Вицегувернерот Величковски: Монетарната политика и платните системи се двата столба на современото централно банкарство
1Вицегувернерот Величковски: Монетарната политика и платните системи се двата столба на современото централно банкарство
ЗабаваФото: Секси водителка ги истакна бујните облиниБританската водителка Маја Јама успеа повторно да го воодушеви светот со фотографии од својата беспрекорна фигура во провокативно бикини.Атрактивната Маја стекна светска слава како атрактивна водителка на реалното шоу „Остров на љубовта“. Таа ужива голема популарност и на социјалните мрежи, каде што редовно „качува“ фотографии од приватни и деловни средини, а овој пат ја скокотка имагинацијата на многумина. Маја, која неодамна инспирираше воздишки во софистицирана креација, објави компилација од фотографии на Инстаграм и, според достапните информации, престојува во Италија на заслужен одмор. Вниманието на јавноста, освен прекрасните снимки од Рим, го привлече и една специфична фотографија - онаа на која Маја е во бикини. Како што можете да видите, Маја гордо направи селфи од својата заводлива фигура во атрактивно парче облека, а нејзините раскошни облини и бујни гради беа забележливи. View this post on Instagram A post shared by Maya Jama (@mayajama) Тагови: бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалИднината на Кристијано Роналдо во националниот тим сè уште е неизвеснаПо тешката победа над Хрватска, легендата на светскиот фудбал, Кристијано Роналдо се осврна на својата иднина во португалската репрезентација. Пред натпреварот, неговата сестра Катја Авеиро изјави дека ова Светско првенство е неговиот „последен танц“. Нејзините зборови одекнаа само неколку часа пред клучното осминафинале во Торонто, но по натпреварот, Роналдо понуди поумерена перспектива за ситуацијата. По победата од 2-1 што го обезбеди пласманот на Португалија во четвртфиналето и ја испрати Хрватска дома, Роналдо брзо ги отфрли коментарите на неговата сестра. „Мојата иднина не е важна во моментов. Ќе разговарам... Има време; без разлика дали ќе победиме или ќе изгубиме, ќе разговарам со моето семејство, а потоа ќе ја донесам најдобрата одлука. Повеќе не донесувам одлуки во моментот; сега сè правам мирно. Она што е важно сега е уживање во сегашноста“, рече тој. Според податоците на Transfermarkt, Роналдо одиграл 232 натпревари за Португалија, постигнувајќи 146 гола и 46 асистенции. ФИФА го прогласи Роналдо за играч на натпреварот, но спротивно на стандардната практика, тој не зборуваше во мешаната зона, давајќи интервјуа исклучиво за телевизиските куќи кои ги имаат правата. „Моравме да знаеме како да страдаме денес. Да се победи во натпревар од ваков размер, тоа е неизбежно. Беше многу забавен натпревар за гледачите. Ја контролиравме играта доста добро во првото полувреме, додека второто беше похаотично. Тие постигнаа гол, а ние бевме малку потресени, но пресвртот дојде кога го реализиравме пеналот. Натпреварот стана полесен после тоа. Сè уште имаше тешкотии, но така е на ваков турнир и мора да продолжиме напред“, рече тој, анализирајќи го натпреварот.Тагови: Кристијано Роналдо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕкономијаВицегувернерот Величковски: Монетарната политика и платните системи се двата столба на современото централно банкарствоЕфикасноста на монетарната политика е тесно поврзана со развиеноста на финансиските пазари, поради што реформите коишто континуирано ги спроведува Народната банка претставуваат важна основа за зачувување на стабилноста .„Ефикасноста на монетарната политика е тесно поврзана со развиеноста на финансиските пазари, поради што реформите коишто континуирано ги спроведува Народната банка претставуваат важна основа за зачувување на стабилноста и поттикнување одржлив развој на финансискиот систем“, пишува вицегувернерот Игор Величковски во своето обраќање во билтенот на Македонската банкарска асоцијација (МБА), во коешто се осврнува на клучните активности што ги презеде Народната банка во изминатиот период со цел зајакнување на преносните механизми на монетарната политика, како и на новините во платниот систем, кој претставува клучен сегмент од современата финансиска инфраструктура. „Со измените во оперативната монетарна рамка, усвоени кон крајот на минатата година се забележлува подобрување на функционирањето на меѓубанкарскиот пазар на пари, каде што пократката рочност на основниот монетарен инструмент придонесе за подинамично управување со ликвидноста и формирање на пазарните каматни стапки блиску до нивото на референтната стапка на Народната банка. Ова дополнително ја зајакнува ефикасноста на монетарната политика, особено во услови на зголемена неизвесност“, истакнува Величковски. Тој во своето обраќање нагласува дека изминатите неколку години претставуваат период на суштински реформи во областа на платежните услуги и платните системи. Народната банка спроведе реформи што ја зголемија конкуренцијата, ја подобрија заштитата на корисниците и ја зајакнаа безбедноста на плаќањата. Со усогласувањето со европските стандарди и пристапувањето кон СЕПА, се овозможија побрзи и поевтини плаќања во евра, а во моментов Народната банка е насочена кон воспоставување на новиот систем за инстант плаќања заснован врз клонот на ТИПС, кој се развива во рамките на иницијативата на Европската централна банка за земјите од Западен Балкан. „Овој систем ќе овозможи извршување на плаќањата во денари во реално време, 24 часа дневно, седум дена во неделата, поставувајќи нови стандарди за брзина, достапност и корисничко искуство. Истовремено, тој ќе создаде основа за регионално поврзување на платните системи и постепена интеграција со европската платежна инфраструктура, овозможувајќи така побрзи и поефикасни прекугранични плаќања во евра со земјите од Западен Балкан и Европската Унија“, нагласува вицегувернерот Величковски, посочувајќи дека новата инфраструктура ќе поттикне и развој на иновативни решенија за поедноставно иницирање на плаќањата преку мобилни апликации, што ќе овозможи поекономично прифаќање на плаќањата на продажните места, како и побрзо располагање со средствата од страна на трговците. Вицегувернерот Величковски потенцира дека постигнатите резултати се засноваат врз заедничките напори на Народната банка и Министерството за финансии како регулатори, на банките, останатите даватели на платежни услуги и другите релевантни институции, како и на континуираната координација меѓу сите засегнати страни. Партнерскиот пристап претставува силна основа врз која се надградуваат тековните реформи и развојните проекти, коишто и во наредниот период ќе бидат насочени кон понатамошна модернизација, европска интеграција и унапредување на платежните услуги во интерес на граѓаните и компаниите.Тагови: Народната банка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрезентација на воена опрема вредна над 40 милиони евра во касарната „Илинден“08:57Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно08:30МВР најави кривични пријави за малолетничките и родителите за бруталното насилство во Аеродром15:00 По силното невреме: УХМР најавува пороен дожд, грмежи, ветер и град08:37Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, состојбата се стабилизира20:45
КултураПретставата „Кокошка“ со специјална награда на престижниот фестивал „Kolyada Plays“ во РусијаПретставата „Кокошка“, во продукција на независниот театар Вортекс и копродукција со НУ Театар Комедија, ја освои Специјалната награда од Kolyada Theatre од стручното жири составено од истакнати театарски уметници на XIX Меѓународен фестивал.Претставата „Кокошка“, во продукција на независниот театар Вортекс и копродукција со НУ Театар Комедија, ја освои Специјалната награда од Kolyada Theatre од стручното жири составено од истакнати театарски уметници на XIX Меѓународен фестивал на современа драматургија „Kolyada Plays 2026“, што се одржа во Екатеринбург, Русија. Со ова признание, претставата ја доби препознатливата фестивалска награда „Метална комета“, во конкуренција на 28 театарски продукции. Специјалната награда на фестивалот се доделува во форма на метална ѕвезда со опашка – симболично наречена „Метална комета“, заедно со голем клинец, според идејата дека „кометата треба да се заковa за ѕидот за да не одлета“. Автор на овој препознатлив фестивалски симбол е сценографот Владимир Кравцев. Фестивалот „Kolyada Plays“ е еден од најзначајните и највлијателни театарски фестивали во Русија и пошироко во Источна Европа, основан во 2008 година од рускиот драмски автор, режисер и педагог Николај Кољада — една од клучните фигури на современата руска драматургија. Неговите текстови се поставувани на сцени низ Европа, а фестивалот со години претставува важна платформа за нова драматургија, авторски театар и меѓународна размена на современи сценски практики. „Кокошка“ е работена по текст на драмскиот автор Николај Кољада, а режијата ја потпишува Теодора Силјаноска. Во претставата настапуваат Биљана Драгиќевиќ-Пројковска, Ане Блажовски, Ванеса Тримчевска, Томе Станковски и Кристина Гиева. Костимограф е Марија Пупучевска, соработник за сценско движење Дарко Велиќ, изборот на сценографијата и музиката е на Теодора Силјаноска, а дизајнот на плакатот го изработи Михаил Велески. Претставата го истражува копнежот по слобода, љубов и соништа во свет што станува сè постуден и поапатичен. Низ апсурд, импровизација и секојдневни ситуации, ликовите создаваат жив театарски чин како обид да се соочат со внатрешниот хаос и нарушените општествени вредности. „Кокошка“ е приказна за младоста – немирна, искрена и гладна за промени, која се судира со стравот, рамнодушноста и затворените системи. Како џез-импровизатори, ликовите играат против непредвидливото, барајќи простор за надеж, слобода и човечност. Независниот театар Вортекс е колектив посветен на современата изведувачка уметност, интердисциплинарната соработка и општествено ангажираниот театар. Неговите членови развиваат авторски продукции, работилници и меѓународни соработки, истражувајќи физички театар, поетска драматургија и експериментален сценски јазик. Ова не е прво значајно признание за „Кокошка“. Претставата претходно триумфираше и на 10. издание на PITF „Burbuqe Berisha“, каде што ја освои Наградата за најдобра претстава, додека Биљана Драгиќевиќ-Пројковска беше прогласена за најдобра актерка на фестивалот. Од следната сезона претставата може да се погледне на малата сцена на Театар Комедија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook