Фото: „Toyota“ го претстави „Yaris Cross GR Sport“

Со цел возењето на моделот „Yaris Cross“ да биде повозбудливо, јапонскиот производител на автомобили воведува блага спортска верзија „GR Sport“.

„Toyota“ ја користи ознаката „GR Sport“ за модели со дискретни подобрувања на перформансите, додека моделите „GR“ и „GRMN“ имаат позначајни спортски подобрувања.

Главното механичко подобрување на овој мал кросовер е ревидираната поставеност на суспензијата.

Што се однесува до надворешноста, „Yaris Cross GR Sport“ изгледа малку поагресивно со сјајна црна решетка и дифузор под задниот браник.

Покрај тоа, нијансата „Scorched Orange“ е ексклузивна за овој модел. Достапна е и пепел сива боја со контрастен црн покрив и столбови.

Автомобилот се вози на специјални тркала од 18 инчи со десет краци.

Во внатрешноста на кабината, предните спортски седишта имаат нов сив тапацир со црвени шевови, а слични светли шевови има и на воланот и рачката на менувачот.

Премиум „GR“ спортски седишта обложени со црн перфориран „Ultrasuede“ материјал, со потпори од вештачка кожа и црвени шевови, се исто така достапни како опција.

Логото „GR“ е видливо прикажано на предните потпирачи за глава, копчето за стартување, дисплејот со инструментите и воланот, додека вратите и инструмент таблата имаат препознатливи металик сребрени значки „GR Sport“.

„Yaris Cross GR Sport“ е придвижуван од трицилиндричен, 1,5-литарски „Hybrid Dynamic Force“ мотор на „Toyota.“ Моторот со хибридна асистенција произведува вкупно 118 коњски сили.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер