Шоу бизФото: Роналдо вистински„полудува“кога Георгина ќе се соблече во бикини Убавата партнерка на најплатениот светски спортист, легендарниот португалески фудбалер Кристијано Роналдо, Аргентинката Георгина Родригез дефинитно знае како да го привлече внимението на својот сакан.Кога Георгина ќе се соблече во бикини и ќе ги покаже бујните облини, Кристијано не знае да се контролира, „полудува“. Кристијано и Георгина обожаваат да летуваат на својата „палатата на вода“ јахта вредна 6,5 милиони евра. Капитенот на Португалија, Кристијано Роналдо, е познат по својата љубов кон луксузниот живот. Неговата импресивна колекција автомобили, приватен авион и недвижности низ целиот свет се само некои од показателите за неговиот висок живот. Сепак, кога се обидува да избега од медиумското внимание и да се посвети на своето семејство, португалскиот ас наоѓа мир на Средоземното Море, на палубата на својата луксузна јахта. Моделот Azimut Grande 27 Metri е персонализиран, го носи името „CG Mare“ и совршено го одразува стилот на Кристијан: комбинација од високи перформанси и бескомпромисна елеганција. Кристијано ја купил оваа импресивна јахта во текот на летото 2020 година, а цената се проценува на околу 6,5 милиони евра. Јахтата од 27 метри не е само уште еден луксузен предмет во неговата колекција. Името „CG Mare“ има симболично значење. Иницијалите „CG“ се кратенки од Кристијан и Георгина. Судејќи според фотографиите што Георгина ги објавува на Инстаграм, како и оние што папараците успеваат да ги направат, таа е таа што најмногу ужива на јахтата. Георгина обожава да се соблекува во костим за капење и да објавува фотографии од такво издание. Дури и пред да ја купат оваа луксузна „вила на вода“, Роналдо и Георгина често „бегале“ на јахти, а со текот на годините се создале ексклузивни фотографии од Португалецот и Аргентинката во страсна екстаза. Според фотките може да се забележи и тоа дека Кристијано дефинитивно ја обожува својата сакана посебно кога таа е во танга бикини.Тагови: Георгина Кристијано Роналдо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦаринска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19Сончево со температура до 34 степени 08:31Десетици повредени граѓани, оштетени автомобили и објекти остави невремето зад себе 15:00По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар18:26
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33
МакедонијаЈанчев: Официјално е отворен Градскиот базен во Кавадарци!Денес, во присуство на претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски, министерот за спорт Борко Ристовски и бројни гости, градоначалникот Митко Јанчев официјално го пушти во употреба целосно реконструираниот Градски базен.Денес, во присуство на претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски, министерот за спорт Борко Ристовски и бројни гости, градоначалникот Митко Јанчев официјално го пушти во употреба целосно реконструираниот Градски базен – еден од најсовремените спортско-рекреативни комплекси во државата. Со инвестиција од околу 1 милион евра, обезбедена преку вториот јавен повик на Владата, базенскиот комплекс доби целосно нов лик. Реконструирани се големиот и малиот базен, изграден е современ систем за филтрација и пречистување на водата, поставени се нови водни атракции и тобогани, детски водни реквизити и современо детско игралиште, а целосно се обновени соблекувалните, тушевите, санитарните јазли, лекарската просторија, пристапните патеки и сите придружни содржини. Ова не е само реконструкција на еден објект, туку инвестиција во иднината на Кавадарци – во спортот, рекреацијата, туризмот и подобриот квалитет на живот на граѓаните. Градскиот базен повторно ги отвори своите врати и од денес ќе биде место за спорт, рекреација, дружење и создавање нови летни спомени за сите генерации. [💙] Кавадарци доби уште еден капитален проект со кој продолжува да се развива како современ и урбан град.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРаботна средба на заменик-министерот Ристески со министерот за локална самоуправа Иван СтоилковиќРаботна средба на заменик-министерот Ристески со министерот за локална самоуправа Иван СтоилковиќЗаменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески денеска оствари работна средба со новоизбраниот министер за локална самоуправа Иван Стоилковиќ. На работната средба беа разменети мислења и идеи за повеќе значајни теми поврзани со состојбите на општините, локалниот економски развој, поддршката за домашните компании и значењето на инфраструктурните инвестиции на општиот економски развој на Република Македонија. Заменик-министерот Ристески пред министерот ја претстави последната мерка објавена од Агенцијата за вработување која е дел со Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2026 година, а тоа е мерката „Економија на грижа - Општинско-корисна работа“ која е наменета за општините. Со истата се овозможува општините работно да ангажираат невработени лица од евиденцијата на АВРМ со стекнат сертификат за давател на услугата во период од 9 (девет) месеци за ангажман од 40 часови неделно. Лицата би биле ангажирани во областите на социјални или здравствени услуги во согласност со потребите на локално ниво, како и за приоритетни целни групи на крајни корисници. За нивниот ангажман лицата ќе добиваат недомест од 24.000 денари месечно со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест. На средбата соговорниците се согласија дека приоритетна цел за Владата на Република Македонија е да имаме економски стабилни, силни и дигитализирани општини кои нудат квалитетни услуги за граѓаните и компаниите во Република Македонија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦаринска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19Сончево со температура до 34 степени 08:31Десетици повредени граѓани, оштетени автомобили и објекти остави невремето зад себе 15:00По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар18:26
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче нема кредибилитет да зборува за здравството каде остави тотален колапс Филипче нема кредибилитет да зборува за здравството каде остави тотален колапс, Владата на ВМРО-ДПМНЕ превзема конкретни мерки за стабилизација и подобрување на системот РЕАКЦИЈА НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА ВЕНКО ФИЛИПЧЕ Венко Филипче е последниот што има кредибилитет да зборува за состојбите во здравството. СДС нема право да зборува за здравството, СДС за нивните 7 години власт направи скандали кои граѓаните ги плаќаа со своите животи. Граѓаните добро паметат во каква состојба го остави здравствениот систем по неговиот мандат со наталожени проблеми, недостиг на кадар, долги листи на чекање и нарушена доверба во институциите. Венко Филипче, како министер за здравство, направи тотален колапс на здравствениот систем. Токму во периодот кога Филипче беше министер, голем број здравствени работници го напуштија јавното здравство, а системските проблеми останаа нерешени. Филипче како министер за здравство, не само што го доведе здравството до колапс, туку и профитираше на секој можен начин, и остави зад себе руиниран сектор во кој пациентите умираа по ходниците. Додека Филипче беше министер, пациентите се соочуваа со недостаток на лекови, лоши услови и запоставен здравствен систем. Наместо инвестиции во здравството, со СДС и Филипче имаше само сомнежи за наместени тендери, привилегирани компании и милионски зделки. СДС имаше низа скандали, како на пример Онкологија, каде најранливите беа оставени без соодветна грижа и измамени. За разлика од кадарот на Филипче, Ахмети и Таравари, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ навремено го решава проблемот во Гостивар. Над 60 тони вода секојдневно гостиварчани добиваат за пиење и технички потреби од страна на СОЗР. Препораки и мерки, за тоа што треба да се прави во оваа локална епидемија, беа веднаш предочени од ИЈЗ и Министерството за здравство. Осомничените за овој скандал беа веднаш приведени и притворени од страна на МВР и се работи на собирање на докази кои ќе бидат доставени до ЈО. Дополнително, се работи и на отстранување на проблемот заради кој беа затруени нашите сограѓани од Гостивар, за да можат побрзо да ја користат водата барем за технички потреби. Владата на ВМРО-ДПМНЕ е фокусирана на стабилизација на здравствениот систем, подобрување на условите во јавните здравствени установи, намалување на листите на чекање, инвестиции во опрема и обезбедување поквалитетни здравствени услуги за граѓаните. Владата на ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на реформи кои ќе обезбедат поефикасен, поквалитетен и поодржлив здравствен систем. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook