Фото: Ред Бул има гејмерски компјутер во форма на Формула 1 - Канал 5

Фото: Ред Бул има гејмерски компјутер во форма на Формула 1

Компанијата Ред Бул ќе продаде гејмерски компјутер во форма на својот болид за Формула 1, успешниот модел „RB18“. Цената? Подобро не прашувајте.

Фото: Ред Бул има гејмерски компјутер во форма на Формула 1

Ред Бул нуди систем за игри во форма на својот успешен болид „RB18“, кој победи на 17 трки (од 22) во Формула 1 минатата сезона.

Ред Бул не откри какви компоненти ќе има оваа „конфигурација“, но затоа ја откри цената. Ќе има два модели: „Race Edition“ за 85 илјади евра и „Championship Edition“ за 112 илјади евра.

Зошто толку скапо? Освен што деловите за овој компјутерски гејминг систем се произведуваат со истиот процес како и надворешните делови на Ф1 болидите. Со други зборови, ова е најблиску до седењето во Ф1 болид без всушност да седите во вистински Ф1 болид.

„Возењето болид од Формула 1 е нешто за што повеќето од нас можат само да сонуваат, но овој симулатор е најблиску до вистинската работа. „Memento Exclusives“ создадоа возило во кое можете да ги ставите трките во вашиот дом“, стои во официјалното соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Реконструкцијата влегува во завршна фаза – предложените имиња до петок ќе бидат доставени до Собранието

Владината реконструкција влегува во завршна фаза. Познати се имињата и на министрите од ВРЕДИ кои ќе седнат во министерските фотељи во рамки на владината реконструкција.

Реконструкцијата влегува во завршна фаза – предложените имиња до петок ќе бидат доставени до Собранието

Од партијата за Канал 5 потврдуваат дека Јетон Шасивари ќе биде предложен за нов министер за правда, а Седат Сулејмани за култура. Но според нашите извори во ВРЕДИ се уште се кршат копјата околу изборот на Агон Ферати, на местото на Иван Столковиќ во министерството за односи меѓу заедниците.

Предложените пресонални решенија се прифатливи и за премеирот Христијан Мицкоски.

ВРЕДИ по реконструкцијата на владата ќе има едно вицепремирско место. Беким Сали останува прв вицепремиер и министер за европски прашања, а на партијата ѝ остануваат и секторите животна средина и економија и труд. Вицепремиерската функција за добро владеење, која ја извршуваше Арбен Фетаи нема да постои во реконструираната влада, а овој ресор ќе се покрива од кабинетот на премиерот. Кадар на знам пак ќе раководи со министерството за земјоделство, каде Димитриевски го номинира Борче Серафимовски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Англија, Белгија и САД нови осминафиналисти на Светскиот шампионат

Англија со резулатски пресврт го победи одличниот Конго, фаворизираната Белгија со неверојатен финиш се врати од бездната против сенегал, а домаќинот САД минимално беше подобар од БиХ.

Англија, Белгија и САД нови осминафиналисти на Светскиот шампионат

Фантастичниот Хари Кејн не дозволи нови изненадување на Мундијалот. Со два гола најдобриот англиски голгетер обезбеди голема победа за својата селекција која скоро 70 минути беше во негатива против одличниот тим на Конго.

Белгија се пласираше во осминафиналето на Светското првенство откако го совлада Сенегал со 3:2 по продолженијата, во драматичен натпревар одигран во Сиетл.

Белгијците дојдоа до победата со неверојатен пресврт во завршницата, откако губеа со 2:0 сè до 86-тата минута. Во финишот на регуларниот тек проработе Ромален Лукако кој со два гола го однесе мечот во продолженија.

Во следната рунда од нокаут-фазата, Белгија ќе игра против САД. Сенегал доминираше и поведе Почетната иницијатива на Сенегал вроди со плод во 25-тата минута.

Белгија продолжи да врши притисок во продолженијата, иако и Сенегал имаше свои шанси. Ибрахим Мбаје ја пропушти најдобарата можност во 109. минута, не успевајќи да постигне гол од поволна позиција. Можеа скапо да платат за тоа во 118. минута кога, по една одлична акција, Лукебакио се најде сам пред голот, но ја погоди стативата. Токму кога се чинеше дека натпреварот ќе се решава со изведување пенали, настапи одлучувачкиот момент.

Во 119. минута, по проверка преку ВАР, на Белгија ѝ беше досуден пенал поради прекршок врз Тилеманс. Самиот Тилеманс ја презеде одговорноста и погоди од белата точка во петтата минута од судиското надополнување, со што ја потврди победата од 3–2 и предизвика големо славје во таборот на Белгија.

Фудбалерите на Босна и Херцеговина беа елиминирани во шеснаесеттина-финалето на Светското првенство во фудбал, по натпреварот против САД, во кој домаќинот во предградието на Сан Франциско победи со 2:0.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По силното невреме: УХМР најавува пороен дожд, грмежи, ветер и град

Според Управата за хидрометеоролошки работи денеска  на одделни места атмосферските процеси ќе бидат поизразени, со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за краткотрајно невреме.

 По силното невреме: УХМР најавува пороен дожд, грмежи, ветер и град

И денеска во поголем дел од државата се очекува променливо облачно и нестабилно време, проследено со локални врнежи од дожд и грмежи. Според Управата за хидрометеоролошки работи денеска на одделни места атмосферските процеси ќе бидат поизразени, со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за краткотрајно невреме.

Локално се очекуваат врнежи поголеми од 15 литри на квадратен метар, како и засилени налети на ветер што може да надминат 60 километри на час. Во делови од земјата не е исклучена ниту појава на град.

Утринските температури ќе се движат од 11 до 19 степени, додека дневните ќе достигнат од 27 до 35 степени Целзиусови.

Во Скопје се прогнозира променливо облачно време со повремени врнежи, грмежи и засилен ветер. Во одделни делови од котлината постои можност за пообилен дожд, краткотрајно невреме и појава на град. Температурата ќе се движи од 17 степени во утринските часови до околу 32 степени во текот на денот.

Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), нестабилното време ќе продолжи и утре, кога повторно се очекуваат локални поројни врнежи, грмежи и силен ветер. Од викендот следува постепена стабилизација на временските услови со претежно сончево време, а во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер