Три работи за себе кои не треба да ги откривате пред сите: Укажуваат на вашите слабости, а манипулаторите се хранат со нив
2Три работи за себе кои не треба да ги откривате пред сите: Укажуваат на вашите слабости, а манипулаторите се хранат со нив
3Јапонски метод на среќа: Седум навики на среќните луѓе што го тераат светот да им дава неверојатни можности
ЗабаваФото: Убавата Лиз Харли повторно во бикиниУште еден топол ден и уште една фотографија во костим за капење на актерката и модел Елизабен Харли.Најновото издание на манекенката која влезе во седмата деценија од животот не е за оние со слабо срце. Британската актерка и модел 60 годишната Елизабет Харли ужива во уште една летна сезона. Освен што гордо ги покажува новите дизајни на бикини од нејзината лична колекција костими за капење, ова лето таа гордо го покажува и својот емотивен партнер - музичарот Били Реј Сајрус. Сега, по којзнае кој пат, таа ја искористи можноста да се најави преку Инстаграм и, како и обично, објави атрактивна фотографија. Тагови: бикини елизабет харли Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 10. септември 2026 година Дневен хороскоп за четврток, 10. септември 2026 година. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе бидете разиграни и подготвени на разни палавштини. Доколку ја вклучите и смислата за хумор, би можеле убаво да се забавувате. Кариера Од секогаш сте ценеле она што ќе го направите со свои раце. Денеска ќе покажете необичен талент , што бара умешност на рацете. Здравје и совет Подобрување. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе си признаете себеси дека би можело да биде и подобро , но денеска не е ден кога сте подготвени да дадете се од себе . Затоа не правете драма. Кариера Пуштете им на другите , а особено на надредените , да ги покажат своите планови. Вие не сте судија , туку доброинамерен соработник. Здравје и совет Вежбајте дисциплина. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Во своето љубовно секојдневие ќе внесете оригинални идеи , а најверојатно на ручек или вечера за само вас двајцата. Кариера Пред вас е убава деловна можност за добра и интересна работа , што ќе дојде ненадејно. Ќе мора бргу да реагирате. Здравје и совет Потсетете се што е тоа што го сакате. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Како што ќе минува денот, ќе забележувате како вашиот приватен живот ќе добива нов сјај и се враќа во рамнотежа. Кариера Ненадејно би можело да се укаже можност за деловна соработка со пријатели. Станува збор за работа поврзана со естетика. Здравје и совет Ќе ви недостига сила , штедете се. Јарец 22.12.-20.1. Љубов И денеска е убав ден за дружење.Можете да излезете и убаво да се забавувате , било да сте сами или во двојка. Уживајте. Кариера Ќе продолжите со напорната работа без притисоци. Ќе се чувствувате сигурно и опуштено , а другите ќе ве поддржат. Здравје и совет Малите грижи уште повеќе се намалуваат. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Некои ќе бидат загрижени поради осаменоста , па утеха ќе побараат во неврзано муабетење со кафе. Ќе им биде забавно , но односите се површни. Кариера Ќе се потрудите работата да ја завршите што побргу зашто нема да ви се работи. Резултатите ќе бидат половични , а можни се и грешки. Здравје и совет Размислете за своите достигнувања. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Оние кои се во врска ќе се обидат да си го збогатат својот сексуален живот заедно со партнерот. Оние кои се сами , ќе се обидат да најдат друг вид забава. Кариера Нема да дозволите да се занимавате со неважни работи , туку целосно ќе се посветите на вашата главна цел. Ќе бидете во право. Здравје и совет Држете се до познатите навики. Овен 21.3-20.4. Љубов Среќни сте што другата страна ве разбира или барем така ви се чини. Сега запрете со празни зборови и причекајте состојбата да се подобри. Кариера Ако некои од вашите колеги се жали на работата, треба да му се објасни дека треба да се работи користејќи ги сопствените знаења и искуства. Здравје и совет Немојте да бидете премногу дрски. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ќе ги заборавите прашањата што ве измачуваа и во позитивен дух продолжувате понатаму. Ќе увидите дека таквиот пристап е поздрав. Кариера Некој сепак ќе мора да попушти , а тоа ќе биде онаа попаметната страна Прифатете ги новите предизвици кои се пред вас. Здравје и совет Преоден пад на имунитетот. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Денеска почнува вашиот поволен љубовен период. Се отвораат шанси за излегувања на многу интересни места. Кариера Оние кои работат креативна работа , ќе бидат многу современи во своето изразување и идеите. И натаму шефовите ве нервираат. Здравје и совет Неопходно ви е релаксирање. Рак 22.6-22.7. Љубов Барањата за внимание кон еден член ан семејството накусо ќе ве оддалечи од саканата личност. Кариера Денот е добар за разработување на стручни стратегии со кои ќе ја унапредите работата на местото каде што сте вработени. Здравје и совет Верувајте му на вашето шесто чуло. Лав 23.7-22.8. Љубов Вашата верба во љубовта ќе биде доволна гаранција за да си дозволите еден на друг самостоен излез и забава во друштво. Кариера Ќе посакате вашата работа да биде посериозна , но тоа е само минлива желба. Всушност, се е на своето место. Здравје и совет Одете таму каде што ви е убаво.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МагазинТри работи за себе кои не треба да ги откривате пред сите: Укажуваат на вашите слабости, а манипулаторите се хранат со нивНекои работи е попаметно да се зачуваат за себе, додека не бидете сигурни кому навистина можете да му ветувате.Отвореноста е добра особеност, но не мора секој да знае сè за вас. Постојат работи што треба да би зачувате само за себе додека не процените кому навистина можете да му верувате. Социјалните мрежи нè научија отворено да говориме за ставовите или проблемите со кои се соочуваме. Сепак, границата помеѓу искреноста и претераното откривање работи за себе е многу тенка. Потребно е да се биде внимателен со манипулаторите, зашто она што го откривате како слабост, во иднина може да го искористат против вас. Вашите големи цели Не е лошо да се говори за идните планови, но не мора секој да знае што сакате да постигнете. Големите идеи понекогаш е подобро да се развиваат во тишина, особено додека немате јасен план како да ги остварите. Премногу туѓо мислење може да ве поколеба, а има и такви кои вашите амбиции ќе се обидат да ги минимизираат, или да ги искористат против вас. Пред да споделите некоја своја цел, бидете сигурни дека околу вас има луѓе кои умеат да дадат конструктивна критика, а не такви кои од завист бараат причина да ве обесхрабрат. Семејни трауми Семејните проблеми и болните искуства може длабоко да влијаат на тоа кои сме денес. Разговорот за нив може да биде лековит, но важно е да изберете кому му ги доверувате. Најдлабоката болка бара луѓе на кои целосно им верувате, погрешните лица може подоцна тоа да го искористат за да ве повредат или манипулираат. Тоа не значи дека траумата треба да се потиснува, туку разговорот со стручно лице може да ви помогне да разберете што всушност се случило, како тоа ве обликувало и како да се ослободите од товарот на минатото. Не секоја личност што ги слуша вашите проблеми заслужува да ги знае. Грешки од минатото Сите имаме одлуки поради кои жалиме и ден-денес. Тоа е дел од животот. Важно е да си ги признаете сопствените грешки, од нив да извлечете поука и да го промените она што можете. Но, тоа не значи дека сте должни да ги прераскажувате пред секого. Не мора секому да му објаснувате кои сте биле, што сте направиле и поради што сте погрешиле. Човекот кој сте биле некогаш, не е нужно истата личност која сте денес. Ако нешто сте научиле, сте се промениле и сте продолжиле понатаму, нема причина старите грешки да ве етикетираат. Не значи дека треба да лажете, туку да ги знаете сопствените граници Поставувањето граници не значи дека сте неискрени. Не мора ништо да криете од срам, но имате право да изберете кому ќе се отворите за најчувствителните делови од својот живот. Некои луѓе вашата слабост ќе ја разберат и чуваат, додека други ќе ја запомнат за еден ден да ја употребат против вас. Затоа бидете искрени, но не и наивни.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФадил Цана во „Вести плус“Вечерва во „Вести плус“ гостин ќе биде Фадил ЦанаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter