ЗабаваФото: Роналдо јавно им се заблагодари на посебните жени во неговиот животНајплатениот светски фудбалер, славниот Португалец, Кристијано Роналдо јавно им се заблагодари на посебните жени во неговиот живот: „Опкружен со силни жени, благодарен за секој ден“ .Фудбалската ѕвезда Кристијано Роналдо сподели ретки семејни моменти на социјалните мрежи по повод Меѓународниот ден на жената, јавно заблагодарувајќи им се на најважните жени во неговиот живот. Тој објави серија фотографии на својот Инстаграм на кои позира со разни членови на семејството. На едната е со својата свршеница Георгина Родригез, на другите со своите ќерки, мајка и сестри, а секоја фотографија е посветена на една од жените кои имаат посебно место во неговиот живот. „Опкружен со силни жени! Џио, моите ќерки, мојата мајка и моите сестри... Ви сум благодарен секој ден. Среќен Ден на жената!“, напиша Роналдо. View this post on Instagram A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) Објавата брзо го привлече вниманието на неговите бројни следбеници, а многумина во коментарите истакнаа дека ваквите моменти од неговиот приватен живот се особено убави затоа што фудбалерот не ги споделува често. „Прекрасно семејство“, „Каков пар“, „Прекрасни фотографии“, „Ова е вистински маж“, „Среќен Ден на жената“, „Вистинска љубов“, се некои од коментарите под фотографиите.Тагови: Кристијано Роналдо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотМеркел доби официјален портрет: „Невообичаено е да се стане дел од историјата“Портрет на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, насликан од малку познатиот уметник Жереми Кејрас, ќе биде свечено претставен во берлинскиот музеј „Боде“ на Музејскиот остров, речиси пет години откако таа ја напушти функцијата. Сликата ќе биде изложена во музејот „Боде“ во текот на три месеци, почнувајќи од вторник, по што подоцна оваа година ќе биде преместена во кабинетот на сојузниот канцелар. Во неодамнешно интервју за „Ди Цајт“, Меркел скромно го коментираше тој момент. „Невообичаено е кога полека станувате дел од историјата“, рече таа. На првиот кат од канцеларијата на федералниот канцелар се изложени портрети на сите германски канцелари, вклучувајќи го и Герхард Шредер, чиј портрет го насликал Јерг Имендорф во 2007 година. Заедно со портретот на Ангела Меркел, недостасува и портретот на Олаф Шолц. Неговиот кабинет објави дека сè уште не избрал уметник.Тагови: Ангела Меркел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГори дива депонија во Шуто ОризариПожар избувна денеска во скопската општина Шуто Оризари, во близина на стовариште, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).Денеска повторно се разгоре пожарот помеѓу Шуто Оризари и Визбегово, а густ црн чад се забележува од повеќе места низ Скопје. „Гори сува трева, а огнот се шири кон околните куќи“,се вели во соопшението од ЦУК. Истовремено, известена е и Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, а пожарникарски екипи се на терен и го гаснат огнот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Кендал Џенер и Џејкоб Елорди маскирани ја напуштиле АвстралијаУбавата манекенка Кендал Џенер и нејзиното момче Џејкоб Елорди дискретно ја напуштија Австралија, целосно маскирани Пред врската со Елорди, убавата Кендел била во врски со раперот Бед Бани и НБА кошаркарот Девин Букер. Моделот Кендал Џенер и актерот Џејкоб Елорди биле забележани на аеродромот во Бризбејн за време на викендот, каде што се обиделе да останат незабележани по престојот во Австралија. Двојката не разменувала нежности во јавноста, но фотографите го забележале моментот кога Џенер накратко ја ставила раката на лактот на Елорди додека шетале низ аеродромот. Ѕвездата на „Keeping Up with the Kardashians“, 30 годишната Кендел, и 29-годишниот актер дополнително ги сокриле своите идентитети носејќи маски, шалови и очила. Елорди бил облечен во дуксер со качулка, додека Џенер носела бејзбол капа.Тагови: кендел џенер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter