ЗабаваФото: Убавица со длабоко деколте, девојката на Јусеин БолтНовата „риба“ на Болт!Најбрзиот човек на светот, атлетичарот од Јамајка Јусеин Болт има нова девојка. Заљубената двојка со заедничка фотка од кревет го честите големиот празник Божиќ. Фотографијата секако предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи. Осумкратниот олимписки шампион Болт, пензионерските денови ги минува во друштво на убавата девојка Кејси Бенет. Според фотките може да се забележи дека Кејси е вистинска убавица која обожува да има длабоко деколте. За новата девојка на Болт не се знае многу, но медиумите шпекулираат дека снимала филмови за возрасни.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре сончево и топло со мала до умерена облачностСончево и топло со мала до умерена локална облачност. Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 36 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината процесите ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 36 степени. За време на викендов времето претпладне ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град. А во новата работна седмица ќе биде сончево и топло, со услови за слаба локална нестабилност во попладневните часови.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканВучиќ: Хаг ја сакаше смртта на Младиќ зад решетки, ќе биде погребан според желбата на семејствотоТој испрати остра порака кон Хашкиот трибунал. Србија ќе организира сè за достоинствен погреб на Ратко Младиќ доколку тоа го побара неговото семејство, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ кој рече дека се подготвени како државата да помогнат, но оти Србија сè уште нема официјално известување од Хаг за смртта на Младиќ. Тој испрати остра порака кон Хашкиот трибунал. Младиќ кој почина вчера во затворот во Хаг на 85-годишна возраст, беше осуден на доживотен затвор за геноцидот во Сребреница, злосторства против човештвото и воени злосторства извршени за време на војната во Босна и Херцеговина. -Сега видовме дека Хаг сакаше Младиќ да почине зад решетки. Тие не сакаа генералот да почине во Србија, да умре каде што сакаше. Тоа е антицивилизациско однесување, однесување без преседан и без оправдување.- изјави Вучиќ Тагови: Александар Вучиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТајфун ја погоди Кина: На повеќе од 870.000 им е наредено да се евакуираат (ВИДЕО)Тајфунот Саудел двапати го погоди источниот брег на Кина во петок наутро. Властите евакуираа луѓе и ги запреа возовите и фериботите, објави Ројтерс.Тајфунот го погоди градот Таиџоу околу 8 часот наутро по локално време и градот Венџоу еден час подоцна. Ова е трет тајфун што ја погодува покраината Жеџијанг оваа година. Саудел ќе донесе обилни дождови во Жеџијанг и Фуџијан, покраина на југоисточниот брег, со можност за локални поројни дождови, соопшти кинеската државна новинска агенција Ксинхуа. Додека тајфунот се движи кон внатрешноста, може да донесе обилни дождови во други региони на покраината, вклучувајќи ги Хубеи, Гуангси и Јунан. Владата на Венџоу нареди евакуација на повеќе од 820.000 луѓе, додека властите во Таиџоу суспендираа осум линии за патнички фериботи и идентификуваа 52.000 луѓе кои треба да бидат евакуирани, објави државниот радиодифузер „CCTV“. #BreakingNews Typhoon Saudel has JUST made landfall in Zhejiang!🌧️Before the storm hit, Chinese and foreign volunteers joined forces to help warn local residents at Yancang Community near Ningbo’s Old Bund on Aug 27. French expat Samy, a community expat, shared his experience.… pic.twitter.com/5Jp7epqfkN — WowNingbo (@WowNingbo) August 28, 2026 Железничкиот оператор „China Railway Shanghai Group“ привремено ги суспендираше некои услуги на неколку линии во Жеџијанг од четврток до петок, според „CCTV“. Фуџијан во четврток започна итни мерки против тајфунот. Проектите по должината на брегот се суспендирани, а 57 патнички фериботски линии се затворени. Извор: Б92Тагови: Кина тајфун Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook