Фото: Српска ТВ водителка во врвки бикини!!! - Канал 5

Фото: Српска ТВ водителка во врвки бикини!!!

Водителката на една српска телевизија, Ивана Шопиќ, уште еднаш успеа да ги запали социјалните мрежи.

Фото: Српска ТВ водителка во врвки бикини!!!

Провокативната водителка објави фотки на кои позира пред огледало во хотелска соба во минијатурен костим за капење, кој во целост ги истакна и покажа сите силиконски бујни облини на водителката.

Фановите останале без зборови кога ја виделе Ивана во овии бикини, но и поради тоа што водителката горе има врвки бикини а на нозете носи високи каубојски чизми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Постапка против едно лице за тешка сообраќајна несреќа во Радишани

Осомничениот, на 7 август околу пладне, управувал автомобил “сеат алтеа” по улицата “Радишанска”. 

Постапка против едно лице за тешка сообраќајна несреќа во Радишани

Основното јавно обвинителство Скопје во скратена постапка гони 46-годишник осомничен за – Тешките дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот според член 300 срав 4 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1, како и – Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода од член 301 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, на 7 август околу пладне, управувал автомобил “сеат алтеа” по улицата “Радишанска”. На крстосницата со улица “18”, на која сообраќајот не е регулиран со знаци, свртел во лево без да ги пропушти возилата кои доаѓале од спротивна насока. На тој начин го пресекол патот на мотоцикл “кавасаки” кој од спротивната страна на крстосницата го задржувал правецот на движење.

За да избегне директен судар со автомобилот, мотоциклистот отишол во лево, преминувајќи на коловозната лента наменета за движење возила во спротивна насока.

Но, таму со предниот дел од моторот удрил директно во автомобил “алфа ромео” кој доаѓал од спротивната страна. Од силата на ударот мотоциклистот Никола Макрачевски излетал, паднал на коловозот и се здобил со тешки телесни повреди од кои починал, а полесно бил повреден и возачот на автомобилот “алфа ромео”.

Осомничениот, наместо да укаже помош на повредените, по несреќата го напуштил местото.

Со цел обезбедување на лицето во текот на постапката, јавниот обвинител предложи да му бидат определени мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска да се јавува во Судот, привремено одземање на патната исправа и одземање на возачката дозвола.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка

Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол во организмот и без возачка дозвола, возилото е одземено.

Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка

На 09.08.2026 во 00:01 часот на локалниот пат Илинден – Марино, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи го лишиле од слобода Д.В.(41) од Скопје.

При извршената контрола било констатирано дека тој управувал патничко моторно возило „опел“ со скопски регистарски ознаки под дејство на алкохол, при што му биле измерени 2,13 промили алкохол во крвта, а управувал и без да поседува возачка дозвола.

За настанот е известен јавен обвинител, а возилото е одземено. По целосно документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од Кривичниот законик.

Засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредниот период.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со што заеднички ќе придонесеме за побезбедни патишта

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски ја жртвува водата на граѓаните за туѓи дата центри и сопствени тендери

Европа се соочува со суша, намалување на водните ресурси и пресушување на реките, што создава проблеми за енергетскиот сектор и го зголемуваат ризикот од недостиг на електрична енергија и нов раст на цените.

СДСМ: Мицкоски ја жртвува водата на граѓаните за туѓи дата центри и сопствени тендери

А Македонија веќе е зависна од увоз на струја, додека во над 50 населени места граѓаните се соочуваат со проблеми со загадена вода.

Токму во вакви услови, Мицкоски и ВМРО-ОКГ сакаат водата и струјата на граѓаните да ги продадат и да ги стават во функција на странски дата центри за сопствени тендерски профити.

Големите дата центри трошат огромни количини електрична енергија и чиста вода, додека економскиот бенефит во однос на бројот на нови работни места и даночните приходи може да биде ограничен.

Еден голем дата центар може да троши меѓу 1 и 3 милиони литри вода дневно – количина споредлива со дневната потрошувачка на град со 15.000 до 30.000 жители.

Владата на Мицкоски не успева да обезбеди доволно чиста вода за пиење за граѓаните, а сега сака огромни количини вода да стави под ризицик за комерцијални дата центри.

Огромна потрошувачка на вода носи ризик од притисок врз водоснабдувањето, а огромната потрошувачка на електрична енергија отвора ризик од дополнителен увоз и повисоки цени.

Колку дополнителна струја ќе биде потребна за планираните дата центри и колку од неа ќе мора да се увезува?

И уште поважно – кој на крајот ќе ја плати таа струја?

Повторно граѓаните преку повисоки сметки.

Нема одговор ниту на прашањето од каде ќе доаѓа водата за дата центрите.

Колкава ќе биде потрошувачката? Дали ќе има испуштање затоплена вода назад во реките и какви последици тоа може да има врз биодиверзитетот и животната средина?

Водата и струјата не смеат да станат скапа авантура од која ќе профитираат блиските до Мицкоски и ВМРО-ОКГ, а цената ќе ја плаќаат граѓаните.

СДСМ е против ставање на водата и електричната енергија на граѓаните под ризик заради бизнис интересите на власта.

Затоа бараме мораториум за изградба на нови комерцијални дата центри кои користат системи за ладење со испарување на вода.

Водата и струјата се стратешки ресурси на граѓаните, а не нов извор за тендерски профити на ВМРО-ОКГ.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер