Фото: Убавици кои заработуваат милиони - Канал 5

Фото: Убавици кои заработуваат милиони

Тие се убави и неодоливи. Во нивната убавина ужива целиот свет. Убавината е всушност и нивниот алат за работа.

Токму затоа и не зачудува фактот што токму поради својата убавина тие заработуваат милиони.

Ова се петте најплатени светски манекенки во 2017 година



Кендал Џенер

Кендал Џенер благодарејќи и на својата убавина во 2017 година заработи 22 милиони долари, со кои стана најплатената светска манекенка и по цели 15 години од тронот ја симна некогашната кралица Жизел Бундшен.

Поврзана слика


Жизел Бундшен

37- годишната бразилска убавица Жизел Бундшен по цели 15 години се симна од тронот на најплатената светска манекенка. Убавата Жизел годинава заработи „само“ 17,5 милиони долари кои беа доволни за втората позиција на листата на најплатените манекенки на светот.

Резултат со слика за krisi tajgen

Криси Тајген

Сопругата на мегапопуларниот пејач Џон Леџенд, манекенката Криси Тајген годината ја завршува со заработка од 13,5 милиони долари. Годината што изминува 32 годишната Криси ќе ја запамети секако повеќе по скандалите кои ги правеше на црвениот тепих, покажување на отркивањето на нозете и покажувањето на голото тело,...
Поврзана слика


Адриана Лима

Уште од далечната 2000 година кога го потпиша својот прв договор , Адријана Лима е една од најплатените светски манекенки. Некогашната сопруга на кошаркарот Марко Јариќ, годината што изминува ја завршува со заработени 10,5 милиони долари, доволни за четвртата позиција ја листата на најплатени манекенки.



Гиги Хадид

Листата на пет најплатени манекени ја затвора 20-годишната убавица Гиги Хадид. Младата манекенка во 2017 година заработила само 9,5 милиони долари, што е секако огромен успех за една така млада девојка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неуспешен завршетокот на COP31: Земјите не постигнаа договор за фосилните горива и климатското финансирање

Земјите не успеаја да постигнат нов голем договор за справување со климатските промени на климатската конференција COP31 во Турција. 

Неуспешен завршетокот на COP31: Земјите не постигнаа договор за фосилните горива и климатското финансирање

Преговорите, кои требаше да завршат во петокот, продолжија до вчера и станаа најдолгата климатска конференција на он досега.

Главната причина за неуспехот се длабоките поделби околу употребата на фосилните горива и финансирањето на климатските мерки. Европската унија и островските држави од пацификот го отфрлија конечниот договор бидејќи во него директно не се споменуваат фосилните горива. Посиромашните земји, пак, реагираа на отсуството на конкретни финансиски обврски од побогатите држави. Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, изрази длабоко разочарување од исходот на преговорите. Тој ги обвини моќните нафтени интереси дека ја искривуваат науката и го попречуваат преземањето мерки против климатските промени. Австралискиот премиер Ентони Албанезе неуспехот го оправда со тешките геополитички околности.Земјите производители на нафта се спротивставија на споменувањето на фосилните горива во договорот, со што преговорите завршија без конкретен напредок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Поддршка за кампањата против насилство врз жените, собирањето политички поени во оваа битка треба да се заборави

ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија дава јасна поддршка против насилство врз жените. Вакви теми не треба да се злоупотребуваат за политички поени од никој.

ВМРО-ДПМНЕ: Поддршка за кампањата против насилство врз жените, собирањето политички поени во оваа битка треба да се заборави

Прво, сите овие случаи на насилство врз жените мора да бидат проследени со институционален одговор, и тоа не само од МВР.

Второ, дотолку е поважно функционирањето на превентивни механизми. Како општество целта треба да биде една и јасна, да не стигнуваат работите до тој степен. Значи не треба да ни се случуваат случаи како убиството на 31-годишната Ајнет во Битола, убиството на 17-годишната Билјана Кириќ во Богданци, случајот со Ивана и нејзината ќерка и слично.

Трето, за сите случаи треба да следи соодветен одговор од правосудството, односно и од обвинителските и од судските инстанци.

Во борбата против ваквиот тип на насилство врз жените не смее да има селективност, иако некои опозициски кругови се обидуваат да го користат за политички поени.

Појавата на овие случаи не е од вчера и пред сè треба да се стават во целосна функција превентивните механизми, бидејќи целта е пред сè да го спречиме насилството врз жените.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈСП заштедило половина милион евра за гориво, Скопје ќе добие новогодишен дочек со македонски изведувачи

ЈСП годинава остварило заштеда од околу половина милион евра за гориво, и покрај тоа што бројот на автобуси во сообраќај е зголемен за околу 50, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.

ЈСП заштедило половина милион евра за гориво, Скопје ќе добие новогодишен дочек со македонски изведувачи

ЈСП годинава остварило заштеда од околу половина милион евра за гориво, и покрај тоа што бројот на автобуси во сообраќај е зголемен за околу 50, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на вклучување во живо на Фејсбук, во кое разговараше со граѓаните за подготовката на буџетот за следната година. Тој посочи дека кога ја презел функцијата сообраќале 148 автобуси, а денес на линиите има над 200.

Заштедата ја поврза со подобрата контрола на потрошувачката преку ГПС-систем и сонди за мерење на горивото. Најави и дека наскоро се очекува пристигнување на 100 нови еколошки автобуси, за кои се подготвува потребната инфраструктура за полнење. Ѓорѓиевски најави и дека Скопје ќе организира дочек на новата 2027 година со програма посветена на македонската музика и домашните изведувачи. Во организацијата повторно ќе помогне Државната лотарија, а новогодишната програма ќе започне околу 15 дена пред 31 декември. Градоначалникот најави дека градот навреме ќе биде украсен за претстојните празници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер