Фото: Убавата Херика Нороња ќе навива за Бразил на Купот на Конфедерации

Се вжештува и така топлото време во Бразил. Најфудбалската земја на светот е домаќин на фудбалскиот Куп на конфедерациите .

Земјата на самбата и фудбалот подготвено ги дочекува најдобрите светски фудбалери, со елитните фудбалери секогаш се и убавите жени.

Во земјата на „кариоките “ се очекува да пристигне и најпознатата фудбалска навивачка во светот ,Парагвајката Лариса Рикелме.
Но и домаќинот Бразил ќе има адут на трибините во убавата и атрактивна Херика Нероња.

Оваа убавица е голем фан и на италијанската Серија –А , а ако се земе во предвид дека на Купот на Конфедерациите ќе игра и селекцијата на Италија, ќе биде интересно да се види за кого би навивала убавата Херика ако меѓу себе играат репрезентациите на Бразил и Италија.

Без разлика на се,едно е сигурно на стадионите низ Бразил сигурно ќе биде интересно како долу на теренот така и во публиката покрај убавиците како Лариса, Херика и останатите .

Маж со мачета нападнал луѓе во североисточен Лондон

- Околу седум часот утрово, маж почнал да напаѓа луѓе со мачета во североисточен Лондон. Пред тоа со автомобилот удрил во куќа.

Лондонската служба за брза помош соопшти дека пет лица биле избодени со нож и пренесени во болници. Меѓу нападнатите наводно имало и двајца полицајци.

-Денеска околу 7 часот добивме пријава дека возило удрило во куќа во областа Тарлоу Гарденс. Имаше извештаи за избодени луѓе. Во овој момент знаеме дека осомничениот продолжил да напаѓа други припадници на јавноста и двајца полицајци, соопштија од полицијата.

Триесет и штестгодишниот напаѓач е уапсен, соопшти полицијата. Оттаму додаваат дека не веруваат дека напаѓачот имал помагачи, а истрагата за мотивите на нападот е во тек.

РСБСП: Возете внимателно и одговорно за време на празниците

Во пресрет на празниците 1 Мај и Велигден, се очекува зголемување на фрекфенцијата во сообраќајот, патувања на подолги дестинации, излети во природа и дружења со семејството и пријателите.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) ви ги честита празниците и упатува апел за внимателно и совесно учество во сообраќајот.

Со цел зачувување на безбедноста на секој учесник во сообраќајот РСБСП советува:

почитувајте ги сообраќајните правила и прописи и поставената сообраќајна сигнализација,

користете сигурносен појас,

возете одморени и правете почести паузи, особено кога патувате на подолги дестинации,

не управувајте со моторно возило доколку сте под дејство на алкохол,

возете со технички исправно возило,

прилагодете ја брзината според условите на патот и одржувајте безбедно растојание од другите возила,

не зборувајте на мобилен телефон додека возите,

внимавајте на секој учесник во сообраќајот.

Возете внимателно и одговорно! Безбедноста на секој учесник во сообраќајот е заедничка грижа. СРЕЌНИ ПРАЗНИЦИ!

Вработените во ФЗО на предупредувачки протест

Вработените во ФЗО на предупредувачки протест, генерален штрајк ако не им бидат усогласени платите со растот на минималната плата.

работените во Фондот за здравствено осигурување денеска одржуваат предупредувачки протест со барање за усогласување на платите со растот на минималната плата. На протестот пред Фондот за здравство беше порачано дека доколку не им се исполни барањето од 1 јуни ќе стапат во генерален штрајк.

Бранко Аџигогов, претседател на Синдикалната организација на ФЗОМ, рече дека доколку до 15 мај не се преземе ништо првенствено ќе започнат секој ден во сите градови од еден до два часа со предупредувачки протести.

-На минатата седница од петокот нашата точка за усогласување на нашите плати согласно Законот за минимална плата беше одложена на неопределено време односно после изборите, како што знаете во изминатиот период, вработените штрајкуваа со цел да им остане иста платата, применетата одлука од Владата после штрајкот се однесува на тоа дека платите ни остануваат исти до 31 мај, времето се ситни и остануваат само уште 30 дена додека дознаеме колку ќе имаме ние плата, појасни Аџигогов.

Додаде дека станува збор за усогласување од 2 392 денари по лице и дека иако навидум делуваат како малку пари, се работи за законска обврска која мора да биде исполнета.

Дополнително, бараат да се донесе и вредносен бод, за да се зачуваат тие плати што ги имаат. Велат дека се разочарани од односот на управниот одбор на Фондот, бидејќи членовите според нив, не сакале да изгласаат порамнување на платата на состанок кој се одржал при крај на минатата недела, кога точката за усогласување на платите била отстранета од дневниот ред и оставена за после изборите.

-Ние сакаме да го предупредиме овој состав на управниот одбор да седне да си ја сработи својата работа и да ја донесе одлуката, да не не држи во неизвесност. Со оглед на тоа дека изјавиле дека немаат намера до формирање на нова влада да донесат одлука останува прашањето зошто управниот одбор воопшто постои, би било поетички да си дадат отказ и да дојдат лица кои ќе си ја сработат работата, посочи Аџигогов.

Вработените во ФЗОМ, исто така бараат Управниот Одбор на Фондот да биде целосно разрешен и да биде поставен нов, затоа што тројца од членовите биле пензионери и со истечени мандати.

Пред три месеци, Фондот за здравство стапи во штрајк поради опасноста дека платите ќе им се намалат за 21 процент, меѓутоа владата донесе одлука тие да останат непроменети по што штрајкот беше прекинат.

притисни ентер