ЗабаваФото: Софија Вергара се „заиграла“ со фотошопотНајплатената телевизиска актерка на светот, атрактивната Софија Вергара важи за една од најубавите и најжешките жени во светот, а сега привлече внимание со една од своите објави.Лавина од коментари предизвика нејзината последна објава и фотка на која убавата Софија позира во опуштена облека. На фотографијата Софија позира во широки фармерки, тексас кошула и патики, но за нејзините фанови по впечатливо било нејзиното лице. Таа доби бројни комплименти за својот изглед, но едно нешто им „предизвика внимание“ на многумина, а тоа се однесува на лицето на Софија. Како што многумина забележаа, актерката малку се занела и заиграла со фотошопирањето и изгледа како да има 20 години. „Прекрасна“, „Убава“, „Малку претеруваш со фотошоп?“, „Најслатката досега“, „Природно си убава, нема потреба да ги уредуваш сликите“, се само дел од коментарите, пренесува „CDM“.Тагови: Софија Вергара Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканГрција им ги забранува социјалните мрежи на помладите од 15 години Грчкиот парламент донесе закон со кој им се забранува на децата под 15 години да користат социјални мрежи. Законот, кој стапува на сила на 1 јануари 2027 година, беше донесен поради растечката загриженост за влијанието на овие платформи врз здравјето и безбедноста на малолетниците, објави Ројтерс. Премиерот Киријакос Мицотакис изјави дека платформите имаат рок од два и пол месеци да развијат систем за проверка на возраста на корисниците и да обезбедат заштита на нивната приватност. Грција е една од седумте земји-членки на Европската унија кои соработуваат со Европската комисија за решение за проверка на возраста на корисниците. Greece passes social media ban for children under 15 https://t.co/QdfBz2ixXo — Economic Times (@EconomicTimes) October 23, 2026 Слични мерки веќе се забележани во светот. Минатата година, Австралија стана првата земја што законски го ограничи пристапот до социјалните медиуми за малолетници. Во Франција, пак, Уставниот суд го поништи таков закон во август. Помагање на родителите во борбата против зависноста Владата нагласува дека со овој потег сака да им помогне на родителите во потиснувањето на таканареченото бесконечно скролување. Тие наведуваат дека овој феномен ги лишува децата од сон, ја нарушува концентрацијата и го одзема времето од поминувањето време со пријателите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоДенеска променливо облачно со дожд претпладне и сончево попладнеВремето денеска ќе биде претпладне променливо облачно, а потоа сончево со мала облачност, информираат од УХМР.МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С) 3 Попова Шапка, 5 Лазарополе, 6 Маврови Анови, Битола, Крушево, 7 Крива Паланка, 8 Берово, Претор, 9 Охрид, Виница, Прилеп, 10 Куманово, Тетово, Штип, Струмица, 11 Скопје-Зајчев Рид, 12 Велес, Кавадарци, Демир Капија, Скопје-Петровец, 14 Гевгелија. КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 08 часот во (l/m2) 21 Крива Паланка, 9 Виница, 8 Берово, 4 Куманово, 1 Штип, Лазарополе. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА Променливо облачно, во утринските часови ќе има повремен локален дожд, а во текот на денот ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 24 степени. Во Скопје, претпладне променливо облачно, а потоа сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 20 степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЧеститка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба08:59Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05Мицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба08:59
Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
МакедонијаМинчев: 23 Октомври е ден што нѐ потсетува на идејата за слободна Македонија23 Октомври е ден што нѐ потсетува на идејата за слободна Македонија, на храброста на оние што се бореа за неа и на одговорноста што ја носиме денес кон идните генерации.Идеалите на македонските револуционери се трајна обврска да ја чуваме слободата, да го градиме единството и да создаваме општество во кое правдата, достоинството и еднаквите можности се темел на заедничката иднина. Нека нивната борба биде поттик да продолжиме со верба, одлучност и посветеност кон силна, просперитетна и демократска држава, во која секој граѓанин ќе може да ја препознае својата иднина. Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! Срдечно, Горан Минчев Министер за јавна администрацијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЧеститка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба08:59Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05Мицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба08:59
Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05