Фото: Убавата Рита - Канал 5

Фото: Убавата Рита

Прекрасната Чарли Рина е интернет сензација, актерка, активистка но и Плејбој зајачица на годината.

Фото: Убавата Рита

Убавата Рина е родена во Полска, но многу брзо по раѓањето целото нејзино семејство се сели во Канада. Полската убавица во Канада брзо ја добива титулата „чудо од дете“ по победата на шаховски турнир.

Потоа Рина се запишува на студии по криминологија и форензика на Универзитетот во Торонто.

Сепак нејзината академска кариера паѓа во втор план, откако Рина победува на неколку избори на убавина. Рина била прогласена за Мис на Хаваи, а потоа направила и фотосесија за американскиот, полскиот, унгарскиот, словачкиот ... Плејбој. Поради што ја заработила и титулата „Плејбој зајачица на годината“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 22 Ноември – Денот на албанската азбука

22 Ноември е датум чие значење ја надминува симболиката на историски јубилеј. Тој е сведоштво за национална визија и свест за посебен идентитет, чиј темел е стандардизираната албанска азбука.

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 22 Ноември – Денот на албанската азбука

Почитувани сограѓани Албанци,

22 Ноември е датум чие значење ја надминува симболиката на историски јубилеј. Тој е сведоштво за национална визија и свест за посебен идентитет, чиј темел е стандардизираната албанска азбука.

Конгресот во Битола од 1908 година означи пресвртница и нова фаза во развојот на албанската нација, преку образование и култура на унифициран албански јазик.

Јазикот е основниот белег на националната посебност. Тој е најсилниот инструмент за градење и изразување на колективната меморија на еден народ, неговото духовно наследство и искуство. Албанскиот јазик, вам Албанците ви овозможи да изразите почит кон претците, но и одговорност кон потомците.

Во македонското мултикултурно општество и демократски политички систем, Албанците и албанскиот јазик имаат долга традиција на постоење во уставниот, политичкиот, економскиот, образовниот, научниот, културниот, спортскиот, медиумскиот, забавниот и секојдневниот живот.

Дозволете ми како претседателка на државата, да изразам став дека наша заедничка должност е да градиме општество во кое единството нема да ги негира, туку ќе ги респектира различностите, третирајќи ги како трајни општествени вредности.

Посакувам 22 Ноември да не биде само ден на сеќавање, прослава и гордост, туку и поттик за нови образовни, научни и културни дострели на албански јазик!

На сите граѓани Албанци им упатувам искрени честитки по повод 22 Ноември – Денот на албанската азбука!

Гордана Сиљановска-Давкова

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Скандал на повидок, со законски измени власта ја брише одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб

Скандал е на повидок.  Власта на Мицкоски на ЕНЕР објавила предлог законски измени на Законот  за пензиско и инвалидско осигурување со којшто се брише одредбата (член 120) за уплата на пари во вториот пензиски столб, во вистина од 6%.

СДСМ: Скандал на повидок, со законски измени власта ја брише одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб

Доколку не се интервенира законски во овој или во друг закон, овие измени со бришење на членот за 6% од придонесите да не се префрлат во втор столб, значи дека сите придонеси остануваат во првиот столб во Фондот.

Дали ова значи дефинтивно рушење на вториот пензиски столб?

Криминалната власт ги доведива во ризик пензиските заштеди на повеќе од 650.000 граѓани, на сите родени после 1 јануари 1967 година кои се во вториот пензиски столб.

Фондот за ПИОМ е доведен до сериозна финансиска неодржливост.

Во Фондот недостигаат близу една милијарда евра, а во изминатите месеци ПИОМ не префрлил околу 50 милиони евра во вториот пензиски столб. На пратеничкото прашање каде се овие пари, власта не даде одговор.

Пари што им припаѓаат на граѓаните, на работниците, заработени со нивниот труд, издвојувани секој месец од нивните плати.

Во исто време, со предлог-законот објавен на ЕНЕР се предлага бришење на членот 120, со кој е утврдена уплатата на 6% во вториот пензиски столб.

Христијан Мицкоски треба да излезе и да одговори пред граѓаните зошто се брише оваа одредба, каде ќе се насочуваат средствата и што ќе значи промената за идните пензии на осигурениците.

Скопје, 22.11.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС се обидуваат да креираат скандал таму каде што нема, постапката за Алта банка е јавна и транспарентна

СДС и Венко Филипче се обидуваат да креираат скандал таму каде што нема, во постапката за Алта банка, која е јавна и транспарентна.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС се обидуваат да креираат скандал таму каде што нема, постапката за Алта банка е јавна и транспарентна

Тие продолжуваат со ширење неосновани обвинувања за Алта банка, обидувајќи се од редовна и транспарентна постапка за јавна аукција во јавноста да претстават непостоечки скандал.

Фактите, се следни. Продажбата на над 95 проценти од акциите се реализира преку Македонската берза, со јавно објавена постапка, утврдени правила и познати термини за аукциите. Првата аукција е закажана за 30 ноември, со почетна цена од 3.777 денари по акција. Сите информации се јавно достапни и секој заинтересиран граѓанин може да ги провери.

Затоа, обидите на СДС оваа постапка да ја претстави како тајна зделка се обични политички манипулации. СДС и Филипче без никаква одговорност и грижа на совест, само се расфрлат со разноразни лаги и обвинувања со што се обидуваат да создадат недоверба и паника кај граѓаните.

Ова е веќе препознатлив и веќе виден модел на политичко дејствување на СДС, најпрво обвинувања и драматизација, а потоа молк, никаде ги нема да се извинат кога фактите ќе ја покажат вистинската состојба.

Тоа што е сигурно, ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи неодговорни политички конструкции да ја нарушуваат довербата во финансискиот систем.

Стабилноста на банкарскиот сектор и сигурноста на граѓаните се приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и нема да дозволи, како во времето на СДС, банки да пропаѓаат и граѓаните да ги изгубат своите средства.

Граѓаните заслужуваат вистина, транспарентност и одговорна политика, а не секојдневни обиди и лаги на СДС, од ништо да создава скандали кои не постојат. Токму затоа се и таму каде што се, во длабока опозиција без поддршка од граѓаните.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер