Фото: Селена Гомез во врска со пријателот на Џастин Бибер - Канал 5

Фото: Селена Гомез во врска со пријателот на Џастин Бибер

Пејачката и актерка Селена Гомез потврди дека е во врска со продуцентот Бени Бланко, пријател и соработник на нејзиното поранешно момче Џастин Бибер.

Фото: Селена Гомез во врска со пријателот на Џастин Бибер

Во коментарите на Инстаграм младата ѕвезда откри дека тие се заедно веќе шест месеци.

„Селена Гомез навидум потврди дека е во врска“, напишала фан страницата „Popfaction“ на фотографијата, на што пејачката одговорила со „Факти“.

На Селена и се допаднала фотографија од фан-страница на која пишува: „Се шпекулира дека Селена Гомез излегува со продуцентот Бени Бланко“.

Во еден коментар таа навести дека 35 годишниот Бланко е нејзиното „апсолутно се“, додека во друг тврдеше дека тој е „најдоброто нешто што и се случило“. „Тој е сè уште подобар од кој било со кој сум била, истакнала Селена.

Со мене се однесуваше подобро од кое било човечко суштество на планетата“, напишала пејачката во четвртата порака на социјалните мрежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Подигнати авиони на НАТО – добиена дозвола за напад

Романското Министерство за одбрана денеска соопшти дека рано утринава во неделата, авион на НАТО соборил беспилотно летало што нелегално навлегло во романскиот воздушен простор.

Подигнати авиони на НАТО – добиена дозвола за напад

Беспилотното летало било уништено од пилотите на авионите Ф-18 на шпанското воено воздухопловство, распоредени во Романија, пренесува порталот Digi24.ro.

„Во текот на ноќта меѓу 15 и 16 август, во 4:44 часот наутро, системите за надзор на воздушниот простор на романското Министерство за одбрана регистрираа навлегување на воздушна цел во националниот воздушен простор од правец на Република Молдавија, на околу 24 километри северно од Галац“, се наведува во соопштението на романското Министерство за одбрана.

Авион Ф-18 на шпанското воено воздухопловство, кој извршуваше борбена задача во рамките на мисијата за воздушно патролирање од воздухопловната база „Михаил Когалничану“, успешно го собори дронот, а како можна локација за падот на неговите остатоци е идентификувана ненаселена област меѓу местата Балени и Кудалби, во округот Галац. Според соопштението, воздушната тревога за округот Галац заврши во 5:20 часот наутро.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Хаос во Грција: Водената буица носела сè пред себе, гром удри во жена

Силното невреме што во саботата попладне го зафати регионот Мани на Пелопонез предизвика поплави, а водената буица однесела автомобили и предизвикала големи штети на куќите и патиштата.

Видео: Хаос во Грција: Водената буица носела сè пред себе, гром удри во жена

Чудно лето во Грција, хсотичните пожари и пеколните денови сега во делови од државата се заменети со силни и обилни врнежи од дожд проследени со удари на гром.

Според порталот „Та неа“, куќи и сместувачки капацитети биле поплавени за само неколку минути, а во градот Итило, жена била погодена од гром додека се наоѓала во својот автомобил и со брза помош била пренесена во болницата во Спарта.

Исто така, се известува дека противпожарната служба примила десетици повици, а најмалку десет лица биле безбедно извлечени од нивните возила.

Порталот „Алфа вита“ исто така пишува дека водата однела неколку автомобили во морето и дека биле уништени делови од патната мрежа.

Големи штети настанале и во населбите Алипа, Кокала, Итилу, Лимени, Каравостаси и во други области на источен Мани.

Во Алипа, на неколку места, нивото на водата се искачило до прозорците на објектите, при што биле поплавени куќи и туристички сместувачки капацитети, а водата и калта предизвикале значителна материјална штета.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција

Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност.

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција

Предавничката СДС изгуби компас, не знае кај тера, целосно е дезориентирана, закажува настани, потоа ги презакажува, за на крај целосно да ги откаже.

Тоа веројатно е последица на долгата изложеност на јакото сонце од елитните плажи и скапи јахти по Егејското море во Грција.

Друго објаснување нема нивната дезориентираност која, како на дугме, ја раководи ова партиско раководство на чело со Венко Филипче, поставено од Зоран Заев.

И така, додека Венко во друштво на Заев со луксузна јахта крстари по Егејот, неговите послушници во Македонија продолжуваат со ширење лаги, манипулации, правење насилни инциденти за да предизвикаат вознемиреност, страв и паника кај граѓаните.

Посебно загрижува нивното однесување околу безбедноста на водата за пиење.

Сите надлежните институции навремено ги спроведоа сите мерки и активности за целосно решавање на проблемот и според резултатите од последните испитувања, водата во Гостивар е безбедна за пиење.

За нецели четири недели проблемот во Гостивар целосно се реши, а СДС, наместо да ги почитуваат официјалните резултати продолжува со создавање сомнежи и паника и да бара документи.

Слично беше и со нивните тврдења во однос на водата во Скопје, кои ги надминаа размерите на политичка пропаганда, каде што пласираните информации беа демантирани со релевантни податоци и докази.

Народот не заслужува вакви политички игри од преостанатиот талог во СДС со прашања поврзани со водата за пиење, нивното здравје и безбедност.

Граѓаните можат да бидат спокојни, водата за пиење во Гостивар, а и во Скопје, е исправна и безбедна за пиење, а институциите продолжуваат одговорно да се грижат за нивното здравје и безбедност.

А, на СДС и на Венко Филипче добронамерно им порачуваме, веќе е време да се соземат и што побрзо да се приберат од плажите по кои се распослани, затоа што предолгото изложување на сонцето предизвикува сончаница и носи последици по здравјето.

Хаосот во кој се наоѓа и е заглавен талогот на СДС, не смее да биде причина за создавање дополнителен хаос и несигурност меѓу граѓаните.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер