Попоска Вишинска: Каде ќе завршат близу 250 илјади евра, пари на центарци кои беа наменети за бесплатен оброк за учениците?
2Попоска Вишинска: Каде ќе завршат близу 250 илјади евра, пари на центарци кои беа наменети за бесплатен оброк за учениците?
БМВ ги повика сопствениците на 720.000 автомобили во САД да паркираат на отворено и далеку од градежни објекти
1БМВ ги повика сопствениците на 720.000 автомобили во САД да паркираат на отворено и далеку од градежни објекти
3Опасен ТикТок предизвик се шири меѓу младите- скокаат пред возило за да го тестираат трпението на возачите
КултураФото: Спектакуларно отворање на „Охридско лето" со Големиот Чајковски Грандиозен гала балетски концерт „Големиот Чајковски" приредија вчеравечер уметниците од Националната опера и балет на Република Македонија, на отворањето на 61-то издание на фестивалот „Охридско лето".На сцената на Античкиот театар, балетските првенци, Марија Кичевска-Шокаровска, Мими Поп Алексова-Атанасовска, Васил Чичиашвили и Бобан Ковачевски, како и солистите, ансамблот и оркестарот на Националната опера и балет приредија импресивен омаж за еден од најзначајните композитори од светската музичка ризница Петар Илич Чајковски. Тие ја изведоа балетската трилогија „Лебедово езеро", „Оревокршачка" и „Заспаната убавица" , како и извадоци од балетот „Ана Каренина" и операта „Евгениј Онегин", за што беа наградени од публиката со бурни и долготрајни овации. По интонирањето на фестивалската химна и палењето на фестивалскиот оган, „Охридско лето" за отворено го прогласи покровителот, Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, кој рече дека парадоксот на убавината, која е олицетворена во уметноста и во културата, е што таа е непресушен извор на надежта за подобар свет, дури и кога ги прикажува најголемите страдања, насилството кон немоќните или грдите лица на луѓето. -Автентичната уметност ни ја нуди надежта и како личен и како колективен феномен, нè поттикнува да ја бараме вистината и да ја прегрнеме добрината. Како критичар на сите апарати и системи на моќта, уметноста нѐ охрабрува да не се помируваме со злоупотребите и да не молчиме пред неправдите. Дури и кога е игнорирана или забранувана, уметноста си го пробива патот меѓу луѓето, меѓу народите, јазиците и културите, ширејќи го просторот за свет со почовечки лик. За да не потоне во очај, на светот му е неопходна убавината. Таа, заедно со вистината што ослободува и со добрината што облагородува, може да ги помири луѓето, може да ја намали нивната болка, да ги поврзе генерациите и да му даде нова надеж на човештвото. А тоа ни е повеќе од потребно во секојдневието исполнето со сиви тонови, истакна Претседателот Пендаровски. Покровителот на фестивалот, Пендаровски, нагласи дека „Охридско лето" како институција веќе 61 година дава простор за врвни креации на илјадници уметници од целиот свет. -Токму уметниците се вистинските чувари на убавината, и со тоа, и сведоци дека надежта за човештвото опстојува. Годинава, кога прославуваме 30 години од независноста на Република Северна Македонија, го започнуваме нашиот најпрестижен меѓународен фестивал „Охридско лето" со 90 македонски уметници чии квалитети сигурно не се подолу од најпознатите светски имиња, рече Претседателот Пендаровски, прогласувајќи го фестивалот за отворен. Обраќајќи се пред публиката, Министерката за култура на Република Северна Македонија, Ирена Стефоска, од сцената на Античкиот театар рече дека „Охридско лето" е престижен настан кој веќе ја надмина фестивалската улога и стана македонски бренд кој трпеливо си го проби патот до светска препознатливост. -Пандемијата која што го занеме светот, не го занеме нашето „Охридско лето". Поставено на здрави темели, градено со љубов и негувано со почит-тоа не само што трае туку и ни го дава најдоброто од себе. Тоа е уметноста-лечителка на душата, рече Министерката Стефоска. Според Министерката, ниту Охрид може без „Охридско лето", ниту „Охридско лето" може без Охрид зашто како што образложи, магијата е заемна исто како што е магичен и целиот регион. -Регионот е волшепство од природата и наследство на историјата. Тапијата е во наши раце само на чување и затоа мора да ја сочуваме –не заради УНЕСКО, туку заради оставениот аманет кој е и наша обврска и наша чест. Во таа задача, ние како Влада, можеби навидум одиме бавно, но не сопираме. Како што не сопира ниту нашето „Охридско лето". Зашто летата во Охрид почнуваат и завршувааат со „Охридско лето". Сѐ пред тоа, и сѐ потоа, е само лето, додаде Министерката за култура Ирена Стефоска. Пораката на „Охридско лето" во името на сите уметници , годинава ја пренесе познатата балерина и кореографка Олга Панго која нагласи дека уметноста е човековиот постојан стремеж да креира за себе поинаков ред на реалност од оној кој му е даден. - Честа да се стои вечерва пред сите вас во име на сите уметници е огромна, исто како и одговорноста која секој од нас ја носи со секое застанување на сцена, секое движење и секој доживеан аплауз. Ние ја дишеме и живееме музиката, го дишеме и живееме танцот. Нашата порака ќе ви ја пренесеме онака како што најдобро знаеме – од сцената, која последнава година и половина премногу ни недостасува. Уште поголема е возбудата токму поради фактот што годинава токму ние, македонските уметници ќе го отвориме фестивалот „Охридско лето". Македонските културни институции мора да се поддржуваат меѓу себе и ние вечерва ќе го покажеме токму тоа, како треба да се работи во име на уметноста, рече Панго. Годинешното 61-во издание кое вчеравечер беше најавено и со богат огномет над охридското небо, на Античкиот театар, во црквата „Света Софија" и во нејзиното предворје, на сцената „Долни Сарај" и во Центарот за култура „Григор Прличев" ќе донесе 40 фестивалски вечери исполнети со квалитетна програма и врвни уметници.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
МакедонијаМицкоски: Проширувањето на ЕУ треба да биде фокусирано на суштински реформиПроширувањето на Европската Унија треба да биде фокусирано на суштински реформи, модернизација на институциите и нивно поголемо отворање кон граѓаните.Промените што го засегаат националниот идентитет не смеат да бидат услов за европска интеграција, бидејќи тоа го доведува во прашање кредибилитетот на самиот процес на проширување. Македонија останува конструктивен партнер, посветена на реформската агенда, целосно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и активно вклучена во европските иницијативи, со јасна стратешка цел полноправно членство во Европската Унија, порача премиерот Христијан Мицкоски на Форумот за проширување на Европската Унија - „EU Enlargement Forum 2026“, во организација на Европската комисија. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
АвтомобилизамБМВ ги повика сопствениците на 720.000 автомобили во САД да паркираат на отворено и далеку од градежни објекти BMW почна повлекување на повеќе од 720.000 возила и им советуваше на сопствениците да ги паркираат на отворено. Упатствата се поврзани со ризикот од пожар, а целиот случај покажува како дури и најмалите дефекти можат да предизвикаат обемни и скапи сервисни акции. Сите автомобили ќе мора повторно да се сервисираат поради проблем што БМВ можеше да го открие само со помош на компјутерски томографски скенер, пишува Carscoops. Проблемот е продолжението на повлекувањето од 2024 година. Во август истата година, германскиот производител повлече 720.796 автомобили поради можноста течност да влезе во електричниот приклучок на водната пумпа и да предизвика краток спој. Решението во тоа време беше да се пренасочи вишокот течност подалеку од конекторот. Две години подоцна, се покажа дека поправката не е доволна, па BMW повторно ги поканува сопствениците на истите возила на проверка. Редослед на настани Во случајот со првото повлекување, BMW како причина го наведе вишокот течност што стигнала до конекторот на пумпата преку системот за рециркулација. Речиси една година подоцна, компанијата доби извештај за термичко преоптоварување на електричен конектор на возило надвор од САД. Поправката веќе беше извршена на тој автомобил, па затоа на почетокот се сомневаше дека постапката за сервисирање не е правилно извршена. Два месеци подоцна, во јуни 2025 година, BMW доби информации за сличен случај во САД, исто така на сервисирано возило. Производителот ги помина следните неколку месеци обидувајќи се да ја утврди причината. Во октомври, сè уште се сомневаше на лошо извршени поправки, но до јануари 2026 година, продолжија да се појавуваат примери на поправени автомобили со ист проблем. До април оваа година, BMW го истражуваше проблемот со компјутерски томограф и ангажираше надворешен експерт за помош. Помеѓу мај и септември 2026 година, производителот заклучи дека врските може да станат кршливи со текот на времето поради навлегување на вода. Овој процес може да доведе до прегревање, краток спој и, во ретки случаи, пожар. Затоа, на сопствениците на засегнатите модели им се препорачува да ги паркираат своите возила на отворено и подалеку од згради. Засегнати модели Повлекувањето опфаќа одредени модели на BMW Серија 3 и Серија 4 (произведени од 2012 до 2016 година), X4 (2015-2018), X3 (2013-2017), Серија 2 (2014-2016), X5 (2016-2018), Серија 5 и Z4 Roadster (2012-2016) и X1 (2012-2015). Важно е да се истакне дека BMW проценува дека вистинскиот дефект е помал од 0,1 процент од повлечените возила. До 28 октомври 2026 година, компанијата регистрираше 10 случаи поврзани со овој проблем на американскиот пазар. Иако е многу мал дел, доволно е за BMW да инвестира милиони во повторна проверка на сите автомобили. Тоа е исто така показател за прецизноста на современите системи за производство и безбедност. Иако бројот на повлекување е генерално во пораст, примери како овие илустрираат дека статистиката може да ја направи ситуацијата да изгледа полоша отколку што е. Сопствениците во Америка можат да проверат дали нивниот автомобил е опфатен со повлекувањето со внесување на бројот на шасијата (VIN) на NHTSA.gov или со контактирање на локален дилер. BMW ќе почне да испраќа известувања до сопствениците по пошта околу Божиќ, што е подарок што сигурно никој не го сака.Тагови: автомобили бмв Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПопоска Вишинска: Каде ќе завршат близу 250 илјади евра, пари на центарци кои беа наменети за бесплатен оброк за учениците?Каде ќе завршат близу 250 илјади евра, пари на Центарци кои беа наменети за бесплатен оброк за учениците?Во службен гласник на општина Центар, издаден на 28.12.2025 година, на страна 148, проект 22 јасно вели дека општината од септември 2026 година, ќе издвои 15 милиони денари или близу 250 илјади евра, за бесплатен оброк за сите ученици. Два и пол месеци, учениците и родителите од Центар се излажани. Иако очекуваа бесплатен оброк, тие се уште од својот џеб ги плаќаат оброците на своите деца. Бетон Герасимовски треба јасно да каже, зошто оваа мерка не е исполнета иако биле предвидени средства за истата? Дали Буџетот на општината е празен? Дали парите за оброкот се пренаменети за партиски интереси на СДС и Герасимовски? Почитувани, Бетон Герасимовски веќе не знае каде тера. По патот на неговиот претседател Филипче, сака да ја уништи општината, како што истиот ја уништува партијата. Граѓаните на општина Центар да бидат спокојни, доаѓаат убави денови за срцето на Скопје. Марина Попоска Вишинска, советник во Општина Центар од ВМРО - ДПМНЕТагови: Попоска Вишинска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook