Зајкова:19 000 граѓани ја потпишале онлајн петицијата за воведување електронски нараквици за насилниците
2Зајкова:19 000 граѓани ја потпишале онлајн петицијата за воведување електронски нараквици за насилниците
ЗабаваФото: Шарапова на егзотичните Хаваи се подготвува за враќање на тенисотПоранешната најдобра светска тенисерка, убавата Русинка Марија Шарапова, која неодамна најави дека ги започнала подготовките за враќање на тенисот по допинг скандалот, поларните температури во Европа ги замени со егзотичните плажи на Хаваи.Според фотките руската тениска принцеза дефинитивно ја надминала кризата по допинг аферата, поради користење на недозволени средства заработи 15-месечна суспензија. Добро расположена со насмевка на лицето, Шарапова во секси бикини ужива на плажите во Хаваи. Без шминка и фризура Марија изгледа подобро и по задоволно од било кога. Убавата тенисерка инаку својата совршена става ја одржува со редовен тренинг и напорно вежбање. Шарапова поради користење на меладон, забранета супстанца на почетокот на 2016 година доби 15 месечна суспензија . Првиот настап по суспензијата руската тенисерка ќе го има во април годинава на турнир во Штутгарт.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПретседaтелката Сиљановска Давкова денеска ќе учествува на надзорната расправа за АЛТА банка08:34Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00
БалканСрпски медиуми: Уапсен сопственикот на „Информер“ Драган Ј. ВучиќевиќСрпските медиуми објавуваат дека е уапсен Драган Ј. Вучиќевиќ, сопственикот на телевизијата „Информер“.Иако засега нема официјална потврда од државните институции во Србија, веста за неговото наводно апсење прв ја објави токму медиумот чиј сопственик е Вучиќевиќ – „Информер“. Според нивните тврдења, Вучиќевиќ бил пресретнат од припадници на органите на редот на околу 50 метри од зградата на телевизијата. Според наводите на „Информер“, како и на други српски медиуми, Вучиќевиќ бил однесен во полициската станица во Вождовац. Медиумите наведуваат дека наводно се товари за предизвикување паника и нереди во продолжено траење, како и за попречување на правдата. Засега нема официјална потврда за овие информации од надлежните институции во Србија. Повеќе информации наскоро. Извор: Блиц.рсТагови: Информер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗајкова:19 000 граѓани ја потпишале онлајн петицијата за воведување електронски нараквици за насилницитеПратеничката на Либерално-демократската партија Моника Зајкова утринава во емисијата Здраво Македонија рече дека 19 000 граѓани ја потпишале онлајн петицијата за вововедување електронски наракцици за насилниците. Образложението од власта било дека нема доволно финансиски средства за ваквиот начин на евиденција. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КошаркаВидео: Обрадовиќ експлодираше од среќа по тројка за победа од 9 метри во последната секунда!Еден од главните фаворити за титула во кошаркарската Евролига, Панатинаикос синоќа ја совлада Валенсија на спектакуларен начин со резултат 86:83.Еден од главните фаворити за титула во кошаркарската Евролига, Панатинаикос синоќа ја совлада Валенсија на спектакуларен начин со резултат 86:83, а херој на натпреварот беше Најџел Хејс-Дејвис, кој со звукот на сирената погоди неверојатна тројка од речиси девет метри. Завршницата целосно ги воодушеви љубителите на кошарката, но посебно внимание привлече реакцијата на Жељко Обрадовиќ покрај теренот. Искусниот стручњак не можеше да ги скрие емоциите – скокна, ги стегна тупаниците и бурно го прослави големиот триумф на грчкиот тим. Валенсија имаше предност од 83-80 на помалку од 40 секунди до крајот, но Кендрик Нан израмни со тројка. Домашниот тим потоа не го искористи својот напад, а Панатинаикос ја доби последната шанса за победа. Силвен Франсиско го пронајде Хејс-Дејвис, кој го реши натпреварот со спектакуларен потег во последните моменти. View this post on Instagram A post shared by Panathinaikos BC (@paobcgr) Снимката од реакцијата на Обрадовиќ брзо стана хит на социјалните мрежи, а навивачите ја коментираа неговата неверојатна страст. Од Панатинаикос дури порачаа дека овој момент заслужува да биде изложен во Лувр.Тагови: Евролигата Обрадовиќ Панатинаикос Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter