Манасиевски: Филипче нема право да глуми борец за јавното здравје, тој бил директно вклучен во труењето на граѓаните со години
1Манасиевски: Филипче нема право да глуми борец за јавното здравје, тој бил директно вклучен во труењето на граѓаните со години
ЗабаваФото: Се прослави по домашното видео со познат фудбалерСтарлетата Аманда Тривизас доби огромна популарност откако во јавноста се појави нејзиното домашно видео со познатиот мексикански фудбалер Жонатан дос Сантос.По „случајната“ објава на интимното видео со познатиот фудбалер атрактивната старлета стана интересна и за странските медиуми и доби огромна популарност на социјалните медиуми. Аманда сега ги почести следбениците на социјалните мрежи со „жешка“ фотосесија во секси долна облека. Популарната старлета инаку редовно на социјалните мрежи објавува секси фотки на кои во преден план се нејзините облини. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеПотврдени се 13 случаи на западнонилска треска, тројца пациенти се во критична состојбаПотврдени се вкупно 13 случаи на западнонилска треска во земјава, од кои 10 пациенти се хоспитализирани, а тројца се наоѓаат во критична здравствена состојба, информираат денеска од Министерството за здравство.„Заклучно со 30 јули се потврдени вкупно 13 случаи со западнонилска треска. На универзитетската клиника за инфективни болести се хоспитализирани 10 пациенти со потврдена инфекција, од кои тројца се во критична здравствена состојба“, се вели во соопштението од министерството. Поради актуелната епидемиолошка состојба и по стручна процена на ризикот, задолжен е центарот за јавно здравје-скопје да спроведе дополнителна терестична адултицидна дезинсекција во населбата драчево... Вонредниот третман е спроведен во текот на ноќта, како дополнителна превентивна мерка за намалување на ризикот од понатамошно ширење на инфекцијата.Тагови: министерство за здравство Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМанасиевски: Филипче нема право да глуми борец за јавното здравје, тој бил директно вклучен во труењето на граѓаните со годиниВенко Филипче се обидува да се претстави како најголем заштитник на јавното здравје, додека во периодот кога тој беше министер за здравство, институциите пријавувале бројни случаи на неисправна вода, а Филипче како министер не постапувал.Се поставува легитимното прашање. Кој знаел, кој одлучил да не ги информира граѓаните и зошто тие информации останале скриени? Почитувани медиуми, еве неколку примери: 2021-та година, ова се неколку испитувања, водите не биле безбедни во Студеничани, Зелениково и Петровец. Ова се документи кои стигнале до Министерството за здравство, а Венко Филипче не ги известил граѓаните. Тука конкретно освен пронајдокот на бактеријата Ешерихија Коли има и пронајдоци на зголемен број на колиформни бактерии исто како во Гостивар. Но, вие граѓаните тоа не сте го знаеле и никој не ве известил. Одиме понатаму, Социјалдемократскиот сојуз говорат за Крушево. Исто од Јавната здравствена установа, Центар за јавно здравје Прилеп, 2019-та година. Станува збор за повеќе испитувања, наоди во коишто се вели дека мострите кои се земени не биле исправни, односно водата не била за користење, односно не била за пиење. И тоа се неколку повеќе вакви документи кои се дел од 2019-та, некои 2018-та, сето ова време додека Венко Филипче е министер за здравство, а Социјалдемократскиот сојуз се на власт. Одиме понатаму. Токму во Скопје била земена мостра во Аеродром во бушен бунар чешма, која вели дека не одговара на Правилникот за безбедност на вода токму поради зголемен број на колиформни бактерии. Истото она што се случува во Гостивар. Граѓаните завршувале по болници, не знаеле што им е, но Филипче знаел. Почитувани граѓани, Наместо денес да дели лекции и да шири политички обвинувања, Филипче најпрво треба да им даде одговор на граѓаните зошто не постапувал по пријавите на институциите додека тој бил на чело на Министерството за здравство. Очекуваме надлежните органи целосно да го расчистат случајот и да утврдат дали имало пропусти и очекуваме одговорност. Граѓаните ја заслужуваат вистината, а не селективна загриженост која се појавува само кога Филипче е во опозиција. Линк од видео материјал: Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалСудијата Славко Винчиќ се огласи за првпат по финалето на Светското првенство! Словенечкиот фудбалски судија Славко Винчиќ се огласи за првпат по финалето на Светското првенство! Откри како се однесувал Меси на теренот – еве што се случи меѓу него и Лео!Словенечкиот судија Славко Винчиќ, кој ја делеше правдата на финалето на Светското првенство во 2026 година меѓу Аргентина и Шпанија, за првпат отворено зборуваше за натпреварот што предизвика огромни јавни полемики. Само неколку дена откако официјално ја заврши својата судиска кариера, Винчиќ ги сподели впечатоците од најголемиот предизвик во кариерата, но и откри каков впечаток врз него оставил капитенот на „Гаучосите“, Лионел Меси. - Меси се однесуваше крајно спортски во текот на целиот натпревар. Ги прифаќаше моите одлуки, разговаравме со меѓусебна почит и ја покажа класата што ја поседуваат само најголемите играчи – изјави Винчиќ во интервју за шпанските медиуми. Славко отворено призна дека пред почетокот на финалето бил под огромен притисок, но нагласи дека излегувањето на теренот пред таков натпревар е сон што се остварува за секој судија. - Кога дознав дека ќе го судам финалето на Светското првенство, бев преплавен од емоции. Тоа е врвот на кариерата на еден судија и нешто за што сонуваш од првиот ден - истакна Винчиќ. Финалниот натпревар помеѓу Аргентина и Шпанија беше запаметен по исклучително острата игра и големиот број дуели, црвениот картон за Енцо Фернандес, но и општиот хаос по последниот свиреж, поради што ФИФА беше принудена да покрене дисциплинска постапка против неколку учесници на овој натпревар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter