Фото:Убавица без целулит!! - Канал 5

Фото:Убавица без целулит!!

Манекенката Јована Вентура која пред 4 години стана светски позната поради  врската со музичката ѕвезда Џастин Бибер, одмара во Мајами.

Фото:Убавица без целулит!!

Убавата Јована на жешката плажа е фотографирана во неколку пеколни пози, кои открија дека на нејзиното тело нема грам целулит.

Совршеното тело на убавата манекенка покриено само со минијатурното бикини беше забележано од сите присутни на плажата во Мајами.

Инаку поранешната девојка на Џастин и понатаму е интересна за јавноста . Јована на социјалните мрежи секојдневно објавува свои провокативни фотографии во кои уживаат нејзините 5 милиони фанови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Sony“ им плаќа милиони на гејмерите: Еве кој ги добива парите

Играчите на „PlayStation“ добиваат поврат на парите поради цените на игрите.

„Sony“ им плаќа милиони на гејмерите: Еве кој ги добива парите

„Sony“ се согласи да им плати речиси 8 милиони долари на играчите на „PlayStation“ кои платиле повисоки цени за одредени дигитални игри.

Изминатите неколку месеци беа жариште на дебата за сопственоста на дигитални игри, при што гејмерите се обидуваа да обезбедат заштита на нивните права. По ова прашање беа поднесени неколку тужби против различни компании.

Ова вклучува тужба за одлуката на „Sony“ од 2019 година да им забрани на трговците на мало од трети страни да продаваат индивидуални кодови за преземање игри. Како резултат на тоа, гејмерите мораа да купуваат директно од „Sony“ неколку години, наместо преку Амазон или друг трговец на мало.

Во тужбата се тврди дека потегот на „Sony“ ги принудил клиентите да купуваат исклучиво преку нив, што довело до повисоки цени. Иако „Sony“ негира какво било кривично дело и судот не пресуди за ова прашање, брендот „PlayStation“ се согласи на вонсудска спогодба од околу 8 милиони долари.

Според веб-страницата „PSNDigitalGamesSettlement“, играчите кои ги исполнуваат условите ќе го добијат својот дел од исплатата во форма на кредит на нивната „PSN“ сметка, без да мора да преземат никаква акција.

Меѓутоа, ако ја деактивирале својата сметка, можат да побараат исплата преку чек. Крајниот рок за поднесување барања преку чек беше 27 август, но постои можност за барање продолжување со правна помош.

Дополнително, за да има право на исплата, корисникот мора да биде жител на Соединетите Американски Држави и да купил една од игрите наведени во судските документи помеѓу 1 април 2019 година и 31 декември 2023 година.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР со засилени контроли- казнети 189 пешаци

Засилени контроли за прекршоци сторени од пешаци – констатирани 189 прекршоци .

МВР со засилени контроли- казнети 189 пешаци

На 02.09.2026 година, во периодот од 10:00 до 15:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола насочена кон прекршоци сторени од пешаци. При спроведената контрола, констатирани се вкупно 189 прекршоци. Најголем број прекршоци се констатирани на подрачјето на СВР Штип – 57, СВР Битола и СВР Струмица по 32 и СВР Тетово со 27 прекршоци.

Од вкупниот број констатирани прекршоци, 159 се однесуваат на небезбедно преминување на улица, односно преминување надвор од обележан пешачки премин или на место кое не е предвидено за преминување на пешаци. За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи.

Во текот на контролата констатирани се и 134 прекршоци од друг вид. Министерството за внатрешни работи продолжува со спроведување на засилени сообраќајни контроли со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Апелираме до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, улиците да ги преминуваат исклучиво на обележани пешачки премини или на други места предвидени за безбедно преминување и со своето однесување да придонесат за поголема безбедност во сообраќајот, соопштија од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра

Сузбиена криминална група, поднесена кривична пријава за шест физички и три правни лица, лишени од слобода три лица за перење пари, проневера во службата и несовесно работење во службата, проневериле над два милиони евра.

Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра

На 02/03.09.2026 од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со ОСПО—ЕБР, а под раководство на ОЈО за ГОКК, спроведена е полициска акција, при што сузбиена е криминална група инволвирана во извршување на кривични дела „проневера во службата“, „перење пари и други приноси од казниво дело” и „несовесно работење во службата”.

Во рамки на акцијата, врз основа на претходно обезбедени наредби од Основен кривичен суд, извршени се претреси на повеќе локации во Скопје, при што лишени од слобода се С.С., Ш.С. и З.Ѓ., а при извршените претреси пронајдени и одземени се околу 27.735 евра, 38.500 денари, 750 швајцарски франци и 100 долари, повеќе телефонски апарати и две патнички моторни возила.

Денеска (03.09.2026) Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал криминал до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против шест физички и три правни лица, и тоа: С.С. (49)- сопственик на правно лице од с.Кучевиште и неизвршен член на одбор на директори во осигурително брокерско друштво, Ш.С. (29)- извршен член на одбор на директори во осигурително брокерско друштво и З.Ѓ. (58)- извршен член на одбор на директори во осигурително брокерско друштво за „проневера во службата” (чл.354 ст.5 во врска со ст.1) и „перење пари и други приноси од казниво дело” (чл.273 ст.1) од КЗ, против Д.М. (54)- вработен во правно лице од с. Кучевиште како раководител на станица за технички преглед за „проневера во службата” (чл.354 ст.5 во врска со ст.1) од КЗ, против Т.М. (64)- вработена во Јавно претпријатие за државни патишта како помошник директор за „несовесно работење во службата” (чл.353-в ст.1, 2 и 3) од КЗ, против М.Д. (40)- вработен во друштво за книговодствени услуги за „проневера во службата” (чл.354 ст.5 во врска со ст.1), „перење пари и други приноси од казниво дело” (чл.273 ст.1) во врска со „помагање“ (чл.24) од КЗ, сите од Скопје и против правно лице од Скопје и правно лице од с. Кучевиште. за „перење пари и други приноси од казниво дело” (чл.273 ст.1) од КЗ и правно лице од Скопје за „перење пари и други приноси од казниво дело” (чл.273 ст.1) во врска со „помагање“ (чл.24) од КЗ.

С.С. во својство на управител на правно лице од с. Кучевиште, кое од 2011 година имало овластувања за вршење на технички преглед на возила, во периодот од 01.01.2021 - 20.01.2026 со намера за себе да прибави противправна имотна корист во износ од 138.877.419 денари изготвувал и доставувал лажни извештаи за наплатени надоместоци при регистрација на возила до Јавното претпријатие за државни патишта, Црвен Крст, Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Mинистерство за животна средина и општините. При изготвување на извештаите и лажирање на податоците, С.С. дејствувал заедно со Д.М., кој бил овластен за изготвување и потпишување на фактури и доставување на извештаи до надлежните институции. Прикривањето на паричните средства на наплатените парични средства било преку осигурително брокерско друштво, на чии сметки биле наплаќани предвидените надоместоци, иако согласно закон на сметка на брокерското друштво требало да се наплаќа само полисата за осигурување. Како извршни членови на Одборот на директори и овластени лица во критичниот период биле Ш.С. и З.Ѓ., кои знаеле дека дел од приходите потекнуваат од наплата на надоместоци, а не од дејноста на осигурување и заедно со С.С. како неизвршен член на Одборот на директори понатаму го прикриле потеклото на парични средства со префрлање од една на друга сметка на правните лица и мешање на истите со приходите од редовното работење по различни основи (во најголем дел позајмици), а со цел со дел од криминално стекнатите паричните средства да се купуваат недвижности во корист на правното лице.

Т.М. во својство на помошник директор за финансии во Јавното претпријатие за државни патишта иако имала обврска да го следи уплатениот надоместок и да врши проверка на доставуваните извештаи, односно споредба на наплатените средства со пресметаните надоместоци во извештаите врз основа на кои се исплаќале фактури за провизија за извршена услуга на правното лице, како и да бара навремено наплаќање на пријавениот надоместок од утврдените разлики, истата пропуштила должен надзор и го известувала Д.М. за наплатениот износ на сметката на ЈПДП наместо правното лице од с.Кучевиште да доставува месечни извештаи до нив, на кој начин на С.С. му овозможиле да се стекне со противправна корист во износ 48.434.406 денари по однос на надоместок за патна такса.

М.Д. како овластен сметководител во правно лице од Скопје во сметководствената документација евидентирал невистинити податоци кои се разликувале од реалната документација од работењето и воедно поднесувал даночни пријави и во Годишните сметки кои што не ја прикажувале реалната финансиска состојба на правното лице од с. Кучевиште. На овој начин на С.С. му овозможиле да се стекне со противправна корист во износ 138.877.419 денари по однос на надоместоци кои се наплаќале при регистрација на возила.

Со наведените дејствија лицата се стекнале со имот-парични средства во износ од 138.877.419 денари (2.258.169 евра), а на штета на Буџетот на Р.С.Македонија, односно на штета на Јавното претпријатие за државни патишта износ од 48.434.406 денари, Црвен Крст износ од 1.485.926 денари, Министерство за животна средина 5.585.098 денари, Буџет и Комунална такса за Општините износ од 83.371.988 денари, соопшти МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер