Фото: Роузи Хантингтон „освојува“ во бело бикини - Канал 5

Фото: Роузи Хантингтон „освојува“ во бело бикини

Сексапилната манекенка Роузи Хантингтон-Вајтли уште еднаш докажа и покажа зошто милиони мажи ја сметеат за една од најубавите жени на светот. 

Фото: Роузи Хантингтон „освојува“ во бело бикини

Во минималистички бели бикини, 37 годишната Роузи Хантингтон-Вајтли на радост на фановите на социјалните мрежи позираше на работ на базенот, покажувајќи ја совршената става, исончана кожа и беспрекорна форма што никого не остава рамнодушен.

На последните фотографии од одморот, моделот повторно привлече внимание со својот беспрекорен изглед и едноставна, но ефективна естетика.

Во бело бикини кое го нагласува нејзиниот исончан тен и совршено обликувана фигура, таа позираше на работ на базенот со поглед кој ги спојува морето и небото во совршена линија на хоризонтот.

Нејзиниот стил зрачи со суптилен луксуз, без вишок детали, но со јасен фокус на телото, природната убавина и хармонијата на околината.

Со ваквите појавувања, таа не само што го потврдува својот статус на модна инспирација, туку и покажува дека понекогаш многу малку е доволно за да се има моќен ефект.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Моцарт го „освојува“ Салцбург: Позлатени фигури се појавуваат низ градот

Од денес, улиците, парковите и знаменитостите на Салцбург се украсени со повеќе од 300 позлатени фигурини на Волфганг Амадеус Моцарт, поставени по повод одбележувањето на 270-годишнината од раѓањето на еден од најголемите композитори во историјата.

Моцарт го „освојува“ Салцбург: Позлатени фигури се појавуваат низ градот

Фигурините високи пет сантиметри се дело на германскиот уметник Отмар Херл и се изработени по нарачка на фондацијата „Моцартеум“, објави денес весникот *Le Figaro*. Тие го прикажуваат Моцарт со неговото куче, Пимперл. Според фондацијата, фигурините се поставени во градината каде што композиторот често шетал, во неговиот некогашен стан, како и на други локации низ градот, пренесува Танјуг.

Херл изјави дека не сакал да создаде уште еден споменик на Моцарт, туку да ја прикаже неговата човечка страна и да покаже дека, и покрај својот гениј, тој бил обичен човек.

Фондацијата „Моцартеум“ нарача вкупно 400 фигурини, а дел од нив се чуваат во складиште за да се надоместат евентуалните загуби поради кражба. Според претставникот на фондацијата, Линус Клумпнер, две фигурини се веќе украдени. Посетителите што сакаат да ја земат фигурината како сувенир, можат да ја купат за 100 евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Актерка виси на справа за пилатес Кадилак

Убавата балканска актерка, 40 годишната Нина Сеничар редовно тренира дури и по две породувања, а сега покажа и некои од вежбите што ги прави. 

Фото: Актерка виси на справа за пилатес Кадилак

Се снимала себеси на справата за пилатес Кадилак - која се состои од хоризонтален кревет над кој има метална рамка со разни додатоци - пружини, јамки, дрвена шипка и трапез на кој висела актерката.

Инаку, актерката живее во Лос Анџелес со својот сопруг-милионер и децата, а еднаш зборуваше за деловните предизвици и истакна дека секогаш го избирала потешкиот пат.

– Ја имам таа потреба да почнам одново, од нула, таа постојана потреба за борба, за мачење. Почетоците воопшто не се лесни. Двапати почнав од нула, во смисла дека двапати се преселив во друга земја, но тоа не значи дека нема да го направам тоа повторно – изјави таа еднаш.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Орце Ѓорѓиевски: „Добредојдовте во Скопје“

[❤️]  „Добредојдовте во Скопје“ - порака со која испраќаме топло добредојде до сите што пристигнуваат во нашиот град, објави на својот Фејсбук првиот човек на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Орце Ѓорѓиевски: „Добредојдовте во Скопје“

[🌃] Скопје го разубавуваме со љубов, внимание и посветеност, затоа што секој детал е важен кога градиме град со препознатливо лице и топла душа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер