Фото: Српска пејачка во секси издание - Канал 5

Фото: Српска пејачка во секси издание

Младата и атрактивна српска пејачка Бресквица повторно ги воодушеви фановите со провокативни фотки.

Фото: Српска пејачка во секси издание

Сексапилната пејачка на интересен начин одлучи да се збогува со 2025 година.

Бресквица на изненадување на многумина на фотосесија позира во секси долна облека и го покажува голиот стомак.

Анѓела Игњатовиќ Бресквица е презадоволна од 2025 година, а како не би била кога мво годината што измина постигна бројни успеси и соработки, а нејзините песни се едни од најслушаните не само во Србија, туку и во регионот.

Во заводлива бела комбинација, долна облека од чипка и крзнено палто, таа ја сподели следната порака со сите.

– Прво на сите, им благодарам на моите пријатели и соработници, на луѓето кои се таму и кога камерата е вклучена и кога е исклучена, кои знаат колку пати беше тешко, колку пати се сомневав, но никогаш не застанав, затоа што вие бевте таму. Ви благодарам за вашата лојалност, трпение, работа и вера. Ви благодарам за секоја идеја што започна во тишина и заврши гласно – младата музичка ѕвезда ја изрази својата благодарност.

- И вам, мои обожаватели - ви благодарам што сте силата што го носи сето ова. На секоја порака, пристигнување, споделување и поддршка. Не само што го следите она што го правам, туку верувате во тоа што сум. Го правиме ова заедно. Среќна нова 2026 година, сакам да нè гали и да нè чува и да ја направи многу поубава од претходната. А ние само што почнавме – заклучила Бресквица.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби

По пола година од враќањето во земјава, денеска во Кривичниот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби денеска ќе седне на обвинителна клупа за злоупотреба на службената положба за Државна лотарија. 

Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби

Освен правните перипетии што го следат случајот, судењето го привлекува вниманието на јавноста и поради политичките импликации што може да произлезат од процесот..

Во кривичниот суд е Михајло Видимлиски..

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НУ Драмски театар Скопје со „Гидионовиот јазол“ гостува на фестивалот РУТА на Бриони

 НУ Драмски театар Скопје со претставата „Гидионовиот јазол“ вечерва (24 август) ќе гостува на Бриони во Хрватска каде што театарот „Улисис“ е домаќин на фестивалот на Регионалната унија на театри (РУТА). 

НУ Драмски театар Скопје со „Гидионовиот јазол“  гостува на фестивалот РУТА на Бриони

Претставата ќе биде изведена во Летното кино во 21 часот.

„Гидионовиот јазол“ на режисерката Драгана Милошевски-Попова е претстава работена по текст на авторката Џона Адамс. Драматург на претставата е Викторија Рангелова-Петровска, а улогите ги играат актерките Биљана Драгиќевиќ-Пројковска и Ања Митиќ.

Гостувањето на Бриони ќе биде дваесетта изведба на претставата, која досега гостувала на неколку фестивали низ Македонија, како и во регионот на сцените на театрите членки на РУТА. На минатогодишниот 33. Меѓународен фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ актерката Биљана Драгиќевиќ-Пројковска за улогата на Корин Фел ја доби наградата за високо актерско достигнување.

Режисерка Драгана Милошевски-Попова во програмската белешка истакнува дека: „Претставата ‘Гидионовиот јазол’ е моќна и вознемирувачка приказна за вината, одговорноста, тагата и сложениот однос во комуникацијата, како и состојбите во образовниот систем, проблемите со кои се соочува детето низ периодот на детството. На училишна средба меѓу мајката Корин и наставничката Хедер, кој се случува по еден трагичен настан, преку деликатен, емотивно исполнет/напнат дијалог, се отвораат прашањата за детската креативност, слободата на изразување, за уметноста, за одговорноста на наставниците и за родителите, за социјалните мрежи, за врсничкото насилство, за осаменоста, преку кои постепено се разоткрива длабоката болка и се бара, па и се посочува можниот виновник“.

Авторката Џона Адамс е претставничка на новата генерација американски драмски автори. Таа е авторка на 20 драмски текстови во кои драмската структура ја гради преку исклучително јаки и богато нијансирани карактери и ги поставува во сложени меѓусебни психолошки ситуации. Друштвото на американските театарски критичари ѝ ја доделува наградата „Стинберг“ (Steinberg Award) за делото „Гидионовиот јазол“.

Претставата „Гидионовиот јазол“ е на редовниот репертоар на Драмски театар од премиерата која се одржа во мај минатата година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска нови цени на нафтените деривати

Регуалаторната комисија за енергетика денеска треба да донесе нова одлука за малопродажните цени на горивата.

Денеска нови цени на нафтените деривати

Со претходната одлука бензините поскапеа за 4,5 денари, а дизелот поскапи за 6,5 денари по литар. Во последната пресметка на регулаторна продолжена беше и примената на намелените акцизи и тоа за 2 денари кај бенизните и за 4 денари по литар кај дизелот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер