Фото: Убавицата на Дани Алвеш - Канал 5

Фото: Убавицата на Дани Алвеш

Бразилскиот фудбалер , сега член на ПСЖ, Дани Алвеш сигурно е еден од најтрофејните фудбалери на светот.

Славниот Бразилец досега има освоено повеќе од 30 трофеи. Најголемата слава 35 годишниот Алвеш ја стекна во Барселона со која освои се што можеше да се освои во светот на клупскиот фудбал. Со голем успех Алвеш настапуваше и во екипите на Севилја и Јувентус.

Негова најголема поддршка во животот му е 24 годишната сопруга Џоана Санц. Алвеш ја запозна шпанската убавица во 2015 година , двојката минатата година тајно се венча во монденската Ибица.

Прекрасната Џоана е успешен модел, а на социјалните мрежи на кој редовно објавува секси фотографии има повеќе од половина милион фанови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ирена Илиевска, Директорка на Агенцијата за одземен имот: Над 3 милиони евра приходи од управувањето со одземен имот

Одговорно управување, финансиска дисциплина и конкретни резултати во интерес на државата и граѓаните.

Ирена Илиевска, Директорка на Агенцијата за одземен имот: Над 3 милиони евра приходи од управувањето со одземен имот

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија продолжува со институционалниот отчет за двегодишната работа, презентирајќи конкретни резултати што потврдуваат дека јавната функција мора да значи одговорност, ефикасност и мерливи придобивки за граѓаните.

Во изминатите две години, Агенцијата за управување со одземен имот, предводена од директорката Ирена Илиевска, оствари над 3 милиони евра приходи, повеќе од двојно во однос на претходниот период, преку наплата на противправно стекната имотна корист, продажба и отстапување имот и продажба на акции.

Продадени се седум конфискувани недвижности, 59 возила во исправна состојба и 384 возила како старо железо.

Повеќе од 34 возила се отстапени на државни институции, додека запленета и проверена стока е донирана на повеќе од 105 институции низ државата.

Истовремено, целосно се исплатени затекнатите обврски кон добавувачите во износ од околу 4 милиони денари, вработени се 23 лица и набавен е електронски регистар на конфискуван имот, пред рокот предвиден со Реформската агенда.

„За ЗНАМ, конфискацијата не е крај на постапката. Одземениот имот мора да биде заштитен, со него да се управува одговорно и да се стави во функција на државата и граѓаните. Тоа е суштината на владеењето на правото – незаконски стекнатиот имот да создава јавна вредност, наместо да пропаѓа и да остане неискористен“, е пораката од институционалниот отчет.

Резултатите се потврда дека со финансиска дисциплина, стручни кадри, дигитализација и координација со надлежните институции може да се унапреди ефикасноста и транспарентноста во управувањето со конфискуваниот имот.

ЗНАМ останува посветен на институции што испорачуваат резултати, одговорно управуваат со јавните ресурси и работат исклучиво во интерес на државата и граѓаните.

Две години работа.

Две години резултати.

Една љубов – Македонија!

Движење ЗНАМ – За наша Македонија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. 

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

Секторот за санитарна контрола во периодот од 05.10.2026 до 09.10.2026 зема 208 примероци за физичко-хемиска и 208 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 53 мерни места во Градот Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Царинска управа: Пронајдена дрога кај германски државјанин, случајот снимен со боди-камерите

Царинските службеници на граничниот премин Табановце, на влез во државата, запленија хашиш, амфетамин, MDMA и тетрахидроканабинол пронајдени кај германски државјанин кој патувал со својот сопружник. 

Царинска управа: Пронајдена дрога кај германски државјанин, случајот снимен со боди-камерите

Случајот е документиран и со снимка од телесните камери кои беа обезбедени како донација од Министерството за правда на САД.

Во случајот, откако автомобилот бил селектиран за контрола, царинските службеници пронајдоа супстанца со зеленкаста боја спакувана во црна кесичка, жолта восочна супстанца спакувана во црни кутивчиња, дрога во форма на бомбони како и дробилки и вага за прецизно мерење. Извршен е и личен претрес на осомничениот, при што се пронајдени дополнителни количини на супстанци со зеленкаста боја, бела прашкаста материја, гел во бела боја и таблети со портокалова и кафена боја.

Лицето е приведено од страна на инспектори од Одделението за истраги и преземени се предистражни дејствија, во чии рамки под налог на јавен обвинител, извршено е и вештачење на дрогата со кое е утврден нејзиниот состав. Против сторителот е поднесена кривична пријава до ОЈО Куманово за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер