Фото: Републиканка објави фотографија од Меланија Трамп гола!? - Канал 5

Фото: Републиканка објави фотографија од Меланија Трамп гола!?

Републиканка објави фотографија на која тогаш младата Меланија Трамп е гола.

Фото: Републиканка објави фотографија од Меланија Трамп гола!?

Изборната кампања во САД се вжештува откако актуелниот американски претседател Џо Бајден објави дека се повлекува од трката за претседател на САД и ја поддржа актуелната потпретседател Камала Харис.

Имено, Ана Наваро, американски политички аналитичар и коментатор, објави стара фотографии на која Меланија Трамп, актуелната сопруга на екс американскиот претседател, а сега кандидат Доналд Трамп, е без ниту едно парче облека на себе.

Иако Ана е член на Републиканската партија, таа е гласен критичар на републиканскиот претседател Доналд Трамп и неговиот тим. - Некои републиканци упатија непријатни сексуални забелешки за Камала Харис на телевизија и на социјалните мрежи, сакајќи да ја направат нејзината историја на романтични врски сомнителна.

-Само напред. Сакате да го направите сомнително? Само напред. Никогаш не сум видела голи слики од Камала Харис или нејзиниот сопруг – напиша Ана на својот Инстаграм, под фотките од младата и гола Меланија.

Фотографијата на голата Меланија е направена во јануари во далечната 2000 година за магазинот GQ.

Убавата, Словенка е прикажана како гола лежи на крзнениот тепих облечена во дијамантски ѓердан, нараквици и црни потпетици, додека е врзана со лисици на актовката на Доналд Трамп во неговиот приватен авион.

Покрај оваа фотографија, Ана Наваро сподели и фотографија на која се гледа како поранешниот претседател и поранешна прва дама позираат со покојниот педофил Џефри Епштајн и неговата тогашна девојка и асистентка Гислајн Максвел, во Мар-а-лаго на Доналд во 2000 година.

- Камала никогаш не се забавувала со сексуални предатори. Сакате да одите ниско? Овој пат нема да оставам ниту една работа без одговор. Ниту еден. Со задоволство ќе поминам 20.000 милји под морето - изјави Наваро. Доналд Трамп и неговите соработници се уште јавно не проговорија за овие најави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“

Владата препорача работа од дома за вработените во осумте државни институции, лоцирани во административната зграда „Нова Македонија“, по поплавата која вчера се случи во објектот по пукање на топловодна цевка. 

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“

Поради ризикот за електричните инсталации, од безбедносни причини исклучена се и струјата и водата..

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата.

-Имајќи ги предвид последиците, особено продирањето на вода во дел од електричните инсталации, како и потребата од спроведување на сите неопходни технички и безбедносни проверки пред повторно ставање на објектот во редовна функција, владата донесе заклучок со кој се препорачува на институциите сместени во објектот да го реорганизираат своето тековно работење односно вработените привремено да ги извршуваат своите работни обврски преку работа од дома, без физичко присуство во зградата - информираат од владата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Десетгодишно дете од Скопје е тешко повредено откако било удрено од автомобил управуван од 70-годишна жена

Десетгодишно дете од Скопје е тешко повредено откако било удрено од автомобил „шевролет“, управуван од 70-годишна скопјанка.

Десетгодишно дете од Скопје е тешко повредено откако било удрено од автомобил  управуван од 70-годишна жена

Несреќата се случила во неделата околу 20 часот на крстосницата од улицата „Христо Татарчев” и улицата „Франк Харкорт Манинг” во Скопје.

„Пријавено е дека 70-годишната М. Г. од Скопје, управувајќи патничко возило ‘шевролет’ со скопски регистарски ознаки, удрила во 10-годишно дете од скопје“,информираат од МВР.

Детето се здобило со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Свети Наум Охридски” во Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со изведување докази продолжува судењето за „Државна Лотарија“

Со изведување на материјалните докази од страна на Јавното обвинителство денеска во Основниот кривичен суд Скопје треба да продолжи судењето за предметот „Државна Лотарија“, во кој меѓу обвинетите се поранешниот прв вицепремиер Артан Груби

Со изведување докази продолжува судењето за „Државна Лотарија“

Со изведување на материјалните докази од страна на Јавното обвинителство денеска во Основниот кривичен суд Скопје треба да продолжи судењето за предметот „Државна Лотарија“, во кој меѓу обвинетите се поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и поранешниот директор на АД „Државна Лотарија“, Перпарим Бајрами.

Покрај поранешниот вицепремиер Артан Груби и ексдиректорот на лотаријата Перпарим Бајрами, кои беа во бегство, но се вратија и се предадоа на властите во земјава, во овој судски предмет обвинети се и Башким Авди, Методија Димовски, Скендер Мехмети, Бојан Јанев, Фатмир Рамадановски и Александар Димитриоски.

Тие се товарат дека со пречекорување на службените овластувања предизвикале штета на Ад „Државна Лотарија“ во износ од над 9 милиони евра.сите обвинети во претходниот тек на постапката се изјаснија дека не се чувствуваат виновни за делата што им се ставаат на товар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер