3Лишени од слобода 16 возачи за „безобѕирно управување возило“, девет возеле без положен возачки испит
ЗабаваФото: Рибар на Дунав во Војводина уловил сом од скоро 2,5 метриРечниот рибар Милан Маркуш од Вајска во Војводина на Дунав уловил огромен сом од скоро 2,5 метри тежок околу 90 килограми.Пред неколку дена рибар извлекол вистинска риба капиталец од реката Дунав. Како што е објавено на социјалната мрежа Фејсбук, Милан Маркуш од Вајска во Војводина на Дунав уловил сом тежок 87 килограми и долг 231 сантиметар. Милан објави и фотографии од својот грандиозен улов. „Сом 2,31 м 87 кг трска „ hm9“ машина стела „8000sw power pro 40lb“ олово „0,90mm“ MM 70mm 50gr sfc “, напиша Милан на Фејсбук. Во коментарите под оваа објава, Милан ги доби сите честитки и пофалби. „Има пола село за јадење. Браво“, „Улов на животот“„Ал да ти е, ќе има котел“ се само дел од коментарите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрагедија со три жртви во Словенија – две деца меѓу загинатите македонски државјани15:00Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40Мицкоски во посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица" во Општина Берово09:0072-годишен маж е шестата жртва од западнонилска треска 15:00Почина уште еден заболен од западно-нилска треска12:43
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
МакедонијаСДСМ: Стоилковиќ и Ратко Младиќ: Воениот злосторник како „генерал“ во Владата на МакедонијаИван Стоилковиќ, министер во Владата на Македонија, до вчера заменик-премиер, денеска јасно покажа каде му е местото и кои му се вредностите.За него босанскиот српски лидер Ратко Младиќ - осуден за геноцид, воени злосторства и злосторства против човештвото е величина и херој. За него тој е „негов генерал“ - среде Македонија. Ова е дел од поширока агенда: Вучиќ, руска агенда, кинески инвестиции, воодушевување од Кина… „Српскиот свет“ сега и во форма на почитување на воениот злосторник. Наместо да гледаме кон иднината, кон Европа, кон демократско и просперитетно општество - ние се враќаме во деведесеттите, во политиката на Милошевиќ и војните. Министер во Владата на Мицкоски јавно велича човек осуден за геноцид во Сребреница. Тоа не е ниту личен став, ниту „културна разлика“. Тоа е директна порака: во оваа Влада има место за оние кои ги слават воените злосторници од најмрачните страници на балканската историја. СДСМ најостро го осудува овој чин. За вакви како Стоилковиќ нема место во ниту една демократска, европска и цивилизирана влада. Мицкоски мора да одговори - дали ова е официјален став на неговата Влада или личен испад на неговиот министер? Граѓаните на Македонија не заслужуваат да имаат министер кој воениот злосторник го нарекува „мој генерал“. Наместо да гледаме кон демократските вредности, иднината, Европа и просперитетот, ние имаме министри во Владата кои ги величаат воените злосторници. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПревентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на пожариВо текот на активноста, на учесниците во сообраќајот им беа поделени информативно-едукативни летоци Денеска (28.08.2026) полициски службеници од СВР Скопје на територија на општина Сарај реализираа превентивни активности за спречување на пожари. Полициските службеници преку непосредна комуникација со граѓаните им укажаа на потребата од одговорно однесување во природа, со посебен акцент на избегнување на палење оган, да не фрлаат отпушоци од цигари и доколку забележат пожар веднаш да пријават на телефонскиот број 112. На земјоделците пак, им беше потенцирана потребата од внимателно извршување на земјоделските работи, со акцент на опасностите од предизвикување пожари од палење на меѓи, стрништа со сува трева и смет на ниви. Исто така, им беше укажано дека предизвикувањето пожари е кривично дело, што соодветно законски се санкционира. На граѓаните им беше поделен и печатен едукативен материјал, изработен во соработка со ЈП „Национални шуми“, со напомена за почитување на забраната за движење во шуми. Отсекот за превенција и ПС БПС при СВР Штип и Отсекот за превенција при СВР Тетово, пак, спроведоа превентивни активности за побезбеден сообраќај. На наплатната станица „Кадрифаково“ во склоп на кампањата „Безбедно лето - вози одморен“, полициски службеници од СВР Штип на возачите во непосредна комуникација им укажаа за важноста од управување на возило одморени, бидејќи заморот и падот на концентрацијата се главните причини за предизвикување сообраќајни несреќи во лето. Исто така, им беше нагласено дека во овој период, кога е зголемена фреквенцијата во сообраќајот и возачите се упатуваат кон летните дестинации минувајќи стотици километри, од особена важност е да се прават почести паузи во текот на патувањето и да се следат препораките за безбедно возење и почитување на сообраќајната сигнализација. Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово пак, на регионалниот пат Тетово – Јажинце, поточно на влезот во село Лешок, ги информираа возачите за последиците што можат да настанат доколку управуваат возило под дејство на алкохол. Во текот на активноста, на учесниците во сообраќајот им беа поделени информативно-едукативни летоци изготвени во соработка со РСБСП и Факултетот за безбедност – Скопје.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишени од слобода 16 возачи за „безобѕирно управување возило“, девет возеле без положен возачки испитВо текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 16 возачи поради „безобѕирно управување возило“. Од нив, девет управувале возило без положен возачки испит, од кои четворица во Скопје, и по еден во Прилеп, Гевгелија, Богданци, Велес и Боговиње. Под дејство на алкохол возеле по едно лице во Битола, Македонска Каменица, Кичево и Кавадарци, а по еден возач во Македонски Брод и Велес управувале возило под мерка забрана за управување со моторно возило. Од слобода е лишен и државјанин на Шведска, кој на автопатот А- 1 возел со двојно поголема брзина од дозволената. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter