Фото: Сестрата на Нејмар ужива на Ибица - Канал 5

Фото: Сестрата на Нејмар ужива на Ибица

Сестрата на еден од најдобрите светски фудбалери, асот на ПСЖ, Бразилецот Нејмар убавата Рафаела ги покажа атрибутите на монденската Ибица. 

Фото: Сестрата на Нејмар ужива на Ибица

Атрактивната Рафаела Нејмар објави неколку фотографии од Ибица, на кои може да се види како го следи својот брат во животот на „високата нога“.

На дел од фотографиите јасно се гледа скапата јахта која предизвика голем број коментари на Инстаграм, и позитивни и негативни.

Помладата сестра на Нејмар е познат модел инфлуенсер со повеќе од 5,7 милиони следбеници на Инстаграм.

Нејзините следбеници инаку најмногу сакаат да ги гледаат фотките на Рафаела на кој таа е во бикини со истакнати атрибути.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

САД бележат најголем број случаи на сипаници во последните 35 години

Соединетите Американски Држави се соочуваат со најголем број случаи на мали сипаници во последните 35 години, според новите податоци од Американските центри за контрола и превенција на болести (CDC).

САД бележат најголем број случаи на сипаници во последните 35 години

САД имаа 2.318 потврдени случаи на мали сипаници во првите седум месеци од оваа година, во споредба со 2.289, најголем број регистриран во текот на целата минатата година кога две невакцинирани деца починаа од болеста.

Американците сѐ помалку се вакцинираат

Зголемувањето на бројот на случаи доаѓа откако во последните години во САД се зголеми двоумењето за вакцинација, што доведе до пониски стапки на вакцинација.

Специјална комисија ќе одлучи во ноември дали САД ќе го изгубат статусот на искоренување на мали сипаници, што се случи со Канада претходната година.

Земјата го губи својот статус по повеќе од една година континуирано пренесување на истиот сој на вирусот на мали сипаници.

САД имаа повеќе случаи на мали сипаници во последните 18 месеци отколку во 25-те години пред тоа заедно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зоврива во ,,Врело” – Има ли на Матка заштита за туристи, концесија и фискални сметки

На Матка без појаси за спасување, без фискални сметки, има ли концесија…

Зоврива во ,,Врело” – Има ли на Матка заштита за туристи, концесија и фискални сметки

Барам итна проверка на законитоста на работењето и туристичките активности во пештерата Врело – Кањон Матка, се вели во пријавите кои Марија Бундалевска, македонска државјанка која повеќе од десет години живее и работи во Сингапур, ги поднесе до надлежните институции.

Во сторијата што ја пренесува мкд.мк Таа тврди дека на Матка не се издаваат фискални сметки, дека дел од туристите одат на турите без појаси за спасување…

„На 5 јули бев во посета на Кањонот Матка и неосновано бев спречена во пристапот до пештерата Врело. Откако побарав официјална фискална сметка за наплатениот влез, истата ми беше одбиена, по што од страна на лицата кои стопанисуваат со локацијата дојде до физички контакт и беа упатени закани кон мене. Како граѓанин очекувам надлежните институции итно и без одложување да преземат соодветни мерки, со цел да се обезбеди законитост, безбедност и ред на една од најзначајните природни и туристички атракции во нашата земја“, вели Бундалевска.

Бундалевска бара надлежните органи да утврдат дали лицата кои стопанисуваат со пристапот до пештерата поседуваат соодветни концесии и дозволи; дали работењето е целосно усогласено со прописите за безбедност и заштита од пожари; дали остварените приходи соодветно се пријавуваат и оданочуваат; дали постои судир на интереси при вршењето надзор над оваа дејност; дали е извршена проверка на потеклото на имотот на лицата вклучени во ова работење.

Еве што пишува во претставката.

„На 5 јули, околу 12 часот, изнајмив кајак од еден од операторите на Матка и се упатив кон пештерата Врело со намера да ја посетам како турист. На влезот на пештерата го затекнав лицето кое се идентификува како Амет Саиди од село Глумово, кој според моите сознанија е сопственик, односно поврзано лице со компанијата ‘Алмата Примо’, под чиј бренд се јавува субјектот означен на лице место како ‘Втора компанија’. Тој наплаќа влез од по 10 евра по лице, а согласно она што го забележав на самата локација, превезува и групи од по 20 лица по чамец без соодветни појаси за спасување. Ме извести дека не смеам да се приближам до пештерата без претходно да платам кај него. Му поставив прашање дали има законско право, концесија или друго овластување да го ограничува пристапот до пештерата Врело, која претставува природно и туристичко богатство. Му реков дека ќе платам за влезот доколку ми издаде фискална сметка. Амет Саиди одби да ми издаде фискална сметка, а веднаш потоа дојде до физички контакт и упатување закани спрема мене, поради што се почувствував загрозена за мојата безбедност. Поради страв, не го пријавив настанот веднаш, туку по подолго размислување одлучив да поднесам претставка до надлежните институции“, пишува во претставката.

Предходно за оваа туристичка атракција во Скопје, повеќе медиуми пишуваа за законските пропусти во работењето на фирмата која стопанисува со Матка – за тоа дека платформите биле изградени спротивно на закон, без потребна водостопанска согласност, а постапката за нивна легализација била одбиена и повеќе години не била конечно решена; за немањето соодветна институционална контрола; за немањето концесија за користење, пишува мкд.мк.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Грузија повторно без струја, втор пат за два дена- најголемите градови во целосна темнина

Грузија утрово доживеа втор голем прекин на електричната енергија во последните два дена, оставајќи ги Тбилиси и другите поголеми градови без струја, а дел од транспортната и комуналната инфраструктура парализираше, објави порталот „News Georgia“.

Грузија повторно без струја, втор пат за два дена- најголемите градови во целосна темнина

Прекинот во националната електрична мрежа се случи околу 8:00 часот по локално време. Прекинот на електричната енергија го погоди главниот град Тбилиси, како и Батуми, Кутаиси и неколку други градови.

Во Тбилиси, метрото беше прекинато, железничкиот сообраќај е нарушен, а водоснабдувањето е прекинато поради прекинот на работата на пумпните станици.

Граѓаните, исто така, пријавија нестабилен мобилен интернет.

Враќањето на електричната енергија веќе започна, а во некои делови од Тбилиси, електричната енергија беше обновена околу половина час по прекинот.

Новиот прекин се случи помалку од 30 часа по претходниот голем прекин на електричната енергија што ја зафати целата земја во ноќта на 24 јули.

Во тоа време, обновувањето на електричната мрежа траеше речиси целата ноќ.

Националната комисија за регулирање на струјата и водата во Грузија (GNERC) свика итен состанок и најави истрага за причините за првиот прекин.

Регулаторот ѝ одобри на работната група неограничен пристап до податоци од сите енергетски компании во земјата, поради критиките за недостатокот на јасни објаснувања од операторот на мрежата.

Причината за првиот голем прекин сè уште не е официјално утврдена.

Операторот на електроенергетскиот систем GSE ги негираше извештаите за дефект на далноводот до Турција, додека раководството на хидроцентралата Ингури не ги потврди информациите за можни проблеми во централата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер