Вториот пензиски стоб е безбеден – уверуваат од Асоцијацијата на друштва за управување со пензиски фондови
Судскиот совет го избра Зоран Герасимовски за в.д. претседател на апелација, Тања Милева доби само два гласа
1Вториот пензиски стоб е безбеден – уверуваат од Асоцијацијата на друштва за управување со пензиски фондови
2Судскиот совет го избра Зоран Герасимовски за в.д. претседател на апелација, Тања Милева доби само два гласа
3ЛДП не гласаше за изборот на Мери Дика за уставен судија — владеачките партии покажаа врвно политичко лицемерие!
ЗабаваФото: Српска старлета гола на балконНајпопуларната српска старлета Станија повторно ги покажа бујните силиконски облини. Провокативната Станија на социјалните мрежи објави фотки на кои позира целосно гола на тераса од луксузен хотел. Фотографиите за само 3 часа по објавувањето „собрале“ повеќе од 32.000 лајкови. Српската старлета на фотографиите е гола а со бел чаршаф, ги покрила интимните делови на телото. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВториот пензиски стоб е безбеден – уверуваат од Асоцијацијата на друштва за управување со пензиски фондовиПодолг стаж, повисоки придонеси, времето поминато во осигурување се трите клучни елемнти кои влијаат врз висината на пензии кои се исплаќаат од вториот пензиски фонд.Колку стажот е подолг а придонесите повисоки толку ќе биде поголем и и исплатата. Од асоцијацијата на друштва за управување со пензиски фондови уверуваат дека осигурениците во овој втор столб кои брои вкуппно 630 илјади осигуреници од кои во моментов на околу 150 им се исплаќа пензија се безбедни. Од асоцијацијата на брифинг со новинарите коментирајќи ги најави за евентуално укинување на вториот столб и национализација на средствата велат доколку дојде до такво нешто според нивните анализи тоа ќе го реши проблемот само краткорочно и ќе остави огормна штета врз сите. „Воведувањето на вториот столб е токму заради релаксирање на обврските на првиот столб..... во моментот кога ќе дојде време да се исплаќаат пензиите од двата столба во исто време оврската некаде половина ќе падне на терет на вториот столб... “- Маријан Николовски . Според асоцијацијата за поголеми придонеси потребни се и реформи и промени, една од опциите според нив е воведувањето на така наречени мултифондови. „Тоа се портофолија кои се прилагодуваат на животната возраст. Предлгот е оние кои се помлади да имаат поаргесивно фолио изложено на акции, да се балансира кај оние кои се на средна возраст и да се заштити создадениот имот кај оние кои се повозрасни со воведување на конзервативно портфолио.... “- Маријан Николовски. Инаку според анализа на МАПАС заклучно со 30.06 годинава, вкупно 147 лица добиваат пензија од вториот столб. Во категоријата корисници со минимална пензија се опфатени 113 лица. Од нив, 75 корисници остваруваат месечна исплата над 8.000 денари, додека 38 корисници остваруваат исплата од 4.001 до 8.000 денари. Во категоријата корисници над минимална пензија се опфатени 34 лица.... Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеСедум случаи со западно нилска треска потврдени во земјава, двајца се борат за животДвајца скопјани на 66 и 76 годишна возраст се борат за живот откако по убод од комарец во Скопје имале невроинвазивна форма на инфекцијата „западен нил“, односно воспаление на мозокот и мозочните обвивки. Останатите петмина кај кои е потврдена западно-нилска трска се стабилни, иако сите имаат и други хронични болести, потврдува Директорот на Инфективната клиника, д-р Фадил Цана. Освен потврдените, има уште три суспектни на „западен нил“ за кои се чека лабораторска потврда. Иако само кај еден процент од заразените може да има ваков исход по каснување од заразен комарец, состојбата од стабилна може брзо да се влоши, како што е случајот со 66 годишникот, поради што е неоходна хоспитализација во болница, појаснува д-р Цана. Освен еден што патувал надвор од државата, сите останати се заразени дома, односно од комарец заразен со „западен нил“ кој е присутен во Скопје. Од Центарот за јавно здравје за Канал 5 потврдуваат излегле на терен и решиле дека мора за заштита од комарци да се прска цело Драчево и Ченто, а поради еден потврден и од Аеродром, да се изврши дезинсекција во неговото живеалиште во радиус од 200 метри. Оваа зараза не се пренесува од човек на човек, туку преку комарци, па затоа апелот е да не се остава застоена вода дождовница и да се обрати поголемо внимание за заштита од убоди, со спрееви против комарци, мрежи и соодветна одблека. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСудскиот совет го избра Зоран Герасимовски за в.д. претседател на апелација, Тања Милева доби само два гласаСудијата Зоран Герасимовски е определен да ја извршува функција вршител на должност претседател на Апелацискиот суд Скопје, објави на денешната седница претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски.Герасимовски доби поддршка од девет члена на Судскиот совет, а двајца беа против. Претходно, членовите на Судскиот совет го разгледаа предлогот судијката Тања Милева да биде назначена за в.д. претседателка на овој суд, но тој не го доби потребниот број гласови. За неа гласаа двајца членови на советот, додека другите девет беа против. Герасимовски ќе ја извршува функцијата в.д. претседател на Апелацискиот суд Скопје до изборот на нов претседател на судот во редовна постапка. До избор на в.д. претседател на скопска апелација на денешната седница дојде откако вчера досегашната претседателка на овој суд, Мери Дика-Георгиевска, беше избрана за уставна судијка. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСедница за пратенички прашања во Собранието15:00Град Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57На ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50Нови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00Епидемијата во Гостивар се смирува - водата ќе може да се пие до крајот на неделава 15:00