3Народен правобранител: Утре од 7:00 до 19:00 часот ќе биде отворена подрачната канцеларија во Тетово
Универзитетска клиника за психијатрија: Расте бројот на пациенти кои побарале помош поради претрпено семејно насилство
2Универзитетска клиника за психијатрија: Расте бројот на пациенти кои побарале помош поради претрпено семејно насилство
3Клиника за онкологија: Од дистрибутерот добивме уверување дека терапијата „Phesgo“ ќе се реализира во понеделник
ЗабаваФото: Убавицата со најсовршениот задник на ИнстаУбавата Русинка Наташа Красавина е позната како девојката со најубав задник на социјалната мрежа Инстаграм. Убавата Наташа е фитнес модел. 23 годишната убавица многу млада уште во тинејџерските денови поради својата убавина започнала да заработува одлично како манекенка. Потоа Наташа станала и диџеј, а сега е една од најпознатите инфлуенсери, но има и свој профил на OnlyFans. Младата Русинка сега е многу попозната по уметничкото име Ната Ли, а нејзиниот задник важи за најсовршениот на Инстаграм. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Забава„MUSE“ – ново поглавје во креативниот свет на Милена Танасковска – ПупиПо години посветени на стајлингот и модниот израз, Милена Танасковска – Пупи го претстави својот прв моден проект – колекцијата „MUSE”. Настанот се одржа на 16 октомври, во просторот на URMA Concept store, каде посетителите имаа можност одблиску да го запознаат новото креативно поглавје на Пупи. „MUSE“ е природно продолжение на нејзиниот досегашен професионален пат, но и чекор кон поавторски моден израз. По долгогодишното искуство во создавањето и обликувањето стилски приказни, Пупи за првпат го преточува својот сензибилитет во сопствена колекција, во која модата станува начин за изразување став, индивидуалност и лична естетика. Зад брендот PUPI стои идејата за мода создадена со личен пристап, надвор од концептот на масовно производство. Секое парче се изработува по нарачка, од висококвалитетни природни материјали, со можност за индивидуален избор на ткаенина и боја, како и прилагодување според мерките на клиентот. На овој начин, секоја креација добива лична димензија, а процесот на создавање станува исто толку важен колку и финалниот изглед. Визуелната приказна на колекцијата е инспирирана од Париз – неговата безвременска елеганција, урбаниот ритам и ненаметливиот шик. Соработката со URMA Concept Store ја поставува колекцијата во простор што ја обединува модата со концептуалниот пристап кон стилот и современото купувачко искуство. За презентацијата беше подготвен и ограничен избор парчиња, достапни ексклузивно на 16 октомври, со што настанот доби карактер на внимателно курирано модно доживување. Со „MUSE“, Милена Танасковска – Пупи отвора ново поглавје во својата креативна приказна, претворајќи го долгогодишниот интерес за модата во сопствен бренд со јасна естетика и индивидуален пристап. PUPI е посветен на жената која ја цени автентичноста и не се стреми да биде обична, туку да го пронајде сопствениот израз преку парчиња создадени токму за неа. Настанот беше поддржан од Play All Day Cafe.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканПетти ден насилни протести во Тирана Вечерва тензично и во Тирана, каде што петти ден по ред студентите и граѓаните протестираат на улиците на Тирана. Според албанските медиуми, до жестоки судири дошло пред министерството за образование и владата, каде што полицијата употребила солзавец, водени топови, а според некои информации, и гумени куршуми. Полицијата привела 167 лица, а тензиите од главниот град се прелеаја и во неколку други градови. Протестите се поттикнати од незадоволството поради наводната корупција во владата, недостигот од работни места и ниските стандарди во образованието. Демонстрантите воедно бараат оставка од премиерот Еди Рама. Тагови: Тирана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСветски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00Канал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
ЕвропаМаѓар се согласи, ќе дозволи транзит на украинско житоУнгарскиот премиер Петер Маѓар денес изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски побарал од соседните земји Полска, Романија, Словачка и Унгарија да дозволат транзит на украинско жито поради блокадата на Црното Море.Маѓар, кој вчера се согласи да ги обнови односите меѓу Украина и Унгарија на билатералната средба со Зеленски, рече дека нема да се спротивстави на таквата мерка ако украинските пратки жито минуваат само низ Унгарија, објави „RTL.hu“. Украина имаше тешкотии со извозот на жито по море поради руските напади врз нејзините пристаништа на Црното Море, па затоа пренасочува дел од своите земјоделски производи кон копнени патишта преку соседните земји. Сепак, капацитетот на овие патишта е ограничен и не може целосно да го замени поморскиот извоз. Извор: Б92Тагови: Петер Маѓар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter