Стојкоски: Две нови градинки со капацитет од по 120 деца, нови училници и мега-парк на кејот на Вардар
1Стојкоски: Две нови градинки со капацитет од по 120 деца, нови училници и мега-парк на кејот на Вардар
3Сулејмани и Мендони во Курбиново: Пример за успешна македонско-грчка соработка во заштитата на културното наследство
ЗабаваФото: Спортски ѕвезди во сенка на поубавите половини!Имињата на Жерар Пике, Григор Димитров, Том Брејди, Алекс Родригез се добро познати во светскиот спорт.Тие зад себе имаа постигнато врвни резултати и имаат импозантни кариери. Но, тие се и спортисти кои се во сенка на своите поубави половини. Пике - Шакира Асот на Барселона Жерар Пике има блескава кариера која сеуште трае, Пике освои се што може да се освои во фудбалот, титула светски и европски шампион, трофеј во Лигата на шампионите, Примера... Но, сепак е скоро секогаш во сенка на својата поубава половина мегапопуларната пејачка Шакира. Колумбиската музичка ѕвезда зад себе има повеќе од 80 милиони продадени албуми, нејзината песна посветена на фудбалскиот Мундијал во 2010 „ Waka Waka" е продадена во 10 милиони примероци и прегледана повеќе од милијарда пати на јутјуб. Том Брејди и Жизел Бундшен. Том Брејди е еден од најдобрите играчи во историјата на американскиот фудбал и е голем идол на младите низ Америка. Но, во светски рамки многу попозната е неговата сопруга, топ моделот Жизел Бундшен. Убавата Жизел е најплатената светска манекенка, цели 15 години е водечка манекенка на планетата со заработка од 25 милиони фунти годишно. Алекс Родригез и Џенифер Лопез . Славниот Родригез е легенда на светскиот бејзбол. Неговата слава полека заминува во историјата, посебно откако ја започна врската со музичката ѕвезда Џенифер Лопез. Популарната Џеј Ло е активна на повеќе полиња, како пејачка , актерка , судијка во шоуто „Американски идол“ поради што бележи рекордни примања, Нејзиното богатство се проценува на 250 милиони фунти. Григор Димитров – Никол Шерзингер. Младиот бугарски тенисер Григор Димитров годинава стигна до рекордниот ранкинг во кариерата 3 место на АТП листата на најдобрите тенисер во светот. Но, како и неговите претходници и тој е далеку од славата и популарноста на својата девојкаа, Никол Шерзингер. Атрактивната пејачка веќе 11 години е присутна во светскиот шоу бизнис и досега има продадено 60 милиони албуми. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСтојкоски: Две нови градинки со капацитет од по 120 деца, нови училници и мега-парк на кејот на ВардарДве нови градинки со капацитет од по 120 деца, нови училници и мега-парк на кејот на Вардар, Ѓорче Петров се развива со засилено темпо.Довербата што ми ја дадовте ја разбирам како обврска да носам одлуки што ќе го подобрат нашиот живот и ќе создадат сигурна иднина за сите нас во Ѓорче. Во минатиот период, завршивме едно важно поглавје. Наш приоритет беше подобрувањето на инфраструктурата и создавањето услови за понатамошен развој на општината. Денес може да кажеме дека направивме еден сериозен исчекор и не застануваме тука. Секој развој има своја цел. Нашата цел во овој мандат и нашиот најголем фокус се децата, нивното образование, креирањето подобри услови и создавање подобар квалитет на живот за сите семејства во Ѓорче . Нашиот најважен приоритет во овој мандат е целосно надградување на образовната инфраструктура во нашата општина. Во само првата година во мојот нов мандат, започнуваме со три големи училишни доградби. Во основното училиште „Страшо Пинџур“ Во Даме Груев се градат 6 нови училници Во основното училиште „Јоаким Крчоски“ во Волково се градат 8 нови училници. Во подрачното училиште „Димитар Поп-Георгиев Беровски“ во населбата Хром започнавме со изградба на исто така 8 нови училници, со што вкупно 22 нови училници на територија на општина Ѓорче Петров во моментов се градат и создаваме услови за едносменска настава во сите основни училишта. Хром конечно ја доби и новата спортска сала во подрачното училиште на „Димитар Поп-Георгиев Беровски“. Реконструираме училишни простории, инвестираме во опрема и ги уредуваме кабинетите по информатика. Истовремено градиме и нови детски градинки. Новата градинка во Дексион ќе биде со капацитет од 120 деца и целосно современ, енергетско ефикасен објект. А продолжуваме и со изградбата и на новата градинка во Стопански двор, која е исто така со капацитет од 120 дечиња и ќе има дополнително нова централна кујна со нов магацински простор кои ќе служат за потребите на јавната установа Росица во Ѓорче Петров. Нашата грижа е секое едно дете да има услови и можност за квалитетно образование и личен развој. Основното училиште „Димитар Поп-Георгиев Беровски“ е првото училиште во општината кое доби најсовремен систем за греење со топлински пумпи. Во соработка со нашите партнери од УНОПС започнуваме проект во кој сме лидери со кој ги опфаќаме сите 6 основни училишта во Ѓорче Петров како и објекти од 3 детски градинки, со што постојните системи за греење ќе бидат надградени со современи топлински и еколошки пумпи. Единствена фотоволтаична централа од 2.2 МВ на покривите на училиштата, самата по себе претставува еден исклучителен проект и не позиционира како општина лидер во Република Македонија , бидејќи по самиот обем е најголема проект преку кој со јавно приватно партнерство покрај тоа што ги поставуваме фотоволтаичните централи на нашите кровови, обезбедуваме и дополнителен приход во буџетот од најмалку 7 милиони денари годишно, без дополнителен трошок од општинскиот буџет. Покрај тоа што инвестираме во образовната инфраструктура, воведовме и мерки што директно влијаат на намалување на семејниот буџет. За 410 првачиња обезбедивме бесплатни ранци, училишен прибор и по 3.000 денари еднократна финансиска поддршка. За прв пат сите полуматуранти во Ѓорче добија по 5.000 денари финансиска поддршка, мерка која што ќе продолжи и во иднина. А за младите од 18 до 25 години започнавме со иницијатива и програма за добивање на субвенции од 10.000 денари за полагање на возачки испит од Б категорија. Учениците со попреченост во нашата општина во основното образование добиваат по 10.000 денари еднократна поддршка во текот на образованието. А ја зголемивме и поддршката за новороденчиња на 8.000 денари. Општина Ѓорче Петров е инклузивна општина. А во мај оваа година и официјално го отворивме Центарот за дневен престој и индивидуален третман, кој обезбедува стручна грижа и индивидуални третмани за децата и возрасните со попреченост. Во патната инфраструктура само во периодот од последната година изградивме повеќе од 10 км нови коловози, улици и нивни краци во повеќе населени места, со што вкупната бројка на досега реализирани нови улици и краци од почетокот на првиот мандат изнесува над 300 нови вакви објекти. Ја реконструиравме улицата Воин Драшкоци во населбата Хром, главна улица којашто после години добива темелна реконструкција во должина од 950 м, а покрај целосната реконструкција на коловозот изведени се и нови тротоари на обете страни на коловозот, ќе бидат изведени и легнати полицајци и за првпат оваа улица добива и атмосферска канализација. Со којашто го решаваме долгогодишниот проблем со одведувањето на атмосферските води во населбата Хром. Поставуваме и нова канализациона мрежа во руралниот дел на улица 31 и 37 во вкупна должина од приближно 1 км. Улицата 101 во Волково во тек е со реконструкција и уредување на последната автобуска станица на линијата 22 со нова автобуска постојка, проект којшто го работиме заедно со градот Скопје. Продолжуваме со уредување на многу улици и нивни краци во руралниот дел на Ѓорче Петров, а во урбаниот дел во населбата Александрија успеавме да поставиме нова топловодна инфраструктура со цел поекономично и еколошко централно греење за жителите на оваа населба. Паралелно на тоа работиме и на ново улично осветлување од приближно 700 м и нова мрежа во населбата Александрија. Нашата цел е Општина Ѓорче Петров да стане силна општина во која луѓето не само што ќе живеат, туку ќе сакаат да останат, да создаваат семејства и да ја градат својата иднина заедно во заедницата. Затоа во периодот што следи фокус ставаме и на јавните простори, зеленилото, спортот и местата за дружење и рекреација. Започнуваме со изградбата на нов мега-парк во Ѓорче Петров, паркот Македонија на кејот на реката Вардар, веднаш до фудбалското игралиште Македонски лавови. Паралелно со тоа продолжуваме со создавање на нови рекреативни простори, меѓу кои и нов парк во населбата Волково. Продолживме со инвестиции во спортските и рекреативните зони, нешто по што бевме и претходно препознатливи, а изградивме и три нови фитнес зони во дворот на училиштето Мирче Ацев, во дворот на Беровски како и близу локалитетот Бранители во населеното место Волково, со што создаваме услови за младите од овие делови да може да рекреираат и спортуваат на отворен простор. Нашата визија е јасна: општина која ги решава инфраструктурните проблеми, општина која ја градиме во која квалитетот на живот ќе биде еден од нејзините најголеми предности. И тоа нема да го постигнеме со само еден проект, туку заедно со граѓаните и со нивното партиципативно учество во секој еден проект, заедно со институциите на општината Ѓорче Петров. Со сето ова, со отворениот пристап, Ѓорче Петров е високо на скалата на транспарентност, со подобрување од минатата година, и со сериозен напредок од 25%. А во март оваа година успеавме да ја добиеме и европската ознака CAF Effective User и станавме првата општина во Република Македонија што успешно ја помина надворешната евалуација за признание за квалитет во јавната администрација. Продолжуваме да работиме за секое маало, за секое дете и за секое семејство. Ѓорче Петров е општина во која се живее, се расте и се создава иднина заедно. Александар Стојкоски, градоначалник на Општина Ѓорче Петров Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЃорѓиевски: Градските цвеќарници повторно ги ставаме во функцијаГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави дека по долгогодишна запуштеност и пропаѓање повторно се ставаат во функција цвеќарниците на ЈП „Паркови и зеленило“ - „Роза“ на булевар „Илинден“, наспроти фонтаната „Лотос“ .Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави дека по долгогодишна запуштеност и пропаѓање повторно се ставаат во функција цвеќарниците на ЈП „Паркови и зеленило“ - „Роза“ на булевар „Илинден“, наспроти фонтаната „Лотос“ и цвеќарницата кај Министерството за економија. - Скопје ги памети местата во кои започнуваа убавите моменти. Градските цвеќарници беа дел од тие спомени, таму младенците ги избираа букетите за својот најважен ден, се купуваше цвеќе за честитки, за благодарност и за радост во нечиј дом. Мали места со големо значење за многу генерации скопјани. Токму затоа, повторно ги ставаме во функција. Веќе течат активностите за нивна темелна реконструкција, за повторно да станат уредни, пријатни и достапни катчиња за сите граѓани. Имаме обврска да се грижиме за она што го наследивме, да му дадеме нова вредност и да го оставиме со гордост на генерациите што доаѓаат. Секој обновен простор е уште еден зачуван дел од нашиот град – изјави Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека цвеќето и услугите ќе бидат понудени по максимално пристапни и фер цени, затоа што убавиот гест треба да биде достапен за секого. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураСулејмани и Мендони во Курбиново: Пример за успешна македонско-грчка соработка во заштитата на културното наследствоМинистерот за култура и туризам, Седат Сулејмани, и министерката за култура на Грција, Лина Мендони, ја посетија црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново, каде што се запознаа со резултатите од завршената конзервација на вредниот фрескоживопис на црквата.Присуството на грчката министерка за култура во Курбиново има особено значење, имајќи ја предвид успешната соработка меѓу институциите од двете земји, особено придонесот на грчките експерти во реализацијата на конзерваторските активности. Конзервацијата е реализирана со стручна поддршка од експерти од Грција, ангажирани врз основа на Меморандумот за соработка со Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици, во соработка со експерти од Националната установа Завод и музеј – Битола. На министерката Мендони ѝ беа презентирани значењето и вредностите на црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново, како и културните и природните вредности на Преспанскиот Регион и значењето на неговото наследство за унапредување на соработката и поврзувањето меѓу двете земји. На посетата беа присутни и директорката на Заводот и музеј – Битола, Маргарета Спасов и претставници на Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици, со што дополнително беше нагласена важноста на институционалната и стручната соработка во реализацијата на конзерваторските активности. Министерот Сулејмани, истакнувајќи ја успешната соработка меѓу институциите и стручните лица од Македонија и од Грција, посочи дека завршената конзервација на фрескоживописот во Курбиново претставува конкретен резултат од размената на знаења, искуства и експертиза. Тој ја нагласи и важноста на присуството на министерката Мендони, како потврда за посветеноста на двете земји кон натамошно унапредување на соработката во областа на културата и заштитата на културното наследство. Црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново е значаен споменик на средновековното културно наследство и едно од највредните сведоштва на византиската уметност од XII век на територијата на Македонија. Со своето исклучително културно и историско значење, црквата претставува важен дел од наследството на Преспанскиот Регион и значаен пример за потенцијалот на културното наследство да ги поврзува институциите и народите од двете страни на границата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦаринска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20