Фото: Шерон Стоун на црвениот тепих во Берлин

Холивудската ѕвезда актерката Шерон Стоун како и секогаш е една од најсјајните и најценетите гостинки на Берлинале.

Покрај филмските обврски, фаталната Шерон во Берлин претстави и изложба на свои слики.

Но, сепак за светската јавност најзначајно беше нејзиното појавување на црвениот тепих во гламурозен стил. На кое сите едногласни дека и нема рамен кога е во прашање преставувањето на црвениот тепих.

Поранешната секс бомба зрачи и сега на 65 годишна возраст,Шерон не ги крие брчките, одби ботокс и пластични операции, но сепак освојува каде и да се појави.

Прв состанок на Социо-економскиот совет со новата влада

Со потпишување на спогодба денеска се конституираше новиот состав на Економско-социјалниот совет..на првата седница присуствуваа премиерот  и претставници на Владата синдикатите и рабодотавачите.

Министерот за економија Бесир Дурмиши, кој воедно е именуван за претседател на ркономско социјалниот совет вели дека иако станува збор за конститутивна седница, ќе се слушнат сите идеи критики и предлози на социјалните партнери, за што во иднина најави транспарентни заеднички одлуки.

„Ќе ги слушнеме барањата и од синдикатите и од работодавачите, односно од сите засегнати страни, па на крај ќе донесеме заеднички одлуки и мерки по што сите страни имаме една цел, а тоа е подобрување на стандардот на нашите граѓани.“

Од ссм на седницата мегудругото побарале раст на платите со брзо темпо и потпишување на општ колективен договор за приватниот сектор ..Иако оваа седница очекувал да се случи порано, претседателот на ССМ Слободан Трендафилов вели дека сепак оптимистички се најавите за зачестени средби на овој совет.

„Сметаме дека аргументите за пораст на платите се на наша страна имајки предвид дека синдиканлната минимална кошничка е веќе 1000 евра, имајки предвид дека државите во нашите држави растат со навистина забрзано темпо.“

Работодавачите не се за како што велат паушално зголемување на платите, туку сметаат дека тие треба да растат согласно продукивноста. Посочија дека се соочуваат со недостаток на кадри и ќе се залагаат за изготвување на стратегија по ова прашање.

„ Она за што ние најмногу би сакале да разговараме е недостаток на работната сила, како да работиме на зголемување на продуктивноста, со тоа ќе ја намалиме сиромаштијата и бројот на луѓе кои примаат минимална плата и сите да бидат позадоволни и посреќни.“

Свое обраќање на седницата имаше и премиерот Христијан Мицкоски кој нагласи дека стабилна економија во државата може да се постигне со владеење на правото и со само со квалитетен дијалог меѓу синдикатите, работодавачите и Владата.

Израелската војска пукала врз позициите на мировниците на ОН во Либан, има ранети

Израелските сили денеска пукале врз две позиции што ги користат мировниците на ОН во Либан и врз третата позиција вчера, соопштија силите на УНИФИЛ.

Силите на УНИФИЛ соопштија дека двајца нивни членови биле повредени во еден од инцидентите, кога израелски тенк пукал врз стражарското место во седиштето на силите во Накура, удирајќи во кула.

Во другите два инцидента нема жртви, изјави изворот од ОН. „Секој намерен напад врз мировниците е сериозно кршење на меѓународното хуманитарно право“, се вели во соопштението на УНИФИЛ, додавајќи дека за ова прашање разговараат со израелската војска.

Засега нема коментар од израелската војска, која води засилена офанзива во Либан против силно вооружената група Хезболах, поддржана од Иран. Мировните сили УНИФИЛ беа формирани во 1978 година и се проширија по војната меѓу Израел и Хезболах во 2006 година.

Нејзини главни придонесувачи се Франција, Италија, Индонезија, Малезија и Гана. Италијанскиот министер за одбрана Гидо Крозето рече дека пукањето врз мировниците е „целосно неприфатливо“ и претставува јасно кршење на меѓународното право.

Шок во Шангај: Алкараз исфрлен во четвртфиналето од 33. тенисер на светот

Во четвртфиналето на АТП Мастерсот во Шангај, шпанскиот тенисер Карлос Алкараз е поразен од Чехот Томаш Махач со 2:0 (7:6, 7:5).

Алкараз тргна одлучно, додека Махач, инаку 33. тенисер во светот, се покажа како сериозен противник. Првите поени одеа во корист на Чехот, кој лесно го доби првиот сервис гем со 1-0. Сепак, Алкараз израмни на 1-1.

До крајот на сетот и двајцата тенисери со многу борба имаа можност за брејк, но ниту едниот ниту другиот не успеаја да го „скршат“ ривалот и да поведат. Така, по 6-6 сетот оди во тај-брејк во кој Махач се снаоѓа подобро и доаѓа до 1:0.

Потоа, дојде до нов рафал на Чехот во вториот сет. Тоа што не му успеа на стартот, му успеа веќе во третиот гем од вториот сет кога брејкува со 2:1, што и самиот го потврдува. Сепак, наместо убедливо водство, Махач му дозволува на Алкараз да возврати, па многу брзо беше 3:3.

На самиот крај Махач го изненади Алкараз со нов брејк за 6:5 со што се потврдува огромен успех и полуфинале на Мастерсот во Шангај!

притисни ентер