Ристовски: Спортската инфраструктура повеќе нема да биде заборавена - 49 милиони денари за градскиот базен во Кавадарци
Собранието утре ќе одлучува за предлогот на премиерот за избор на Зулфиќар Зејнула за министер без ресор
1Ристовски: Спортската инфраструктура повеќе нема да биде заборавена - 49 милиони денари за градскиот базен во Кавадарци
2Собранието утре ќе одлучува за предлогот на премиерот за избор на Зулфиќар Зејнула за министер без ресор
3Обединетите нации остануваат силен партнер на Министерството за правда во процесот на дигитална трансформација
Шоу бизФото: Сексапилната Салма Хајек гола на ИнстагамСексапилната актерка Салма Хајек објави фотографии на кои е без ниту едно парче облека на себе.57 годишната Салма Хајек ги воодушеви своите следбеници на Инстаграм кога објави фотографии на кои е целосно гола. Секако „жешката“ латиноамериканка не објави фотки кој се направени во поново време. Салма објави фотографиите кои се снимани во минатото , но сепак со овој потег ги воодушеви фановуте од кои доби само комплименти и поситивни коментари за изгледот. - Некои велат дека не треба да се гледа назад, но понекогаш тоа е најдобрата глетка - изјавила сексапилната актерка. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРистовски: Спортската инфраструктура повеќе нема да биде заборавена - 49 милиони денари за градскиот базен во КавадарциМинистерот за спорт Борко Ристовски, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и со градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, денеска присуствуваше на пуштањето во употреба на целосно реконструираниот Градски базен во Кавадарци.Министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и со градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, денеска присуствуваше на пуштањето во употреба на целосно реконструираниот Градски базен во Кавадарци, капитален проект вреден речиси 49 милиони денари, со кој градот добива современ спортско-рекреативен центар наменет за сите генерации. Од вкупната инвестиција, 30.141.432 денари се обезбедени преку Министерството за спорт, од средствата на Владата на Република Македонија преку вториот јавен повик за финансирање на инфраструктурни проекти, додека останатите средства ги обезбеди Општина Кавадарци. -Ние не градиме споменици, туку места каде што ќе растат идните шампиони. Секој реконструиран базен, секоја спортска сала и секое игралиште значат повеќе можности за децата, повеќе здравје за граѓаните и повеќе шанси Македонија повторно да создава врвни спортисти. Нашата цел е јасна – спортската инфраструктура повеќе никогаш да не биде оставена да пропаѓа, туку да стане двигател на развојот во секоја општина - истакна министерот Ристовски. Тој нагласи дека Министерството за спорт паралелно работи на завршување на повеќе капитални проекти низ државата. Во рамки на реконструкцијата е обновен целиот базенски комплекс, поставен е нов систем за филтрација и пречистување на водата, реконструирани се големиот и малиот базен, изградени се водни атракции и тобогани, детски водни реквизити, современо детско игралиште, целосно се обновени соблекувалните, тушевите, санитарните јазли, лекарската просторија, пристапните патеки и останатите придружни содржини. Во Кавадарци е во завршна фаза и изградбата на новиот затворен базен, проект чија реализација Министерството ја доведе до финална фаза по повеќегодишен застој. На ист начин беа завршени и базените во Карпош, во Кисела Вода и во Штип, продолжува изградбата во Струмица, Кичево и Ѓорче Петров, додека технички е завршен и базенот во Битола. Со ова Министерството за спорт продолжува со реализација на стратешката определба за модернизација и развој на спортската инфраструктура низ целата држава, со цел секоја општина да добие современи услови за спорт, рекреација и развој на младите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦаринска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19Сончево со температура до 34 степени 08:31Десетици повредени граѓани, оштетени автомобили и објекти остави невремето зад себе 15:00По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар18:26
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33
МакедонијаСобранието утре ќе одлучува за предлогот на премиерот за избор на Зулфиќар Зејнула за министер без ресорПремиерот Христијан Мицкоски пред два дена до претседателот на Собранието го доставил предлогот за избор на Зулфиќар Зејнула за министер без ресор.Предлогот е доставен до пратениците, а по него ќе се расправа на утрешната собраниска седница, чиј почеток е закажан во 11 часот. Зулфиќар Зејнула е претседател на Демократската партија на Турците на Македонија, а на почетокот на јули годинава тој потпиша договор за политичко партнерство, соработка и поддршка со владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Со неговиот избор ќе се заокружи владината реконструкција, во рамки на која претходно овој месец собранието избра осум нови министри.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОбединетите нации остануваат силен партнер на Министерството за правда во процесот на дигитална трансформацијаМинистерот за правда, Јетон Шасивари, оствари средба со постојаната координаторка на Обединетите нации во Република Македонија, Рита Колумбија и Марко Вујачиќ од Канцеларијата на UNOPS Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари средба со постојаната координаторка на Обединетите нации во Република Македонија, Рита Колумбија и Марко Вујачиќ од Канцеларијата на UNOPS на која беа разгледани приоритетите во реформата на правосудството и следните чекори за модернизација и унапредување на системот. Посебно внимание беше посветено на експертската поддршка што Обединетите нации ја обезбедуваат во реформските процеси, развојот на институционалните капацитети и дигитализацијата на правосудството, како еден од клучните предуслови за побрзи, поквалитетни и подостапни услуги за граѓаните. Во рамки на идната соработка беа утврдени натамошни активности насочени кон понатамошна модернизација на правосудниот систем, со посебен акцент на надградбата на АКМИС системот, воспоставувањето систем за електронска достава во судските постапки, унапредувањето на системот за аудио и видео снимање на судските рочишта, подобрувањето на интероперабилноста меѓу институциите, како и зајакнувањето на сајбер-безбедноста во правосудниот сектор. Искуствата што UNOPS веќе ги има реализирано во земјите од регионот претставуваат значајна основа за поддршка на реформските процеси и во нашата држава. Партнерството со Обединетите нации има значајна улога во спроведувањето на реформите и во усогласувањето на домашното законодавство и институционалните практики со европските и меѓународните стандарди, со цел создавање модерен, ефикасен и достапен правосуден систем за граѓаните. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦаринска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19Сончево со температура до 34 степени 08:31Десетици повредени граѓани, оштетени автомобили и објекти остави невремето зад себе 15:00По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар18:26
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33