начин. Затоа денес, за жал, не можеме да објавиме никаков датум за враќање“, рече градоначалникот.

„Денес е невозможно да се каже каде ќе престане пожарот“, додаде тој.

Следните часови се клучни за контролирање на пожарот во близина на Мадрид

Следните неколку часа ќе бидат клучни за ставање на пожарот под контрола, соопштија шпанските власти.

„Ќе вложиме многу голем напор за да ги заштитиме различните згради, куќи и населби во оваа област, каде што работиме сите овие часови“, рече Франциско Мартин Агире, претставник на шпанската влада во Автономната заедница Мадрид.

Зборувајќи во командниот центар во Навалкарнер, тој нагласи дека работата што треба да се изврши во наредните часови ќе биде клучна.

Пожар се заканува на областа околу Бордо

Француските власти предупредуваат дека пожарот повторно се разгорел и им се заканува на населбите околу Бордо. Пожарникарите се борат со ветерот, сувата вегетација и опасноста од ширење на пожарот во текот на денот.

Поради пожарот, автопатот А63 помеѓу Бордо и Шпанија беше затворен за 60 километри, објави префектурата Жиронда. Овој пат е една од клучните врски помеѓу југозападна Франција и Шпанија.

Пожарот во близина на Бордо уништи 42.000 хектари

Голем пожар во француската покраина Жиронда продолжува да се шири кон областа Бордо. Според проценката од префектурата Жиронда од 4 часот наутро, пожарот досега опустошил околу 42.000 хектари.

Во текот на ноќта, евакуирани се нови места јужно и источно од заливот Аркашон и во близина на Бордо. Меѓу нив се Маршприм, Ле Барп, Биганос, Миос и Сестас. Според новите податоци, вкупно 220.000 луѓе се евакуирани во Жиронда.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС му излегува во пресрет на ДУИ и Таравари и не бара одговорност од Валбон Лимани кој е таму благодарение на нив

СДС, како и секогаш, така и сега одлучи кризата во Гостивар да ја претвори во игранка за да си собери некој поен плус.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС му излегува во пресрет на ДУИ и Таравари и не бара одговорност од Валбон  Лимани кој е таму благодарение на нив

Но, никако од СДС да слушнеме да побараат одговорност од градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани, кој не се чувствувал виновен за тоа што здрацвјето на граѓаните е загрозено.

Веројатно од СДС се подготвени да измислат се и сешто, освен да го направат вистинскиот чекор и да побараат одговорност, и подготвени се на секое решение да му најдат проблем.

Инаку, гостиварчани секојдневно добиваат 60 тони вода од страна на СОЗР, а има и приведени од страна на надлежните и се работи на обезбедување докази кои ќе бидат доставени до обвинителството.

Моментот не е СДС да се истакне колку бесмислици може да измисли, и да се докажуваат и да го користат токму овој период, за да добијат политички поени. Пак во коалиција со ДУИ и Таравари, го штитат нивниот кадар.

Затоа што ако не беше нивни кадар, упте веднаш ќе побараа одговорност, уште веднаш ќе го преполнеа медиумскиот простор со прес-конференции и изјави со спинувани и непрецизни информации. Но, потребата на СДС да дојде, на власт е толку голема што повторно и во опозиција му излегува во пресрет на ДУИ и Таравари и го заобиколува Валбон Лимани, а во јавноста пласира теми кои немаат никаква поврзаност со актуелната состојба во државата и кризата во Гостивар.

СДС, ДУИ и Таравари, се коалиција во опозиција, која се обидува од сите кризи да шири паника кај граѓаните, и опозиција која освен власт не сака ништо друго и воопшто не е заинтересирана за граѓаните и она со кое што тие се соочуваат токму поради нив, во овој конкретен случај во Гостивар, од локалната власт, предводена токму од нив, се наведува во партиксото соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер