Фото: Убавица на трибините во Мадрид

Фудбалерите на Реал Мадрид веќе подолг период немаа вистинска поддршка од трибините поради пандемијата од корона.

Но, секогаш меѓу присутните се нивните поубави половини, девојките и сопругите.

Секако поради атрактивните изглед обично овие убавици некогаш се многу поинтересни од тоа што се случува на зелниот терен за останатите присутни на стадионот.

Рењдовно на трибините во Мадрид меѓу другите е и убавата бразилска инфлуенсерка Каролина Лима. Таа редовно на социјалните мрежи става стории кој ги прави за време на натпреварите на Реал во чии редови настапуванејзиното момче Едер Милитао.

Сексапилната Каролина инаку пред да бида во врска со Едер му била девојка на својот сонародник , светската фудбалска ѕвезда Нејмар.

Реакција на Комисијата за историски и образовни прашања за оставката на членот Ванчо Ѓорѓиев

Македонскиот дел на Мултидисциплинарната експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија излезе со реакција по повод соопштението на членот на Комисијата, проф. д-р Ванчо Ѓорѓиев, за негова оставка.

Во продолжение го пренесуваме соопштението во целост:

„Во врска со соопштението за медиумите на нашиот почитуван колега д-р Ванчо Ѓорѓиев за неговата оставка од Комисијата, би сакале да го истакнеме следново. Со колегата д-р Ѓорѓиев изминатите три години заедно и посветено работевме во Комисијата и донесовме добри решенија со кои сметаме дека помагаме во надминување на спорот помеѓу двете држави, зачувувајќи ги националните интереси на македонската држава, Македонците и другите етнички заедници и затоа сме крајно изненадени од тврдењата во неговото соопштение.

Истовремено, сакаме да потенцираме дека научните принципи во работата на Комисијата биле, се, и ќе останат непроменети и дека не постои никаква основа да се тврди дека постои нов принцип на работа, ниту политички притисок од МНР, Владата или политичките партии.

Исто така, вчерашните и денешните разменети предлог-идеи во ништо не отстапуваат или, пак, се разликуваат од досега разменетите предлози и пристапот кој е усогласен од сите членови на македонскиот дел од Комисијата од самиот нејзин почеток и кои во ништо не ги нарушува или, пак, се спротивни на македонскиот идентитет, национални интереси и спомнатите во соопштението на колегата Ѓорѓиев црвени линии усвоени во Собранието". /МИА

Како дејствува и за кого е наменет лекот „Молнупиравир“ против ковид-19?

Единствениот лек за Ковид 19 во форма на таблети ќе биде достапен и во Македонија.

Кога точно „Молнупиравирот“ ќе го има во аптеките и колку ќе чини не се знае, но властите ја започнаа постапката за набавка.

Молнупиравирот може да се зема само во првите пет дена од дијагностицирање на вирусот, а досегашните клинички испитувања покажуваат дека хоспитализацијата со овој лек се намалува за 50%.

Според микробиологот проф. Д-р Никола Пановски за употреба на овој лек треба да има итно достапни тестирања на државно, оти додека се чека за ПСР тест, ќе мине периодот кога треба да се зема лекот.

Дополнителни дилеми се кој од граѓаните треба да има предност за да го зема овој лек, вели Д-р Пановски.

Овој лек, вели Д-р Пановски, државата треба да го набави, иако една терапија - пет дена по две таблети чини 700 долари.

Сепак, граѓаните мора да знаат оти овие таблети не се замена за вакцината.

Во однос на епидемиолошката состојба, тој очекува зголемување на дневниот број на заразени во наредниот период, но не и силен есенски бран.

Мицкоски: Ги повикувам и останатите членови на историската Комисија да поднесат оставка

Шокиран сум од веста дека Ванчо Ѓоргиев поднел оставка од член на македонско-бугарската Комисија за историски и образовни прашања, изјави денеска во Битола, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека ако е вистина тоа оти „некој меѓу двата изборни круга одлучува да распродава дел од македонскиот идентитет и да ја продава Македонија и на сметка на тоа политички да опстане", тогаш тој „навистина е шокиран".

– Веднаш повикувам и останатите членови на Комисијата која преговара, да ја следат постапката на професорот Ванчо Ѓоргиев. Ние имаме јасна Декларација во Парламентот и очекувам да се држат до Резолуцијата што ја усвои македонскиот Парламент. Очекувам личните и бизнис интереси да бидат оставени на страна и апелирам до членовите на историската комисија за трезвеност, патриотски чувства, затоа што ова се чувствителни моменти за македонскиот народ и да внимаваат што преговараат и што потпишуваат, изјави Мицкоски.

притисни ентер