Мицкоски на промоција на комунална опрема: Ја наследивме државата на колена, но денес Македонија оди напред
1Мицкоски на промоција на комунална опрема: Ја наследивме државата на колена, но денес Македонија оди напред
ЗабаваФото: Секси водителката ги збуни фудбалерите на Наполи!!Најсексапилната телевизиска водителка во Италија ги остави со „отворени усти“ фудбалерите на Наполи.Убавата Дилета Леота, најатрактивната италијанската водителка годинава ќе известува од фудбалските натпревари во Серија А. Сексапилната Дилета се појави на дерби мечот Лацио – Наполи кој заврши со триумф на гостите од 2-1 и дополнително ја загреа и така жешката атмосфера на Олимпико. Посебно впечатливо беше нејзиното поминување крај клупата со резервни фудбалери на Наполи, кој едноставно, како и сите присутни на стадионот не можат да ги тргнат погледите од убавата водителка. На нејзиниот сексапил и шарм не можеше да му одолее ниту легендарниот Андреј Шевченко. :Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПолициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18Без вода делови од Центар08:16Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00Јаневска: Мерките преземени за подобро образование со резултати за пет години11:13Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено09:00
Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00
МакедонијаМицкоски на промоција на комунална опрема: Ја наследивме државата на колена, но денес Македонија оди напредИзминативе 26 месеци се боревме со распаднати и уништени институции, со држава ограбена и клекната на колена, довршувавме проекти коишто беа започнати и заборавени.„Добар ден и од мене. Изминативе 26 месеци се боревме со распаднати и уништени институции, со држава ограбена и клекната на колена, довршувавме проекти коишто беа започнати и заборавени, градевме експресни патишта, делници од пруга и продолжуваме да градиме експресни патишта и делници од пруга. Продолживме со автопатските секции, отпочнуваме нови автопатски секции и бевте сведоци пред некој ден на една таква нова автопатска секција којашто ја започнавме, следниот месец ќе ставиме камен-темелник и на уште една друга автопатска секција, реконструиравме болници за ограбеното и уништено поради лоши политики здравство, знаете нема да ве потсетувам на стари криминални политики кога бевме држава којашто беше буквално на дното по начинот на справување со корона-кризата, а на врвот по бројот на починатите за време на корона-кризата, ограбени граѓани, уништена, девастирана економија со погрешни економски политики, агресивни даноци, солидарни даноци и што ли не се правеше периодот кој сите ние брзо сакаме да го заборавиме, но дојде Влада којашто се зафати веднаш за работа и да го коригира сето она коешто беше оставено од претходната, би рекол, криминална влада на СДСМ и ДУИ. Еден од водечките проекти на почетокот на оваа Влада беше децентрализирање на средства од државниот буџет кон општините и на тој начин успеавме да обезбедиме проекти од половина милијарда евра коишто се децентрализираа од централниот буџет кон општините за капитални инвестиции, тука не застанавме, продолживме и понатаму да работиме со општините, еден од проектите со којшто можеме исто така да се пофалиме е и овој проект којшто денеска го претставуваме за подобра животна средина, за поголема хигиена во нашите општини. Им честитам на сите оние коишто ќе добијат нова механизација, нови алатки да се справуваат со сметот, повикувам и на општествена одговорност и на граѓанска одговорност затоа што нашата животна средина е наша животна средина и треба да си ја чуваме сите, подеднакво да бидеме одговорни кон истата. Тука не застануваме, продолжуваме и понатаму, следен чекор е испораката на автобусите коишто би требало многу скоро да почнат да се испорачуваат до општините за организирање на еколошки јавен градски превоз, тука мислам на електричните автобуси, така што можам уште многу да зборувам, но суштината е таа дека од клекната, ограбена и распадната држава во којашто пред 26 месеци ни беше главен предизвик, а којашто ја наследивме од претходната влада на СДСМ и ДУИ, денеска можеме да кажеме дека Македонија после 3 години е подобро место за живеење од пред 3 години, јас ви гарантирам дека за 3 години ќе биде уште подобро место за живеење од денеска. Сакам да ја искористам оваа прилика да се заблагодарам на колегите од Владата, на заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, на заменичката во Министерството за транспорт, на градоначалниците, се разбира, на директорката на Светска банка во регионот, на сите оние коишто ги поддржуваа овие проекти, на пратениците коишто исто така даваа огромна поддршка и даваат, во рамките на парламентот се борат за проект повеќе за својата општина, за своето мало, за својата улица. Јас сум убеден дека во периодот којшто следи ќе продолжиме да го испорачаме сето тоа коешто го ветивме. Знам дека не е идеално, знам дека тешко се живее, впрочем и никогаш не било полесно, но ние сме тука да го оставиме срцето на терен и да направиме сè што е во наша моќ да подготвиме проекти како овој, сигурен сум и убеден сум дека тоа ќе се стори. Ви благодарам и на вас медиумите што ја следите работата на Владата и уште еднашка нека е со среќа и нека е аирлија и уште многу вакви проекти да промовираме, рече премиерот Христијан Мицкоски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаБесплатни униформи за 7.500 ученици во Општина АеродромОпштина Аеродром и оваа учебна година обезбеди 7.500 бесплатни училишни униформи за учениците од основните училишта на територијата на општината. Униформите до 20 септември ќе бидат поделени во сите основни училишта.Со обезбедувањето на бесплатните униформи, Општина Аеродром продолжува да создава еднакви услови за сите ученици, а воедно им овозможува и значителна поддршка на семејствата при почетокот на новата учебна година. Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска го посети ООУ „Ѓорѓија Пулевски“, каде што на учениците им ги додели бесплатните училишни униформи. Униформите за секој ученик се состојат од две поло-маички, две блузи со долги ракави и еден дуксер, со што се обезбедува комплетна гардероба за потребите на учениците во текот на учебната година. Проектот е дел од континуираните активности на Општина Аеродром насочени кон унапредување на условите во основните училишта и создавање современа, уредна и еднаква училишна средина за сите деца. Општина АеродромТагови: Општина Аеродром Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотСекој петти адолесцент бил сексулано вознемиран во дигиталнииот просторСекој петти адолесцент во светот бил изложен на сексуално вознемирување и злоупотреба во дигиталниот простор во текот на изминатата година, потврдува новиот глобален извештај на УНИЦЕФ спроведен во 21 земја.Овие загрижувачки наоди покажуваат дека интернетот сè повеќе станува небезбедна средина за најмладите, а посебно предупредување упатува фактот што сторителите на ваквите дела во голем број случаи не се непознати профили, туку лица од нивното непосредно или пошироко опкружување. За родителите и семејствата ваквите податоци значат итен повик за будност и преиспитување на дигиталните навики во домот. Експертите укажуваат дека алгоритмите на популарните социјални мрежи системски го задржуваат вниманието на малолетниците, вовлекувајќи ги во појавата позната како „думскролинг“, односно непрекинато следење на вознемирувачки содржини што директно го зголемува ризикот од тешки психолошки состојби, анксиозност и депресија.Тагови: адолесцент Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook