ЗабаваФото: Светска убавица ужива во минијатурно бикини на плажа во МајамиЕдна од најубавите и најпознатите манекенки во светот сексапилната Емили Ратајковски за време на викендот уживаше во сончање и лежење на популарна плажа во Мајами.Очекувано, убавата жена беше „уловена“ од папараците кои веднаш направија серија фотографии. На фотките јасно се гледа како оваа природна убавица изгледа без филтри, посебно осветлување или вешти пози. Убавата манекенка со природни облини на плажата се појавила во краток фустан со леопард принт со црни детали од тантела. Но, она вистинското се случило кога Емили го соблека фустанчето и го покажала своето совршено тело во шарени, тренди бикини. На сликите очекувано во преден план е секси зандикот на Емили во мала танга. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканСе преврте автобус кај Истанбул, полн со патници- десетици повредени (ВИДЕО)На пат од Кирикале до Самсун, патниците во автобус доживеале драматичен момент кога возилото се превртело, при што биле повредени 40 лица. Возачот ја изгубил контролата врз воланот, што довело до несреќата, објавија турските медиуми. Инцидентот се случил во близина на населбата Кимески кај Истанбул, а во автобусот имало 42 патници, меѓу кои и тројца вработени во транспортната компанија, објави Хуриет. ⚡️At least 30 people were injured in a bus accident in Istanbul, including children The driver lost control on a slippery road, collided with a car, and then hit a road sign pole, according to TRT Haber. pic.twitter.com/p3J56Yj1w5 — NEXTA (@nexta_tv) July 25, 2026 Екипи на брза помош, полиција, жандармерија и противпожарна служба, како и специјални служби, веднаш пристигнале на местото на несреќата. Повредените биле брзо евакуирани од автобусот, им била укажана прва помош и биле однесени во болниците во Кирикале. За среќа, според првичните информации, никој не е во животна опасност. Полицијата и жандармеријата започнале истрага за да се разјасни причината за несреќата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканПожар на Крф- пожарникарите се борат со огнената стихија, активирани се и авиони (ВИДЕО)Пожар избувна во областа Јанадес, во централниот дел на Крф. Голема противпожарна бригада веднаш беше испратена на местото на настанот за да го изгасне пожарот, објави Прототема. Во исто време, се очекува противпожарните авиони PZL со седиште на Крф да полетаат за да помогнат во гаснењето на пожарот. Пожарникарите се во состојба на зголемена готовност, додека во моментов не се познати дополнителни детали за обемот на пожарот или дали населените области се во опасност.Тагови: Крф пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаШтерјова: ВМРО го труе и Скопје-СДСМ бара одговорност за загадувањето на ЛепенецЗагадувањето на реката Лепенец значи дека отровот веќе стигна и во Скопје.Белата боја и обемот на пената што вчера се појави на сливот на реката Лепенец во реката Вардар, најчесто се знак на синтетичко загадување. Ова е сериозен аларам власта нема капацитет за заштитата на животната средина и безбедноста на водните ресурси. Наместо конкретни мерки и одговорност градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, си игра со дронови, од воздух ќе го решавал проблемот. Човекот кој една обична слика за билборд не може да направи без грешка, На граѓаните на Скопје не им требаат спектакли, туку институции што ги штитат. И најважно, чиста и безбедна вода. Скопје има проблеми со депонии, со смет, со загаден воздух а сега и проблем со загадување на Лепенец и Вардар. СДСМ бара институциите веднаш да ја утврдат одговорноста за загадувањето и итна реакција за санација на проблемот. Секој што си игра со здравјето на луѓето мора да сноси одговорност. СДСМ нема да дозволи оваа власт да ја отруе цела Македонија. Време е за правда и вистина, рече Кети Штерјова од СДСМ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook