Фото: Убава екс тенисерка воодушеви со гола слика - Канал 5

Фото: Убава екс тенисерка воодушеви со гола слика

Целосно гола! Слика од поранешната тенисерка без ништо на себе ги запали социјалните мрежи.

Фото: Убава екс тенисерка воодушеви со гола слика

Поранешната тенисерка Ешли Харклроуд уште еднаш докажа дека знае како да привлече внимание, дури и години по пензионирањето од теренот.

Овој пат, причината не беше спортскиот успех, туку провокативна црно-бела фотографија пред огледалото што ја сподели со своите следбеници на Инстаграм.

Иако објавата набрзо беше избришана, во ерата на интернетот ништо не исчезнува без трага, а нејзиното целосно голо објавување набрзо стана главна тема на спортските портали.

Харклероуд некогаш беше 39-та тенисерка во светот и стигна до две четвртфиналиња на Гренд слем турнирите во двојки. Сепак, таа ја шокираше тениската јавност во 2012 година кога реши да го закачи рекетот на 27-годишна возраст.

Многумина во тоа време веруваа дека можеше да обезбеди многу повеќе, но Ешли имаше други планови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче сами си се препознаа во талогот во општеството

Претседателот на владата Христијан Мицкоски никаде во својот говор на 8ми септември не ги спомена ниту нарече СДС и Венко Филипче за талог во општеството.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче сами си се препознаа во талогот во општеството

Очигледно сами си се препознаа. Но тоа е фројдовскиот синдром кај СДС затоа што и тие знаат дека се фабрика за нихилизам, и поделби, кои дури и од прославата за 8ми септември сакаат да направат поделби и расеат омраза. Нивните фрустрации и завист се на најголемо и највисоко ниво. И затоа воопшто не сме изненадени што самите се пронајдоа во терминот талог.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЦУК: Сѐ уште се активни пожарите што изминатите неколку дена горат во општините Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево

Сѐ уште се активни пожарите што изминатите неколку дена горат во општините Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево, информираат утрово од Центарот за управување со кризи.

ЦУК: Сѐ уште се активни  пожарите што изминатите неколку дена горат во општините Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево

Во текот на изминатото деноноќие се регистрирани вкупно 34 пожари, од кои седум се ставени под контрола. Во општина Струга пожар има кај селата Буринец, Локов, Селце и Елевци, каде што гори нискостеблеста шума. Во општина Македонски Брод гори кај селото Белица, односно кај местото викано Кајорец кон селото Брезница, а во Чучер-Сандево гори во близина на селото Брест на Скопска Црна Гора. Директорот на дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, вчера уште еднаш предупреди жителите да внимаваат заради тоа што се уште има опасност од пожари .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

48 годишниот пејач кој беше застрелан на влезот на Арачиново е во стабилна состојба

48 годишниот пејач кој беше хоспитализиран по повреда од огнено оружје е во стабилна сосотојба велат од Грдска болница за Канал 5. Во план е да се прави втора интервенција кај него велат од таму.

48 годишниот пејач кој беше застрелан на влезот на Арачиново е во стабилна состојба

Од министерството за внатрешни работи информираат дека вчера во 01 часот и 50 минути наутро, во СВР Скопје било пријавено од здравствената установа „Свети Наум Охридски“ дека кај нив е донесено лице со иницијали А.М од Скопје.Според полицијата настанот се случил на влезот на Арачиново , откако од возило едно лице кое го познавало , а било во придружба со друго лице со огнено оружје пукало кон него . Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер