Трамп ветува по 5.000 долари за сите возрасни Американци ако Републиканците победат на изборите во ноември
2Трамп ветува по 5.000 долари за сите возрасни Американци ако Републиканците победат на изборите во ноември
3Пет и пол милиони евра чинела прославата на Денот на независноста- повеќето ги дала Државна лотарија, Филипче се сомнева
Две недели по ред регистрирани по само два нови случаи, досега осум лица починаа од западнонилска треска
1Две недели по ред регистрирани по само два нови случаи, досега осум лица починаа од западнонилска треска
ЗабаваФото: Спортска новинарка во провокативно издание!!Убава и атрактивна водителка им „го украде“ шоуто на лауреатите.Иако вечерта беше посветена на најуспешните спортисти и спортски работници, спортската водителка и новинарка Кејт Абдо со својот провокативен изглед беше во центарот на вниманието. Сите погледи беа вперени во провокативниот црн фустан со длабоко деколте на убавата Кејт.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Европа28 повредени во украински напад со дронови во руското одморалиште Сочи28 луѓе се повредени во украинскиот напад со дронови во руското одморалиште Сочи на Црното Море.. Властите во Краснодарскиот регион соопштија меѓу повредените има и две деца и дека по нападот избил голем пожар на пристанишниот кеј.. Сочи е познат како „втора престолнина“ на Русија и е дом на официјалната летна резиденција на претседателот Владимир Путин.. Нападите се сметаат за одговор на во вчерашните жестоки руски напади врз Украина во кои беа убиени најмалку осум луѓе.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГаздата на „Пулс“ Дејан Јованов Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
СветТрамп ветува по 5.000 долари за сите возрасни Американци ако Републиканците победат на изборите во ноемвриАмериканскиот претседател Доналд Трамп на конвенцијата на Републиканската партија во Далас им вети по 5.000 долари на сите возрасни граѓани на САД .Американскиот претседател Доналд Трамп на конвенцијата на Републиканската партија во Далас им вети по 5.000 долари на сите возрасни граѓани на САД доколку Републиканците ја задржат контролата врз Конгресот по меѓуизборите на почетокот на ноември.. Единствениот услов, според него, е средствата да бидат потрошени во Соединетите американски држави. Сепак, начинот на спроведување на ваквата мерка, како и нејзината правна оправданост, засега остануваат нејасни.. Според пресметките, ваквата идеја би чинела речиси колку целиот буџет за одбрана на земјата, односно околу 1,35 трилиони долари, имајќи предвид дека во земјава има приближно 270 милиони возрасни жители.. Соперничките Демократи контроверзната понуда го нарекоа тоа празно и неостварливо ветување..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГаздата на „Пулс“ Дејан Јованов Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
МакедонијаПет и пол милиони евра чинела прославата на Денот на независноста- повеќето ги дала Државна лотарија, Филипче се сомнева 340 милиони денари или 5,5 милиони евра изнесува вкупната финансиска конструкција за прославата на 35 години независност, според информациите што ги соопшти Владата. Од нив, 300 милиони денари, или 4,8 милиони евра, биле обезбедени преку Државната лотарија од нераспределената добивка за 2024 година, а дополнителни 40 милиони денари или околу 650.000 евра обезбедиле општествено одговорни компании. На речиси едночасовна прес конференција која ја одржаав владината портпаролка Марија Митева, директорот на АД Државна лотарија Александар Климовски и сопственикот на Авалон продукција беа објаснети деталите околу одлуката и склучувањето на договорот за организирање на прославата. Митева кажа дека со владин заклучок било предвидено ангажирање на светски артист од А класа, продукција од ист ранг и организација на 12 настани низ Македонија. „Владата донесе заклучок каде се утврдија конкретните активности за прославата за независноста. Беше предвидено А класа светски артист, со А класа продукција кој гарантира 30.000 посетители, организирање на 12 настани низ Македонија со концепт, настан со светска ѕвезда А класа во придружба на македонски артисти. Ќе ми дозволите да направам важна споредба, Перпарим Бајрами и Артан Груби – 8,2 милиони во воздух. Тоа се средства кои не завршија кај граѓаните, а ова се пари кои завршија за граѓаните.“ Директорот на АД Државна лотарија Климовски вели дека тие 300 милиони денари кои доаѓаат од нераспределената добивка се компаниски пари, а не буџетски иако единствен сопственик на компанијата е државата. Тој објасни дека откако го добиле заклучокот од Владта, објавеиле јавен повик, иако согласно законот за спонзорства и донации немале таква обврска, а не него се јавила само фирмата Стардаст која ги имала правата за трговската марка на Авалон. „Станува збор за средства од 300 милиони денари кои беа компаниски пари, нераспределена добивка. Компанијата е издвоена од Владата. Сè додека се во компанијата, тие се корпоративни пари.“ Лидерот на СДСМ Венко Филипче претходно на прес конференција побара Владата веднаш да ги објави записникот од 167. седница, целата документација за постапката и поединечните исплати на сите учесници во прославата. Според него, лага е дека парите не се државни и праша зошто не биле употребени за друга намена. „Мицкоски изјави дека за оваа прослава не бил потрошен ниту еден денар народни пари. Но, од 167. седница на Владата излезе на виделина дека АД Државна лотарија, која е стопроцентно во сопственост на државата, треба да ја организира прославата со пет милиони евра народни пари, пари на граѓаните. Ниту знаеме кој одлучувал за пет милиони евра пари на граѓаните, ниту врз основа на кои критериуми набавката ѝ е доделена на компанијата што го организирала настанот. Само неколку месеци претходно истата компанија добила пари од Државната лотарија и за други активности, а никој не знае за кои и какви. Може ли некој да каже дека нема сомнеж во оваа работа? Зошто дивидендата од Државната лотарија не се намени за исплата и зголемување на субвенциите на земјоделците, за лековите што недостасуваат, за подобрување на инфраструктурата во училиштата или за зголемување на социјалната помош? “ Инаку, на самиот почеток на денешната пресконференција за отчетот, сопственикот на Авалон Бобан Милошески се извини за неговиот однос кон новинарката на Слободен печат, кога на претходната прес конференција на прашањето за тоа колку чини концертот на Дејвид Гета, одговори со, цитирам, „дали мислите дека сум идиот“... Според договорот со Авалон, Климовски вели дека до 1 октомври продукцијата ќе треба да достави детален извештај за тоа колку пари за секој настан од прославата поедничено се потрошени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГаздата на „Пулс“ Дејан Јованов Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11