Славески на прес конференција најави три нови мерки за располагање на средствата на клиентите на „Алта банка“
1Славески на прес конференција најави три нови мерки за располагање на средствата на клиентите на „Алта банка“
3Поразот на републиканците ги урна светските берзи поради стравувањата за инвестиции во вештачката интелегенија
ЗабаваФото: Сопругата на Марк Ентони се „загледа “во Новак ЃоковиќМисицата на Парагвај не може да го тргне погледот од најтрофејниот светски тенисер во историјата Новак Ѓоковиќ.Мегапопуларниот Ноле на тенискиот терен е „заробен“ со поглед од една од најубавите жени на светот! Легендарниот тенисер ниже победи на АТП Мастерсот 1000 во Мајами. Ѓоковиќ по триумфот над Димитров обезбеди ново рекордно финале на Мастерс турнирите. На неговите мечеви во мајами редовно се појавуваат личности од светскиоте џет-сет. На еден од последните мечеви на трибините беше присутен и славниот пејач Марк Ентони со сопруга поранешната мис на Парагвај Наѓа Фереира. За фотографите најинтересен бил моментот на разговор меѓу Ноле и Марк, а убавата бринета била импресионирана од српскиот ас, што дури со „поглед“ се обидувала да го зароби славниот тенисер.Тагови: Новак Ѓоковиќ тенисер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСлавески на прес конференција најави три нови мерки за располагање на средствата на клиентите на „Алта банка“Зголемен неделен лимит и целосна исплата на идните приливи, најави гувернерот Славески на попладневната прес конференција поврзана со привремената администрација на банката од страна на Народната банка..Повеќе детали околу новите три олеснувања за располагање на средсствата за клиентите на банката повеќе од Маја Стојановска.. Маја кои се новите олеснувања што ги соопшти Славески? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПосебен режим на сообраќај утре во Скопје поради тркаНа 07.11.2026 (сабота) со почеток во 17:00 часот, ќе се одржи спортско рекреативна ноќна трка на 5 км и 21 км во општина Центар .На 07.11.2026 (сабота) со почеток во 17:00 часот, ќе се одржи спортско рекреативна ноќна трка на 5 км и 21 км во општина Центар насловена како „Centar Night Run“, со траса на движење од ул.„Орце Николов“ (кај општина Центар), десно по ул.„Франклин Рузвелт“, десно по бул.„Илинден“ до крстосница со ул.„Наум Наумовски Борче“, назад по бул.„Илинден“, лево по ул.„Франклин Рузвелт“ се до крстосница со бул.„Партизански Одреди“, назад по ул.„Франклин Рузвелт“, десно по ул.„Орце Николов“, десно по бул.„Св.Климент Охридски“ (коловозна лента во насока север – југ) се до крстосница со бул.„Партизански Одреди“, назад во истата коловозна лента на бул.„Св.Климент Охридски“, се до крстосница со бул.„Илинден“, назад по истата коловозна лента на бул.„Св.Климент Охридски“, десно по ул.„Орце Николов“, десно по ул.„Наум Наумовски Борче“, лево по ул.„Михаил Цоков“, повторно лево по ул.„Михаил Цоков“ и десно по ул.„Орце Николов“ до целта. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Црна хроникаУапсен е гостиварец, кој ја принудувал својата 80 годишна неподвижна мајка на питачење Лишено од слобода лице кое ја принудувало својата мајка на питачење, поднесена кривична пријава за „трговија со луѓе“.На 06.11.2026, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, под раководство на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против Н.Н.(60) од Гостивар за сторено кривично дело „трговија со луѓе“, по член 418-а, став 1 од Кривичниот законик. Во текот на 2025 и 2026 година, Н.Н. делото го сторил со цел стекнување противправна имотна корист, на начин што ја искористил ранливоста и зависната положба на неговата мајка З.С(80) од Гостивар, како и нејзината физичка неспособност, (истата се движи со инвалидска количка и не ги извршува самостојно секојдневните активности), и ја принудувал на питачење. Имено Н.Н. својата мајка подолг временски период во континуитет ја носел на локација во Гостивар, и ја изложувал на трудова експлоатација по пат на питачење, додека за целото време бил присутен во нејзина непосредна близина, ја надгледувал и контролирал нејзината активност, по што насилно и на дрзок начин и ги одземал паричните средства, кои потоа ги користел за свои потреби. Врз основа на издадена судска наредба од Основен кривичен суд Скопје, на подрачје на Гостивар извршен е претрес во дом и други простории кај Н.Н., при што лицето е лишено од слобода. Од извршениот претрес пронајдени и привремено одземени се мобилни телефонски апарати и парични средства кои потекнуваат од извршување на кривичното дело, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook