Фото: Ријана го заборавила брустхалтерот!

Јавноста е навикната да ја гледа скоро гола, во неверојатни модни комбинации, во проѕирни фустани, со чизми до стомакот...

Погледнете во какво издание светската музичка ѕвезда Ријана се појавила на семејниот ручек во хотелот „Едишн“ во Њујорк.

haljina, guči

Популарната Рири на семејниот ручек пристигнала во зелен фустан од тантела на „Гучи“ вреден точно 2498 евра или 1900 фунти, кој повеќе открива отколку што покрива.

Ван Перси презеде елитен холандски тим

Поранешниот играч на Арсенал и Манчестер Јунајтед, Робин ван Перси е нов тренер на Херенвен, соопшти холандскиот клуб. 40-годишниот стручњак потпиша за две сезони.

За Ван Перси, кој е играчот со најмногу голови во историјата на „лалињата“ со 50 погодоци, ова ќе биде деби како тренер на сениорска екипа.

Досега имаше искуство како тренер на младински тимови на матичниот Феенорд.

-Тренерската професија е сеопфатна и предизвикувачка, и ја практикувам со многу страст и задоволство. Имам желба да продолжам со мојот развој и улогата на главен тренер совршено одговара на оваа амбиција. Затоа сум воодушевен од можноста што Херенвен ми нуди многу убав елитен клуб со богати традиции и лојални поддржувачи. Фантастичен предизвик е да се дозволи да се придонесе за спортските амбиции и развој на клубот овде како главен тренер, истакна легендарниот стрелец.

Официјално ќе биде претставен во вторник на 21 мај. Херенвен е на 10. место во Ередивизи пред крајот на првенството./МИА

„WBAF“ и Школата на млади лидери на претседателот Иванов со заеднички проект

Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели (WBAF) и Школата на млади лидери на претседателот Иванов со заеднички проект  

Во Кабинетот на поранешниот претседател Ѓорге Иванов синоќа се одржа промоција на програмата Мастер предавања за претприемничка извонредност, поддржана од Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели (WBAF), партнер на Г20 Глобалното партнерство за финансиско вклучување.

Иванов и извршниот претседавач на Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели, Бајбарс Алтунташ пред присутните поддржувачи, пријатели и алумнисти на Школата зборуваа за соработката која во 2018 година е прогласена за најдобар општествено одговорен проект во Европа во 2017 година од Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели.

-Во контекст на одличната досегашна соработка и најавата на програмата која заеднички ќе се спроведува, како и во насока на можностите за идни заеднички проекти, се потпиша и Меморандум за соработка меѓу Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели и ко-организаторите на Школата, Кабинетот на поранешниот претседател Иванов, Меѓународниот центар Алијанса на цивилизациите и Алумни асоцијацијата на Иванов школа за млади лидери (ИСЛАА).

Иванов рече дека за постигнувањата на неговата иницијатива Школа за млади лидери зборуваат учесниците на програмата кои преку стекнувањето нови лидерски вештини и знаења се подготвуваат за успеси во нивниот професионален и приватен живот.

-Во текот на годината кога се одбележува 15-години Школа за млади лидери, се организира оваа ексклузивна програма за стартап и претприемништво поддржана од Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели со која им се овозможува на младите учесници и алумнисти на Школата за млади лидери да ги надградат своите знаења и вештини за снаоѓање во бизнис околината, информира Кабинетот на Иванов кој најави дека свеченоста по повод 15 години од Школата за млади лидери ќе се одржи на 12 октомври 2024 година во Охрид.

Алтунташ нагласи дека со здружување за патување кон трансформација и зајакнување, ова партнерство го симболизира спојот на стручност, страст и посветеност кон негување на потенцијалот на младите умови и негување на култура на лидерска извонредност.

Програмата за претприемничка извонредност се организира по повод 15-годишнината на Школата за млади лидери, а е наменета само за алумнистите, односно учесниците на претходните школи. Програмата ќе се спроведе од 8 - 30 јуни 2024 година и ќе има сесии во живо и онлајн. Учесниците ќе имаат несекојдневна прилика да научат за напредни и сеопфатни стратегии за стартап прилагодени за основачи на стартап компании кои го почнуваат своето финансиско патување од почеток до излез, со стекнување суштинско знаење и алатки за да се справат со предизвиците и да ги оптимизираат можностите во секоја фаза на нивниот бизнис. Предавачи на програмата ќе бидат искусни експерти кои ќе споделат практични пристапи, иновативни техники и студии на случај од реалниот свет за да ги поттикнат учесниците како претприемачи да постигнат одржлив раст, да обезбедат инвестиции, да управуваат со ризикот и на крајот да ја максимизираат вредноста по излегувањето. мч/дма/

фото: Кабинет на поранешниот претседател Ѓорге Иванов

Истражувања: Некои особини и одлики се наследуваат главно од мајката

Повеќето човечки особини се полигенски, што значи дека тие се одредени со комбинација на неколку гени од двајцата родители.

На пример, има најмалку 700 секвенци во генетски код на една личност коишто може да влијаат на висината, кожа, бојата на косата и очите итн.

Иако повеќето наследени гени се пренесуваат од двајцата родители, некои особини се типично и директно поврзани со мајката. Следат неколку примери.

Знаците на стареење

Како што старее, на човековото лице се појавуваат брчки - на челото, кај устата итн. Тоа, во голем дел „се презема“ од мајката, т.е. мајчините митохондрии придонесуваат за процесите на стареење. Според истражувачите од шведскиот Каролинска институт и германскиот Институт за биологија и стареење „Макс Планк“, детето ќе ја наследи ДНК-та на мајката, вклучително и митохондријалните болести или дисфункција. Истражувачот д-р Нилс-Горан Ларсон, вели:

- Истражувањето покажа дека митохондријалната ДНК на мајките влијае на тоа како старееме. Ако ја наследиме митохондријалната ДНК со мутации од нашата мајка, старееме побрзо.

Интелигенција

Иако не постои единствен „ген за интелигенција“, еден од факторите коишто придонесуваат за високиот интелект на детето е ДНК-та на мајката. Повеќе истражувања ја поддржуваат оваа теорија, на пр., она спроведено од Советот за медицински истражувања во Шкотска.

Британските истражувачи интервјуирале млади луѓе на возраст од 14 - 22 години и тоа траело повеќе години. Заклучоците говорат дека најдобриот показател за интелигенција е коефициентот на интелигенција на мајката. Во просек, коефициентот на испитаниците варирал само за 15 поени од оној нивната мајка.

Менталното здравје и нарушувањата

Според научнициете, не се наследуваат само физичките особини и однесувањето, туку и менталните и емоционалните одлики. Иако и надворешните околности играат улога во развојот на нарушувањата на расположението, разни болести или состојби, тие дејствуваат во склад со генетските предиспозиции - не секогаш исклучиво од мајката, но истражувањата посочуваат дека ова е почеста појава отколку што се мислеше.

Испитување од 2016 година открива поврзаност меѓу депресијата кај мајката и ќерката во анализа на 35 семејства. Интересно е што депресијата, според наводите не се пренесува од татко на ќерка или од татко на син.

„Килограмите“

Одржувањето здрава тежина има многу повеќе врска со здравиот начин на живот отколку со генетиката, но тоа не значи дека гените на мајката не се поврзани со дебелината на синот или ќерката. Според некои истражувања, мастите се суштински извор на енергија во телото. Темното масно ткиво е особено одговорно за регулирањето телесна температура и енергетски метаболизам, за разлика од белите масни клетки, коишто се зголемуваат при вишок енергија (калории).

Истражувачите откриваат дека темното масно ткиво може да се користи во борбата против дебелината. Во таа смисла, мајките носат ген којшто им овозможува на темните масти да надвладеат над белите масти, коишто пак, генетиката му ги припишува на таткото и неговите гени.

Начините на спиење

Сонот, т.е. навиките, однесувањето, па дури и некои нарушувања во спиењето, многу се верува дека попрво се пренесуваат од мајка на дете, отколку од таткото. Ова ги вклучува циклусите на спиење и будење, но и несоницата.

И напис во списанието „Слип медисин“ (Sleep Medicine) посочува дека децата ги наследуваат навиките на спиење од нивните мајки. Во таа смисла, занимлива е јасната поврзаност меѓу несоницата кај мајката и неколку метрики на спиење кај бебето. /МИА

притисни ентер