УЕФА ги потврди домаќините на финалните средби во Лигата на Шампионите и Лига Европа за сезоните 2028 и 2029
1УЕФА ги потврди домаќините на финалните средби во Лигата на Шампионите и Лига Европа за сезоните 2028 и 2029
Шоу бизФото: Ријана повторно го истакна задникотСветската музичка ѕвезда Ријана напорно работи на секоја нова колекција, а притоа ги воодушевува своите фанови со жешки фотографии од својот задник.Задникот на Ријана повторно го „раздрма“ светот, „Најсекси мама се врати“ . Мегапопуларната Ријана повторно ги „запали“ социјалните мрежи со фотки со кои како да сака да внесе малку повеќе драматичност во фиоките со долна облека. За есенската сезона, Savage X Fenty ја претставува „Piccadilly Lace“ – нова колекција на долна облека од црна тантела која ја истакнува потемната и поромантична страна на оваа облека. Кампањата ја предводи самата Ријана, а колекцијата вклучува корсет од тантела, градник, гаќички и танга – сè во класична црна боја. Таа докажа дека е идеален промотор на оваа колекција во неодамнешната рекламна кампања. Облините на Ријана повторно дојдоа до израз, а никој не може да го занемари фактот дека убавицата од Барбадос има три породувања зад себе. Набрзо потоа, на социјалните мрежи почнаа да пристигнуваат позитивни коментари за нејзиниот изглед. „Нестварна си“, „Најсекси мама се врати“, „Не ми се допаѓаат твоите фотографии“, „Какви облини“, „Ова е најсекси колекција“ – беа само дел од реакциите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17
ТехнологијаФранција продолжува со плановите за забрана на социјалните мрежи за лица под 15 годиниФранцуската влада до Европската комисија поднесува нова верзија на предлогот за забрана на социјалните мрежи за лица помлади од 15 години, откако Уставниот совет претходно отфрли клучен дел од законската регулатива.Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека, по детална техничка работа, владата пронашла решение што треба да ги задоволи забелешките на Уставниот совет и да биде во согласност со европското право. „Оваа заштита мора да стане стандард и за сите европски деца“, рече Макрон, нагласувајќи ја желбата на Франција да види слична забрана спроведена низ целата Европска унија. На 14 август, Уставниот совет ја отфрли забраната за социјални мрежи за лица под 15 години, оценувајќи дека таа претставува непропорционално ограничување на слободата на изразување. Претходно, на 21 јули, францускиот парламент усвои закон со кој се забранува креирање нови профили за корисници под 15 години почнувајќи од 1 септември и се наложува затворање на постоечките профили во рок од четири месеци, како и задолжителна проверка на возраста. По одлуката на Уставниот совет, Макрон му наложи на премиерот Себастиен Лекорну да подготви нов предлог. Извор: Б92Тагови: социјални мрежи Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалУЕФА ги потврди домаќините на финалните средби во Лигата на Шампионите и Лига Европа за сезоните 2028 и 2029Минхен и Барселона ќе бидат домаќини на финалните натпревари во Лигата на шампионите во 2028 и 2029 година, објави УЕФА на своите официјални канали. Истовремено, финалните натпревари во Лигата на Европа во овие сезони ќе се играат во Букурешт и Белград. Белград ќе биде домаќин на финалето во Лига Европа, на новиот стадион во Сурчин кој треба да биде изграден во 2027 години Финалето во 2028 година од најважното европско клупско натпреварување ќе се игра на стадионот на Баерн во Минхен, кој во соопштението на УЕФА е именуван како „Фудбалска арена Минхен“. Една година подоцна, домаќин ќе биде „Камп Ноу“, стадионот на Барселона. УЕФА ја објави веста придружена со фотографии од двата стадиона и порака во која се истакнуваат овие два култни фудбалски објекти, повикувајќи ги навивачите да изберат кое финале би сакале да го гледаат. Белград го очекува финалето на Лигата на Европа, Националната арена во Букурешт ќе биде домаќин на финалето на Лигата на Европа за сезоната 2027/28. За сезоната, 2028/29, како домаќин е наведен Националниот стадион во Белград, кој моментално е во фаза на изградба. Тоа значи дека во 2029 година во Барселона и Белград ќе се одржат две големи европски клупски финалиња.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17
МакедонијаСДСМ: 18 месеци нема правда за Кочани затоа што судството под контрола на Мицкоски ги штити своитеПоминаа 18 месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“, во која згаснаа 63 млади животи, а 193 лица беа повредени.Правдата за Кочани се топи пред очите на јавноста. Заробеното судство кое е под целосна контрола на Мицкоски ги штити своите, а жртвите и нивните семејства ги остава без одговори и без правда. Повеќе од две години власта на Мицкоски ги контролира полицијата, обвинителството и судството. Диктира задачи на обвинители и судии преку телефон, од собраниска говорница, преку телевизија. Дискредитира и навредува обвинители јавно. Поставува свои советници за судии, сопруга на ексградоначалник на ВМРО во Судскиот совет, обвинителка поврзана со Сашо Мијалков. И каков е резултатот? Наместо брза и неселективна одговорност, гледаме одолжување на постапките и ослободување на лица поврзани со случајот. Сега и „Газда Деко“ е пред слобода. Мицкоски тврдеше дека ќе се повлече од политиката ако се докаже дека обезбедувањето во „Пулс“ е поврзано со ВМРО. Како и за сè друго што им ветил на граѓаните – излажа. Ниту се повлече, ниту понесе одговорност, ниту обезбеди правда. Додека Мицкоски зборува за „талог“ и „елита“, додека седи до државниот јавен обвинител и испраќа закани, родителите на загинатите повторно гледаат како институциите ја погребуваат правдата. Ова веќе не е изолиран случај. Ова е систем. Го ослободуваат Груевски. Го ослободуваат Латас. Враќаат имот стекнат со криминал на ВМРО-ОКГ. Телохранители на Мицкоски кои тепаат жени се спасуваат од одговорност. Нема одговорност за петте тони дрога пренесени преку граница. Нема одговорност за криминалните тендери вредни 200 милиони евра. Нема одговорност за водата во Гостивар, за загадените реки. Нема одговорност за тепањето млади во Ново Село. Така изгледа „правдата“ на Мицкоски – заштита за моќните и неправда за жртвите. СДСМ стои со семејствата на загинатите и со повредените во трагедијата во Кочани. Бараме целосна, неселективна и вистинска одговорност за секој што дозволил, овозможил или прикривал незаконско работење во „Пулс“. Никој не смее да биде заштитен поради партиска книшка, функција или блискост со криминалната банда на власт. Правдата за Кочани не смее да се разводни. Правдата за Кочани не смее да се одложува. Правдата за Кочани не смее да истече. Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска - портпаролка и членка на ИО на СДСМ СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook