Фото: Сите гледа во Џенифер Лопез, секси фотосесијата предизвика лавина од реакции - Канал 5

Фото: Сите гледа во Џенифер Лопез, секси фотосесијата предизвика лавина од реакции

Светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез ги освои социјалните мрежи со фотосесија на која позира во провокативна облека во музичко студио, покажувајќи ги своите нозе.

Фото: Сите гледа во Џенифер Лопез, секси фотосесијата предизвика лавина од реакции

Таа ја направи фотографијата во музичко студио сместено во луксузниот хотел „Сизарс Палас“ во Лос Анџелес, а во описот напиша:

„Кога концертот ќе заврши и музиката ќе продолжи“ со хаштагот на новата песна „Save Me Tonight“ што ја сними со Дејвид Гета.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шукова: ВМРО ги излажа граѓаните - наместо подобра преговарачка рамка и напредок кон ЕУ, донесе застој и изолација

ВМРО пред две години им ветуваше на граѓаните поништување на Преспанскиот договор, репреговарање на Преговарачката рамка и подобри услови за Македонија, денес, по две години власт, нема ниту резултати, ниту конкретен план како понатаму.

Шукова: ВМРО ги излажа граѓаните - наместо подобра преговарачка рамка и напредок кон ЕУ, донесе застој и изолација

ВМРО пред две години им ветуваше на граѓаните поништување на Преспанскиот договор, репреговарање на Преговарачката рамка и подобри услови за Македонија, денес, по две години власт, нема ниту резултати, ниту конкретен план како понатаму, потенцираше рече претседателката на Форумот на жени на СДСМ, Каја Шукова, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.

„Она што гледаме е дека ВМРО, не знае да носи државнички одлуки, ги гледа само своите и интереси, а најмалку интересите на граѓаните. ВМРО беа тие кои велеа дека ќе го укинат Преспанскиот договор и на граѓаните им ветуваа подобра преговарачка рамка. Ветуваа многу работи на граѓаните и во рок од овие две години ништо не е исполнето, порача Шукова, додавајќи дека Владата не само што не ги реализира ветувањата, туку државата ја држи во место без јасна стратегија и резултати.

Во дебатата Шукова посочи дека Владата избегнува да зборува за реалните резултати и реализацијата во делот на реформите и Планот за раст, каде што Македонија не успеа да ги исполни обврските во предвидените рокови.

„Иако Владата се пофали со исплатата на средства од Планот за раст, фактите покажуваат дека Македонија доби само 65,7 милиони евра, значително помалку од износот што можеше да го добие доколку навремено ги спроведеше предвидените реформи. Наместо целосна реализација на реформската агенда и повлекување на над 100 милиони евра предвидени средства, државата остана без значителен дел од финансиската поддршка поради неисполнетите обврски“, рече Шукова.

Таа додаде дека Владата пласира само половина од вистината, премолчувајќи дека државата не ги реализирала реформите што се предуслов за целосна исплата на средствата. Шукова потсети дека реализацијата на реформската агенда сериозно доцни.

„Од 10 системски закони ко ишто требаше да се донесат се донесени само два. Не се почитува временската рамка. Впрочем и заради тоа државата не ги спроведува реформите и ги губи парите кои што може да ги добие од Европската Унија“, нагласи Шукова.

Скопје, 17.06.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Орце Ѓорѓиевски: Кејот на реката Вардар добива нов и поуреден изглед

Кејот на реката Вардар добива нов и поуреден изглед со поставување нова урбана опрема, во насока на подобрување на условите за престој, рекреација и спорт на граѓаните.

Орце Ѓорѓиевски: Кејот на реката Вардар добива нов и поуреден изглед

На оваа една од најпосетуваните локации во Скопје се поставени нови клупи и корпи за отпадоци, со што просторот станува почист, пофункционален и попријатен за сите посетители.

Паралелно продолжуваат редовното одржување на кејот и активностите за чистење на коритото на реката Вардар на територијата на Град Скопје.

Со конкретни активности и инвестиции во јавните простори, продолжуваме да го уредуваме градот во согласност со потребите и очекувањата на граѓаните.

Град Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Осум години од потпишувањето на договорот од Преспа

Пред осум години, на 17 јуни 2018 година, во малото грчко село Нивици, на брегот на Преспанското езеро на грчка територија,  Скопје и Атина го потпишаа Договорот од Преспа, со кој беше ставен крај на долгогодишниот билатерален спор меѓу двете з

Осум години од потпишувањето на договорот од Преспа

Со договорот, Македонија го смени уставното име, а Грција го призна македонскиот јазик и идентитет, по што станавме и членка на НАТО.

Сепак, референдумот организиран на 30 септември 2018 година не беше успешен, бидејќи не беше достигнат потребниот цензус од над половина од вкупниот број запишани избирачи..По ратификацијата во двата партламенти, Договорот од Преспа на 12 февруари 2019 и официјално стапи на сила.. Македонија потоа стана 30 -та земја членка на НАТО. Но не и на Европската унија иако токму спорот со името години наназад беше испорачуван како услов за почеток на преговорите со Европската унија

И покрај промените на власта во двете земји, договорот остана на сила и во изминатите години придонесе за засилена соработка во повеќе области, меѓу кои економијата и енергетиката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер