Фото:Роналдо ја изневерил бремената девојка Георгина!?

Во најновиот број на португалскиот магазин „ТВ водич“, старлетата Наташа Софија го обвини најдобриот светски фудбалер Кристијано Роналдо дека ја изневерил својата бремена девојка Георгина Родригез.

Секс скандалот брзо се рашири во медиумите, а португалската старлета Наташа раскажа како тргнало се од едно обично допишување на Инстаграм.

-Се допишувавме некое време, а потоа поминавме „интензивна ноќ во хотел“.На крајот ми даде 300 евра за такси, истакна 21 – годишната старлета.
Португалската старлета воедно откри дека го привлекла вниманието на Роналдо со секси видео на кое тверка.

Тој ја издаде. Не зборуваше многу за неа кога бевме заедно, но ми рече дека е со неа поради тоа што добро се однесувала со неговиот син, нагласи провокативната старлета Наташа Софија за односот со Кристијано Роналдо.

Арсенал се надева дека Жоргињо ќе го продолжи договорот

Фудбалерот од средниот ред на Арсенал, Жоргињо може да го напушти клубот.

Според „Standard“, за 32-годишниот Италијанец силно се заинтересирани Јувентус, Лацио и Наполи. Во исто време, лондонскиот клуб се надева дека играчот ќе ги одбие понудите и ќе го продолжи договорот со Топџиите.

Оваа сезона Жоргињо одигра 35 натпревари, постигна гол и две асистенции.

Се шпекулира дека одлуката дали Жоргињо ќе остане во Арсенал во голема мера ќе зависи дали неговиот тим ќе ја освои Премиер лигата. /МИА

Изречени 130 санкции за брзо возење на територија на државата

На територијата на државава во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 130 санкции за брзо возење.

Од нив, како што информираа денеска од Министерството за внатрешни работи, 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 53 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 77 надвор од населено место.

Санкционирани 157 возачи под дејство на алкохол

МВР информира дека вчера, во акциска контрола, се санкционирани 157 лица кои возеле под дејство на алкохол.

Контролата била спроведена од 16.00 до 22.00 часот на територијата на Република Северна Македонија.

Според МВР, санкционирани се и 183 други видови на сообраќајни прекршоци.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, наведува Министерството.

притисни ентер