ЗабаваФото: Убавица во шестата деценија од живототВодителката, писателка и модел Падма Лакшми уште еднаш покажа дека вистинската убавина на жената не бледнее дури ни во шестата деценија од животот.Убавата Падма Лакшми стекна светска слава во 2023 година кога се појави на насловната страница на познатото списание „Sports Illustrated Swimsuits“. Нејзиниот изглед во шестата деценија од животот ги воодушеви луѓето низ целиот свет. Атрактивната водителка поради својот изглед стекна популарност меѓу корисниците на интернет, и сега на нивна голема радост редовно објавува фотографии на мрежите, на кои може да се види во бикини но и во бизнис издание. Следбениците на социјалните мрежи беа посебно воодушевени од изгледот на Падма во минијатурно розово бикини кое ги истакна нејзините прекрасните облини и бујните гради. Покрај тоа, нејзиното лице со минимална количина шминка го привлече вниманието на светот, а со овој потег сакаше да покаже дека вистинската убавина на жената не бледнее дури ни во шестата деценија од животот. Тагови: бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИн мемориам: Почина великанотТрајан Јовковски Вчера на ден 17.07.2026, по кратко боледување почина Великанот на МОК, кајакарот Трајан Јовковски. Погребот ќе се одржи утре на ден 19.07.2026 на гробиштата во Бутел од 9:30 - 10:30 часот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево14:09Министерот Клековски ќе ја посети болницата во Гостивар 10:53Забрана за пиење на водата во Гостивар, граѓаните бараат одговори – кој дозволи да се труеме?18:20Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода15:00
Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18
Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево14:09
ЖивотРазоткриена голема европска мрежа за дрога: Разбиени тајни лаборатории за производство на амфетамин При претресот на просториите и домовите што ги користеле осомничените, истражителите заплениле големо количество докази.Голема меѓународна група за организиран криминал, осомничена за управување со повеќе лаборатории за масовно производство на амфетамини, е разбиена во обемна прекугранична операција поддржана од Европол. Операцијата била предводена од германското Јавно обвинителство во Крефелд и полицијата во Менхенгладбах, при што во раните утрински часови на 15 јули беа спроведени координирани рации. За време на операцијата беа претресени десет локации во Германија и три во Холандија, а беа уапсени и неколку осомничени лица. Истрагата е насочена кон девет лица осомничени за набавка на прекурзори – конкретно основни хемикалии – во количини од неколку тони од 2025 година наваму, наменети за нелегално производство на амфетамини, како и за управување со мрежа од тајни лаборатории. За време на претресите на просториите и домовите што ги користеле осомничените, истражителите заплениле големо количество докази кои ќе бидат подложени на форензичка анализа. Полицијата особено се фокусираше на лоцирање на производствените капацитети. Како резултат на тоа, темелно беа прегледани два магацина во германските градови Калденкирхен и Нидеркрихтен; истражителите веруваат дека тие се користеле за производство и складирање на синтетички дроги. На денот на операцијата, Европол ангажираше двајца специјалисти обучени за откривање и демонтирање на лаборатории за производство на дрога. Нивните тимови беа опремени со модерна технологија за откривање хемиски супстанции и обучени за работа во услови на висок ризик, карактеристични за нелегалните лаборатории. Ова овозможи безбедно ракување со опасни материи, како и прибирање клучни докази што ќе се користат во понатамошните правни постапки.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево14:09Министерот Клековски ќе ја посети болницата во Гостивар 10:53Забрана за пиење на водата во Гостивар, граѓаните бараат одговори – кој дозволи да се труеме?18:20Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода15:00
Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18
Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево14:09
БалканДве авионски бомби од Втората светска војна уништени во близина на Дунав во ХрватскаДве авионски бомби, заостанати од Втората светска војна, денес биле успешно уништени во Дунав, во близина на Батина во Хрватска.Поради големата опасност, полициски пиротехничари извршија контролирана детонација на местото на пронаоѓање, додека целата област беше обезбедена со посебни безбедносни мерки, соопшти Полициската управа на Осиек-Барања. Хрватската полиција вчера, околу 10 часот, добила пријава за експлозивни направи на 1.430-тиот километар од реката Дунав. На терен веднаш биле упатени припадници на Регионалната единица за противминско дејствување од Осиек и на Службата за противминско дејствување при Полициската управа. Утврдено е дека станува збор за две авионски бомби од советско производство, опремени со соодветни оклопни детонатори. Според проценката на пиротехничарите, тоа биле експлозивни направи со голема разорна моќ. Секоја бомба тежела околу 150 килограми и содржела приближно 50 килограми експлозив. Поради специфичните детонатори, секое поместување или транспорт претставувало исклучително висок безбедносен ризик. Затоа е донесена одлука бомбите да се уништат на местото каде што биле пронајдени, се наведува во полициското соопштение. Двете бомби се уништени со контролирани експлозии во 11:52 часот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево14:09Министерот Клековски ќе ја посети болницата во Гостивар 10:53Забрана за пиење на водата во Гостивар, граѓаните бараат одговори – кој дозволи да се труеме?18:20Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода15:00
Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18
Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево14:09