Фото: Првата генерација на Голф имала и електрична верзија? - Канал 5

Фото: Првата генерација на Голф имала и електрична верзија?

Фолксваген долго време експериментира со електричниот погон, многу пред тој да стане важна тема во автомобилската индустрија.

Фото: Првата генерација на Голф имала и електрична верзија?

Историјата на најпопуларниот модел на Фолксваген, Голф, е и историја на развојот на електричниот погон.

Оригиналниот Голф дебитира во 1974 година. Две години подоцна, производителот од Волфсбург претставува две нови верзии, легендарниот спортски „GTI“, но и електричниот Голф.

Ова експериментално возило е искористено за истражување на погонот на електричните автомобили по нафтениот шок во 1973 година и поскапувањето на горивото. Биле произведени само неколку примери.

Сепак, Фолксваген тој проект не го затвора во фиока. Тој се враќа на електричниот Голф во 1981 година под името „CityStormer“, кој е развиен во соработка со снабдувачот на електрична енергија „RWE“.

Во возниот парк на „RWE“ се произведени и користени околу 25 возила, со оловни батерии со вкупен капацитет од 11,4 kWh, што било доволно за околу 60 километри автономија.

Автомобилот тежел околу 1.500 кг, 600 кг повеќе од стандардниот Голф, а неговиот електричен мотор поставен напред развивал само 22 КС. Доволно за максимална брзина од 95 км/ч и забрзување од 13 секунди до 100 км/ч.

По првата генерација на Голф, Волксваген експериментира со електрични погони до третата генерација. Потоа запира, до Голф 6, па Голф 7, па електричниот компакт „ID.3“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Франција со традиционална воена парада го одбележува Денот на Бастилја

Франција денеска со традиционална воена парада ќе го одбележи националниот празник – Денот на падот на Бастилја.

Франција со традиционална воена парада го одбележува Денот на Бастилја

На Парадата на авенијата „Шанзелизе“ предвидено е да учествуваат околу 6.700 војници, 98 авиони, 31 хеликоптер и 315 единици копнена воена техника.

Дел од дефилето ќе бидат и припадници на земјите од коалицијата на подготвените што ја поддржува Украина, како и 25 украински војници.

Годинешната парада има за цел да ја демонстрира подготвеноста на Франција за зајакнување на своите одбранбени капацитети и да го симболизира стратешкото будење на Европа.

Почесни гости се украинскиот претседател Зеленски и 24 шефови на држави и влади од европските земји-членки на коалицијата на подготвените, меѓу кои германскиот канцелар Фридрих Мерц, италијанскиот претседател Серџо Матарела, данската премиерка Мете Фредериксен и британскиот премиер Кир Стармер.

Францускиот претседател Макрон вчера беше домаќин и на состанок на лидерите од коалицијата на подготвените, кои најавија нова воена поддршка за Украина, особено во областа на противвоздушната одбрана.по завршувањето на парадата, Макрон ќе отпатува во Ница, каде ќе се одбележи десетгодишнината од терористичкиот напад извршен на 14 јули 2016 година, кога напаѓач со камион влезе меѓу граѓани кои го прославуваа националниот празник.

Во нападот загинаа 86 лица, повеќе од 450 беа повредени, а напаѓачот беше убиен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Девојчето во Куманово брутално го претепале две малолетнички и една полнолетна девојка

Основното јавно обвинителство и СВР Куманово преземаат мерки за расчистување на случајот со врсничко насилство, откако вчера на социјалните мрежи беше објавена видеоснимка на која се гледа физички напад врз девојче.

Девојчето во Куманово брутално го претепале две малолетнички и една полнолетна девојка

Според првичните информации, настанот се случил пред околу четири месеци, но досега не бил пријавен во надлежните институции.

Шефицата на Основното јавно обвинителство куманово, Теута Бедиу – Рамадани, изјави дека веднаш по објавувањето на снимката е отворен предмет и се постапува по итна постапка. Според неа, едната инволвирана е полнолетна, додека другите две се малолетнички.

Од свр куманово потврдија дека интензивно работат на случајот и најавија дека по завршување на проверките ќе соопштат повеќе детали.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Емиратите го обвинија Иран за напад врз два танкера во Ормутскиот теснец при што загина едно лице

Емиратите вчера го обвинија Иран за напад врз два танкера во Ормутскиот теснец  при што загина едно лице, а осум беа ранети.

Емиратите го обвинија Иран за напад врз два танкера во Ормутскиот теснец  при што загина едно лице

Трамп најави дека САД ќе воведат царина од 20% како дел од новата блокада на водниот пат.

Американскиот претседател рече дека тие го напаѓаат Иран „многу силно“. Нападите беа извршени трета ноќ по ред, во услови на ескалација на нападите меѓу двете земји. Иранскиот министер за надворешни работи одговори на најавата за блокада велејќи дека Техеран ќе остане „чувар“ на протокот .

Спорот околу контролата врз Ормутскиот теснец се заканува да ги попречи напорите за завршување на војната иако Трамп инсистираше дека договор е сè уште можен.

Со зголемувањето на тензиите околу меѓународниот воден пат, Обединетите Арапски Емирати синоќа соопштија дека иранските крстосувачки ракети погодиле два национални танкери, при што загинал еден индиски член на екипажот и ранети се осум други, од кои четворица се во сериозна состојба.

Денеска цените на нафтата се зголемија на азиската берза цената на суровата нафта „Брент“ порасна за 0,7% на 83,87 долари за барел, додека цената на нафтата што се тргува на американскиот пазар беше за 0,9% повисока на 79,04 долари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер